Телеком ADSL и OPTIC интернет - генерална дискусија (новости, прашања, проблеми)

  • Креатор на темата vmx
  • Време на започнување
Член од
24 април 2008
Мислења
10.500
Поени од реакции
11.566
Добри вести:
Сабаље татко ми се јави на тој човекот од техничка и ни кажа дека не вовел таму(баш не сватив али ваљда не има стаено на листата за приклучок кон оптичката мрежа на Телеком)и да му се јави татко ми пак да се договорат(или он ке се јави)али важно е дека човекот ке ни заврши работа и најдоцна до крајот на овој месец сигурно ке бидам поврзан на оптичката мрежа од Телеком.Пакетот ке биде 50/50 за почеток а после ке видиме.
Пакетот со 50 мегабита (6.25 мегабајти) во секунда симетрични Интернет брзини, е пакетот Internet L.

Тој познаник или пријател на твоите родители кој работи во Македонски Телеком сигурно пуштил налог за одобрување на техничка можност за поврзување на нов корисник, односно за миграција на постоечки корисник од бакарната телекомуникациска мрежа кон оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком.

Ако твоите треба да му се јават на познаникот/пријателот во Македонски Телеком, тоа би требало да биде за да се договорат кога да дојде човекот лично или кога да прати техничка екипа за да го пушти оптичкото влакно и за да ја поврзе опремата за оптички Интернет.
 
T

Trajce Vasilev

Гостин
Пакетот со 50 мегабита (6.25 мегабајти) во секунда симетрични Интернет брзини, е пакетот Internet L.

Тој познаник или пријател на твоите родители кој работи во Македонски Телеком сигурно пуштил налог за одобрување на техничка можност за поврзување на нов корисник, односно за миграција на постоечки корисник од бакарната телекомуникациска мрежа кон оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком.

Ако твоите треба да му се јават на познаникот/пријателот во Македонски Телеком, тоа би требало да биде за да се договорат кога да дојде човекот лично или кога да прати техничка екипа за да го пушти оптичкото влакно и за да ја поврзе опремата за оптички Интернет.
Пуштањето на оптичкото влакно и поврзувањето на опремата,се тоа се прави во еден ист ден и го прави истата еќипа?
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.500
Поени од реакции
11.566
Пуштањето на оптичкото влакно и поврзувањето на опремата,се тоа се прави во еден ист ден и го прави истата еќипа?
Не, туку прво го пуштаат оптичкото влакно од најблиското сандаче до крајниот корисник, а потоа ја влечкаат опремата на полжави од Кина до крајниот корисник.

Приземји се дете, и почни да размислуваш пред да поставиш прашање. :tapp:
 
Член од
24 мај 2010
Мислења
2.048
Поени од реакции
4.640
LOL, 2 до 3 недели им требаа да ми дојдат дома, да наместат рутер и други тракатанци, после местење на оптички кабел во влез и два спрата пред 2-3 год. Исто со "финта" пред 4+ год. му понудија на татко ми (појма нема од оптики, GBps, Mbps...) продолжување на договор од 2 години заради миграција од бакар во оптика. Само што зградава не беше ни поврзана на оптички кабел.

Sent from my Redmi Note 3 using Tapatalk
 
Последно уредено:
Член од
27 декември 2008
Мислења
1.536
Поени од реакции
695
Не, туку прво го пуштаат оптичкото влакно од најблиското сандаче до крајниот корисник, а потоа ја влечкаат опремата на полжави од Кина до крајниот корисник.

Приземји се дете, и почни да размислуваш пред да поставиш прашање. :tapp:
Кај мене кога монтираа оптика пред 4-5 години првин дојде една екипа од некој нивни подизведувач која го пушти оптичкото влакно од сандучето до местото каде што мислев да го поставам рутерот ,после неколку часа дојде друга екипа од Телеком со рутерот и уредот ,можеби сега се е сменето
 
T

Trajce Vasilev

Гостин
LOL, 2 до 3 недели им требаа да ми дојдат дома, да наместат рутер и други тракатанци, после местење на оптички кабел во влез и два спрата пред 2-3 год. Исто со "финта" пред 4+ год. му понудија на татко ми (појма нема од оптики, GBps, Mbps...) продолжување на договор од 2 години заради миграција од бакар во оптика. Само што зградава не беше ни поврзана на оптички кабел.

