Недела беше Цветници т.е. влегувањето на Исус Христос во Ерусалим на бело осле-магаренце, со што се исполнило старозаветното пророштво дека Царот скромно ќе влезе во градот. Најмногу му се израдувале децата кои мавтале од среќа со палмини гранки на тој начин поздравувајќи го, бидејќи тие биле првите кои инстинктивно ја препознале божествената природа на Исус. Петок е распнат на крст, а на тој настан биле присутни Богородица, апостолот Јован, Марија Магдалена, Лонгин - римски легионер кој прв поверувал во него, инаку го прободел со своето копје во десната слабина, а крвта која течела од неговите рани, кои во модерно време се викаат и стигми, ги обоила во црвено камењата во подножјето на крстот, оттука симболично и се вапсуваат јајцата во црвена боја за Велигден.
Инаку меѓу последните зборови на крстот му биле "Eli, Eli, Lama Sabachthani?" на арамејски јазик или „Боже, зошто ме напушти/заборави?, ова го има во голем број на филмови за него. Називот „Голгота“ означува рид на черепите, а во Византија во подножјето на крстот се слика черепот на Адам на кој паѓа Христовата крв и со тоа симболично се затвара кругот на предокот и потомокот. Од левата и десната страна од него на непотполн (T) крст се распанти Дизмас и Гестос, криминалците од кои едниот поверувал во Исус, кој за возврат нему му ветил дека тој ќе биде првиот меѓу праведниците во Рајот, додека пак другиот не му верувал и го исмевал. Праведниот разбојник во рамки на сцената во византиската иконографија Распетие секогаш се слика на левата (рајска), а неправедниот на десната (пеколна) страна.
Три дена требало Христос да воскресне, што се случило во недела, најпрво ѝ се јавил на Марија Магдалена, а потоа и на апостолите на Тиверијатското Езеро во Галилеја, за на крај на четиресеттиот ден да се вознесе на небото, повторно во присуство на дванаесетте апостоли и Богородица. Педесетница или Пасха (Passover), пак, се случува во Стариот Завет кога за да ги заштитат првородените машки еврејски деца, кои би ги убила последната од десетте старозаветни чуми во Египет, се мачкале со јагнешка крв надвратниците на куќите, по налог на самиот Мојсеј.