Тотално те сфаќам али едно ме буни.Еве ја што сум на Оптика како ке може да поврзам втор рутер? Дали ке треба ново оптичко влакно да се пушти или преку една од четирите лан порти или???
За почеток треба да земеш во предвид зошто воопшто ќе ти треба втор рутер - за појак безжичен Интернет или за жично поврзување со мрежни кабли на повеќе компјутери ?
За појак безжичен пристап ќе ти заврши работа втор рутер, а за жично поврзување со мрежни кабли на повеќе компјутери ќе ти заврши работа свич со 6 или 8 или повеќе мрежни порти, а ако ти треба за само 4 компјутери, тогаш и втор рутер би ти завршил работа.
Шемата на поврзување на рутерот од Македонски Телеком со вториот рутер кој си го купил е едноставна - преку мрежен кабел ја поврзуваш WAN или Internet портата на вториот рутер кој си го купил, со една од 4-те мрежни порти од рутерот кој ти го дале на користење од Македонски Телеком - по можност првата или втората мрежна порта, бидејќи тие секогаш се наменети за Интернет, додека третата и четвртата порта вообичаено се резервирани за MaxTV - без разлика дали воопшто (ќе) користиш MaxTV или не.
Ако веќе имаш MaxTV, па планираш да го прошириш телевизискиот пристап на трет, четврт, петти телевизор итн; или планираш допрва да ставаш MaxTV на повеќе од 2 телевизора, тогаш од Македонски Телеком ќе ти донесат IPTV рисивери и свич за нивно поврзување со рутерот, а ако не сакаш да ти влечкаат мрежни кабли низ домот, подобро би ти завршиле работа безжични засилувачи на сигналот како овој во Логинг Електроникс.
http://www.loging.mk/1926/191066/0/ShowProduct/Ekstender_za_WiFi_signal
Ќе го поврзеш IPTV рисиверот преку мрежен кабел со ваков безжичен адаптер, така што претходно ќе го конфигурираш адаптерот да се поврзува безжично со рутерот кој ти го имаат дадено на користење од Македонски Телеком.
Безжичниот адаптер ќе ти отепа две муви со еден удар - од една страна ќе го засили безжичниот Интернет сигнал од рутерот, а од друга страна нема да мораш да влечкаш мрежен кабел од IPTV рисиверот до рутерот, туку само до безжичниот адаптер.
За местоположбата на безжичниот адаптер ќе мораш да внимаваш, мора да биде исправен вертикално, односно да не лежи на продолжен кабел во хоризонтална положба на подот, и препорачливо е да е вклучен вертикално во штек на висина од 100 до 150 сантиметри за подобро да го превземе безжичниот сигнал од рутерот кој ти го имаат дадено на користење од Македонски Телеком.
Бидејќи безжичниот адаптер од една страна ќе го прима и ќе го ре-дистрибуира безжичниот Интернет сигнал од рутерот кој ти го имаат дадено на користење од Македонски Телеком, а од друга страна IPTV рисиверот ќе биде поврзан преку мрежен кабел со безжичниот адаптер, IPTV рисиверот ќе мисли дека е поврзан жично - бидејќи навистина е поврзан преку мрежен кабел, а истовремено преку безжичниот адаптер ќе го прима Интернет сигналот од Македонски Телеком, а со него и IPTV сигналот и IPTV услугите.