Sent from my Redmi Note 3 using Tapatalk
Ех,ја кога викав дека Телеком се преваранти...барем за мојот случај.[DOUBLEPOST=1512323660][/DOUBLEPOST]Еве искрено ке ви го споделам моето искуство со Телеком во последново време:
За Телефонија(Мобилен интернет, телефони,тарифи за телефони,повици, достапност на мрежа,итн...) се закон.10/10.Веќе 10 години и повише сме на Телеком (поранешен Т-мобиле)и нема за што да се пожалам.Цените се тука така.
За Интернет(Лично)ич не ги бива.Едино што нудат се три врсти на интернет:ADSL,VDSL,Fiber Optic,а немаат коаксијални кабли за разлика од Вип.Интернетот на ADSL им е буквално спор а цените се високи.Сервисот за интернет им е океј.За местење на ADSL се во ред.За приклучување на VDSL искрено незнам.Брзините на VDSL и Fibre Optics се океј,зависи за кој пакет.За местење се многу лоши,се влечкаат и многу заебаваат.Еве мене 8 месеци ме дриблаат прават будала од мене демек немало оптички интернет а самите ангажирани од Телеком што дојдоа да местат кажаа дека има.Се на се за интернет не ги бива,не би ги препорачал бидејки и самите гледате што се дешава со мојава работа со Телеком.Ако во опште отидете на интернет од Телеком не се знае дали ке го добиете тоа што го сакате.Можеби ке ве услужат добро,но можеби и не.Па јас подобро ако треба и на коаксијален интернет од Телекабел ке се префрлам,па барем крај краишта ке имам 10,20,30 mb/s побрз интернет од овој бакарниот,ма ако сака нека паѓа интернетот што ми е гајле,па исто така и без обврзувачки договор работат[Не дека стварно би се префрлил].Најарно би ви препорачал за Телефонија да идете на Телеком но за интернет подобро Телекабел,Вип или Неотел.Со нив ке платите за пола од тоа што го нуди Телеком,ке добиете повеќе и побрзо ке ве услужат.Крајна оценка за интернет: 3/10
Од Телеком не секогаш очекувајте да го добиете она што го посакувате.Крајна оценка за Телеком: 5/10
 
Последно уредено од модератор:

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.574
Дали и некој друг во реонот Карпош 1-2 или Дебар Маало има проблеми со оптичкиот интернет? Последниве денови е ужас спор, особено македонските сајтови многу споро ми ги отвара.
 
T

Trajce Vasilev

Гостин
Еве пошто никој нејќеше јас сам средив.Онака после нерешена утакмица седнавме кај нас во кафич и пошто тој беше поврзан на оптичката мрежа од Телеком одлучив да направам Speed Test на мојот Телефон (Samsung Galaxy J7 2016)и резултатите беа како и очекувано.Сега овие брзини и оние на компјутер не се исти, нормално дека на компјутер ке тера до максимум,а на Телефони послабо бидејки не сите Телефони се со Dual Band Wi-Fi технологија (Освен кај Galaxy Note 8 каде што брзините одат до 100 мегабити во секунда,и повеќе) 20171207_233516.png
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.500
Поени од реакции
11.566
Еве пошто никој нејќеше јас сам средив.Онака после нерешена утакмица седнавме кај нас во кафич и пошто тој беше поврзан на оптичката мрежа од Телеком одлучив да направам Speed Test на мојот Телефон (Samsung Galaxy J7 2016)и резултатите беа како и очекувано.Сега овие брзини и оние на компјутер не се исти, нормално дека на компјутер ке тера до максимум,а на Телефони послабо бидејки не сите Телефони се со Dual Band Wi-Fi технологија (Освен кај Galaxy Note 8 каде што брзините одат до 100 мегабити во секунда,и повеќе)Прегледај го приврзокот 181420
Што среди бре дете ?

Ни Интернет ни ништо не те опаметува, доста објавуваш за Интернетот на комшиите.
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.846
Дали ќе има оптички интернет во Тафталиџе, во реонот на Веро?
Најава нешто да сте слушнале...?
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.500
Поени од реакции
11.566
Дали ќе има оптички интернет во Тафталиџе, во реонот на Веро?
Најава нешто да сте слушнале...?
Тафталиџе спаѓа во реон Карпош, а таму сите урбани населби се поврзани со оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком.

