Телеком ADSL и OPTIC интернет - генерална дискусија (новости, прашања, проблеми)

  • Креатор на темата vmx
  • Време на започнување
Член од
19 декември 2017
Мислења
4
Поени од реакции
0
Сигурно 5-6 години игра не сум изиграл на компјутер. Туку колкав е пингот најчесто кај овие пакети?
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.596
Поени од реакции
11.770
Сигурно 5-6 години игра не сум изиграл на компјутер. Туку колкав е пингот најчесто кај овие пакети?
Знаеш што е тоа пинг, така ?

Пинг е стапка на задоцнување на сигналот, и се мери во милисекунди.

Со оглед на фактот дека 1 секунда = 1000 милисекунди, пинг од 30 до 50 милисекунди е значително ниска стапка на задоцнување на сигналот - за луѓето кои не се залетани по видео игри, иако и јас имам играно со пинг од над 100 милисекунди, но тоа е поради слабите сервери на кои сум играл, а не поради мојот Интернет, па сепак тоа воопшто не ми пречело во играта

И најважно од се`, пингот не е најчест кај вакви или кај онакви пакети, туку зависи од техничката состојба, односно од јачината на сигналот, а не од тоа дали користиш поевтин или послаб пакет, ако сигналот е тапа, и најскапиот пакет ќе биде со висок пинг.
 
Член од
19 декември 2017
Мислења
4
Поени од реакции
0
Јасно ми е мене што е пинг и каде прави разлика. Само сакав да знам колкав пинг имаат корисниците на Телеком кои живеат во урбани средини.
 
Член од
27 декември 2008
Мислења
1.547
Поени од реакции
703
Јасно ми е мене што е пинг и каде прави разлика. Само сакав да знам колкав пинг имаат корисниците на Телеком кои живеат во урбани средини.
Еве повели Магенда 1 2015 1,3 км од Централата во Чаир до кај мене дома Скопје-Север
kajgana2.png
 
Skorp

That guy...
Член од
30 јуни 2010
Мислења
1.174
Поени од реакции
2.113
Пингот со Скопје нормално дека ке биде низок. Ако ти е за гејмање... најди ги IP адресите на серверите и замоли некој со оптика да ги пинга или со спидтест да пинга во градот кај што се серверите.
 
T

Trajce Vasilev

Гостин
Еве дома кај мене од кабли не се поминува.Издиригирав тоа што требаше а другото се ке си дојде по ред.Последно нешто што ке ви пратам е Speed Test-от да видите и после тоа ништо друго(Освен ако не испадне некој проблем па да пратам недајбоже...)Иначе фала ви за сите за големите совети,да не бевте вие, форумов и тој муштеријата од техничка до сега ништо од ова немаше да се реализира.Фала ви уште еднаш.
 
T

Trajce Vasilev

Гостин
Еве конечно се заврши.Дојдоа,бушеа,работеа и незнам уште што не.Ги прашав триста работи.Си заминаа.Ги наместив каблите на згодно место и таа малата кутија каде што ги дели двата оптички кабли и таа ја залепив.Го наместив рутерот да одговара како што треба,потоа од компјутер го наштелував.Брзините засега ми се како на бакар но преку оптички кабел и пингот ми е 0.Татко ми ке му се јави на тој човекот и он од таму ке не смени на 50/50.Сега засега сум задоволен,се е како што треба...пингот ме изненади највеќе.Е сега ке треба да исчистам тоа сето ѓубривото што го направија техничарите кога бушеа.И тоа е тоа, моментално е океј а после ке пратам спид тест кога ке ме стават на 50/50.
 
Член од
1 мај 2012
Мислења
153
Поени од реакции
74
Денес бев во Телеком салонот да прашам до кај сум дојден со приклучокот за Магента и ми рекоа да го вратам рутерот speed port бидејќи ќе ме поврзат со оптички приклучок и дека монтерите ќе донесат друг уред. Инаку вакви орманчиња кој ги гледав во постовите предходно, стои точно пред мојава зграда. Сега чекам во понеделник да видам што ќе се случи. Дали некој знае повеќе детали околу приклучокот? Мене дома веќе ми е поставена лан инсталацијата за сите уреди, останува сам приклучокот однадвор. Инаку каде ја ,,лепат'' оптиката, надворешно или го носат кабелот внатре, па продолжуват со инсталација. Поздрав

Sent from my FRD-L09 using Tapatalk
 
По правило кога ќе го пуштат оптичкиот телекомуникациски приклучок кај крајниот корисник, екипата која ќе го пушти приклучокот го зема стариот рутер, или пред да заминат ќе му стават до знаење корисникот дека треба да го врати во салонот на Македонски Телеком.

Инаку, во станбените згради оптичките кабли ги пуштаат од внатре, односно од заедничкиот ходник каде што се наоѓа најблиското сандаче со оптички разделник, до домот на крајниот корисник.

Вообичаено има потреба од бушење со хилта, закачување на кабелот на ѕидот со ѕидна хефталка или со шелни, бидејќи да се остави кабелот да поминува на земја е ризично бидејќи оптичките кабли речиси воопшто не се толерантни на физички притисок и товар, по што се поврзува рутерот со оптичкиот кабел и тука завршува работата во домот на корисникот.

Лепењето на оптичкиот кабел се врши надвор од домот на корисникот, поточно кај најблиското сандаче со оптички разделник, и во ормарот со оптички разделници во подрумот или пред влезот на станбената зграда, или во близина на зградата, доколку станува збор за помала зграда.
 
Според тоа што го читам, најверојатно ќе лепат во сандачето од пред зграда, во холот во мојата зграда нема пуштена никаква телекомуникациска инсталација (се работи за мн стара зграда само со три стана) и потоа надворешно ќе пристапат кај мене. Во секој случај и ќе сугерирам да го изведат на овој начин, бидејќи има овозможено непречен пристап со сопствено направени канали за инсталации од ваков тип.

Sent from my FRD-L09 using Tapatalk
 
Член од
1 мај 2012
Мислења
153
Поени од реакции
74
10 од 10 за телеком! Како што рекоа, така и направија. Денес за експресно брзо време и професионално ја монтираа опремата. Поврзувањето го изведоа на начинот кој го посочив погоре. Сега останува да видиме како се тоа ќе функционира... мислам дека најголемиот и најчестиот проблем кој се јавува кај нив (монтажа и сл.) помина безпрекорно. Останува да уживаме... :)

Sent from my FRD-L09 using Tapatalk
 
Kajgana Shop

На врв Bottom