Знаеш што е тоа пинг, така ?Сигурно 5-6 години игра не сум изиграл на компјутер. Туку колкав е пингот најчесто кај овие пакети?
Na optika si?Еве повели Магенда 1 2015 1,3 км од Централата во Чаир до кај мене дома Скопје-Север
Прегледај го приврзокот 182074
Да на оптика сум ,преку WIFI ,Huawei рутер кој Телеком го дава на користењеNa optika si?
Najubavo javi se na 122 vo Kontakt Centar na Telekom i oni ke ti kazat.Decki, kako da proveram dali ima pokrienost na opticki internet na moja adresa?
По правило кога ќе го пуштат оптичкиот телекомуникациски приклучок кај крајниот корисник, екипата која ќе го пушти приклучокот го зема стариот рутер, или пред да заминат ќе му стават до знаење корисникот дека треба да го врати во салонот на Македонски Телеком.Денес бев во Телеком салонот да прашам до кај сум дојден со приклучокот за Магента и ми рекоа да го вратам рутерот speed port бидејќи ќе ме поврзат со оптички приклучок и дека монтерите ќе донесат друг уред. Инаку вакви орманчиња кој ги гледав во постовите предходно, стои точно пред мојава зграда. Сега чекам во понеделник да видам што ќе се случи. Дали некој знае повеќе детали околу приклучокот? Мене дома веќе ми е поставена лан инсталацијата за сите уреди, останува сам приклучокот однадвор. Инаку каде ја ,,лепат'' оптиката, надворешно или го носат кабелот внатре, па продолжуват со инсталација. Поздрав
Sent from my FRD-L09 using Tapatalk
Според тоа што го читам, најверојатно ќе лепат во сандачето од пред зграда, во холот во мојата зграда нема пуштена никаква телекомуникациска инсталација (се работи за мн стара зграда само со три стана) и потоа надворешно ќе пристапат кај мене. Во секој случај и ќе сугерирам да го изведат на овој начин, бидејќи има овозможено непречен пристап со сопствено направени канали за инсталации од ваков тип.По правило кога ќе го пуштат оптичкиот телекомуникациски приклучок кај крајниот корисник, екипата која ќе го пушти приклучокот го зема стариот рутер, или пред да заминат ќе му стават до знаење корисникот дека треба да го врати во салонот на Македонски Телеком.
Инаку, во станбените згради оптичките кабли ги пуштаат од внатре, односно од заедничкиот ходник каде што се наоѓа најблиското сандаче со оптички разделник, до домот на крајниот корисник.
Вообичаено има потреба од бушење со хилта, закачување на кабелот на ѕидот со ѕидна хефталка или со шелни, бидејќи да се остави кабелот да поминува на земја е ризично бидејќи оптичките кабли речиси воопшто не се толерантни на физички притисок и товар, по што се поврзува рутерот со оптичкиот кабел и тука завршува работата во домот на корисникот.
Лепењето на оптичкиот кабел се врши надвор од домот на корисникот, поточно кај најблиското сандаче со оптички разделник, и во ормарот со оптички разделници во подрумот или пред влезот на станбената зграда, или во близина на зградата, доколку станува збор за помала зграда.