Еве ормар со оптички разделници кај Педагошки Факултет, што потврдува дека таа локација е поврзана со оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком.

https://www.google.com/maps/@41.9999483,21.4043561,3a,16.9y,62.13h,83.25t/data=!3m6!1e1!3m4!1sd1JRdsADe4tT85qHYz7ZlQ!2e0!7i13312!8i6656

Знам дека другата страна на булевар 8-ми Септември е поврзана со оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком, а овој ормар со оптички разделници кај Педагошки Факултет говори дека несомнено и таа страна е поврзана со оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком.

Но сликите на Гугл Стрит Вју се стари - од 2014 година, поради што сигурно реалната слика на терен значително се изменила изминативе 3 и повеќе години.

Доколку живееш во куќа, треба да видиш дали има таков ормар со оптички разделници на улицата на која живееш или на некоја од соседните улици, бидејќи вообичаено ако бројот на куќи е мал, повеќе улици се поврзани на еден ист ормар со оптички разделници.

Доколку живееш во стан, тогаш одговорот е повеќе од едноставен - провери дали низ катовите во станбената зграда има сандачиња од Македонски Телеком и дали пред влезот на зградата или во подрумот или гаражата на зградата има ормар со оптички разделници.

Бидејќи добар дел од зградите кај Веро во Тафталиџе се понови, можно е ормарите со оптички разделници да се во подрумите или во гаражите - доколку зградата има подземна гаража, се разбира. Од другата страна на булевар 8-ми Септември, во Гранд Престиж ормарот со оптичките разделници е во подрумот, но и во таков објект има луѓе кои се нерасположени или премногу расположени, па така еднаш ормарот го најдов откорнат, чудо е како каблите не беа скинати.
 
Последно уредено:

Skorp

That guy...
Член од
30 јуни 2010
Мислења
1.173
Поени од реакции
2.112
Некој што гејма на оптика да сподели искуство? Пинг, rubber-banding, стабилност?
 
Член од
5 август 2009
Мислења
1.295
Поени од реакции
484
sto da vidime M paketot na mobilna 999 go napravile so 15 gb,data
ee sto ti pravi monopolot ...
Тоа и не е така страшно, погледни го моментот по трошење на одобрениот сообраќај нема намалување на брзина туку доплата :) Е тоа ќе биде колење :)
 
Член од
12 ноември 2008
Мислења
2.302
Поени од реакции
1.775
Ми го сменаја рутерот после дооолго користење на AVM 503W Speedportot. Сега имам ZTE Speedport Entry 2i, за 24 сати работење забележав некој убај и некој не толку убај страни. Убајте се: лесна конфигурација на порти и DDNS сервер, навигација низ менито, убав сигнал (сепак е стан во прашање, дур и в ќенеф имат саглам сигнал :D), неубајте страни: не мојш да видиш во рутер пропуштени повици, немат можност да блокираш телефонски бројој, местење аларм. Ова е засега, за VDSL сум малце далеку, 1624 метри, дечкото шо го местеше ми рече дека ќе местеле некакви ормари кој ќе служеле за појачување/еквилајзирање/дотервење на сигналот, за да имат можност префрлање на VDSL во блиска иднина. Ево некоја слика од менито на уредот за интегриран пристап :D





 
T

Trajce Vasilev

Гостин
Нови вести:
Дојде тој човекот кај нас во дуќан и очекуваше дека веке сме поврзани на оптика,но кога му кажавме тој се зачуди и рече:
Зарем не ви стигна некое писмо...
Ние одговоривме не
Потоа он одма се јави на шефот и збореше нешто,спомна некоја Ана,збореа и во еден момент го праша дали е пред компјутер.Шефот му кажа не а он му одговори дека во понеделник ке виделе.Потоа он ни кажа дека во Понеделник ке ни среди и си замина.Јас си реков дајбоже да ни среди и ова да биде крајот,а татко ми уверен кажа уживај ти јас знам дека ке среди...
Дајбоже да е така...
п.с некој нека сподели искуство на оптика од Телеком за брзина од 50/50.Еве јас одам во семос одамна и брзините одат до 800 мегабити во секунда дури и повеќе (сега зависи колку компјутери работат...)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom