А ангелот им рече: „Не бојте се! Еве, ви соопштувам голема радост, која ќе биде за сите луѓе;
зашто денеска ви се роди во градот Давидов Спасител, Кој е Христос Господ;
и еве ви знак: ќе најдете повиен Младенец, како лежи во јасли.”
И одеднаш со ангелот се јави многубројно небесно воинство, кое Го славеше Бога, велејќи:
Слава на Бога во висините, а на земјата +мир и меѓу луѓето добра волја!

Христос се роди!