Телеком ADSL и OPTIC интернет - генерална дискусија (новости, прашања, проблеми)

  • Креатор на темата vmx
  • Време на започнување
Член од
27 декември 2008
Мислења
1.635
Поени од реакции
786
Kolku vreme pred istekot na dogovorot moze da se obnovi i da se zeme ured bez da se izgubi ili namali budzetot? (Magenta 1)
6 месеци можеш да го обновиш пред истекот но мора да поминат 2 години за да не ти се намали буџетот и еден ден да е пред истекот ќе ти го намалат соодеветно за тој ден
 
Apple

It's good to be good
Член од
11 октомври 2009
Мислења
3.094
Поени од реакции
1.372
Дали Телеком има некакви Магента пакети со интернет и мобилен комбинација?
 
Член од
21 ноември 2011
Мислења
1.540
Поени од реакции
901
Последно уредено:
Член од
1 декември 2020
Мислења
17
Поени од реакции
1
Договорот за магента 1 со фамилијарен буџет ми истекуваше и го обновив мартот. Буџетот не го искористив тогаш и дали доколку го искористам и земам уред сега, уредот ќе биде на 20 рати (до март 2026) наместо 24, или ќе биде пак 24 рати без разлика кога се обновува договорот?
 
Член од
24 октомври 2021
Мислења
1.131
Поени од реакции
778

ako e na 24 rati, ke bide na 24, mislam deka imas maksimum 90 dena za iskoristuvanje, posle propagja
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
15.797
Поени од реакции
8.218
А за што ќе им подводен оптички кабел?

Абе дајте оптика ширете по градовиве и општиниве кај што немаат луѓе. Остај тоа подводен оптички кабел.
 
Член од
21 ноември 2011
Мислења
1.540
Поени од реакции
901
Пола држава па и повеќе на адсл е, тие подводен оптички кабел пуштаат ахаха
 
Член од
7 април 2015
Мислења
2.792
Поени од реакции
1.703
Пола држава па и повеќе на адсл е, тие подводен оптички кабел пуштаат ахаха
Тоа е повеќе за Албанските села во тој регион. Сигурно нема на Истокот да пуштаат.
 
Член од
9 јануари 2021
Мислења
995
Поени од реакции
1.022
А за што ќе им подводен оптички кабел?

Абе дајте оптика ширете по градовиве и општиниве кај што немаат луѓе. Остај тоа подводен оптички кабел.
По градовите можете пак да поднесете барање и во згради што сте луѓе барајте оптика да ви пуштат, незнам што седите така со рацете скрстени. Име и презиме, број на лична карта, потписи и од зградата имотен лист и право во Телеком да им барате оптика, ако не одете на друг оператор што има оптика. Еве преку Макс платформата имате и спорт.
Тоа е повеќе за Албанските села во тој регион. Сигурно нема на Истокот да пуштаат.
Македонските села нека чекаат, и така се навикнати цел живот да рмбаат за државава и се да плаќаат, албанците се најбенифицирани (овде спаѓаат повеќе албански села блиску, кај нас овде Пелагонија во такви нема оптика). Телеком наместо да вадат оптика од централните што им се поставени и да ги покријат околините села и моето со оптика, кај мене в село има ВДСЛ (инает водат дека нема на чат, ама во салон два пати ми кажаа дека има), а другите села дремат на максимум 15/1 Mbps.
И поради лошиот систем се иселуваат кој кај ќе стаса и после немало корисници, епа има ама пак под 2 милиони население сме.
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
15.797
Поени од реакции
8.218
По градовите можете пак да поднесете барање и во згради што сте луѓе барајте оптика да ви пуштат, незнам што седите така со рацете скрстени. Име и презиме, број на лична карта, потписи и од зградата имотен лист и право во Телеком да им барате оптика, ако не одете на друг оператор што има оптика. Еве преку Макс платформата имате и спорт.
Во некој згради стари живеат и доста стари луѓе и со нив не можат да се разберат, не разбираат што е оптика. Ќе ти речат ај па сега ќе копаат, глупости, имаме интернет и овој ни е добар.
 
Член од
21 ноември 2011
Мислења
1.540
Поени од реакции
901
По градовите можете пак да поднесете барање и во згради што сте луѓе барајте оптика да ви пуштат, незнам што седите така со рацете скрстени. Име и презиме, број на лична карта, потписи и од зградата имотен лист и право во Телеком да им барате оптика, ако не одете на друг оператор што има оптика. Еве преку Макс платформата имате и спорт.

Македонските села нека чекаат, и така се навикнати цел живот да рмбаат за државава и се да плаќаат, албанците се најбенифицирани (овде спаѓаат повеќе албански села блиску, кај нас овде Пелагонија во такви нема оптика). Телеком наместо да вадат оптика од централните што им се поставени и да ги покријат околините села и моето со оптика, кај мене в село има ВДСЛ (инает водат дека нема на чат, ама во салон два пати ми кажаа дека има), а другите села дремат на максимум 15/1 Mbps.
И поради лошиот систем се иселуваат кој кај ќе стаса и после немало корисници, епа има ама пак под 2 милиони население сме.
Во Струга не функционира тој систем собери Пописи од зграда и оп оптика...ако нема план за оптика таа и таа улица..ништо од бизнисот. Плус пример јас сум на 900м од пошта т.е цела моја улица и вдсл е максимум што може да се добие.
 
Член од
24 октомври 2021
Мислења
1.131
Поени од реакции
778
Telekom ako saka uste sega ke ponudi fiksen net preku 5G za site sto imaat optika. Vetuvaa deka ke ima ama duopolot si go pravi svoeto, nema dvizenje na pazarot
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
10.285
Поени од реакции
15.426
:aplauz:

Ми треба човечки глас, поема за проблемите на граѓаните со Македонски Телеком
Ми треба човек и човечки глас да ми ги реши проблемите, се вели во апелот поема за проблемите на илјадници граѓани кои не можат да стапат во контакт со Македонски Телеком кога имаат проблеми да ги решат техничките проблеми.

Поетот Дарко Лешоски на менаџментот на Македонски Телеком му објаснува дека на огромниот профит што го прават не е прифатливо граѓаните кои не се технички потковани да не можат да се јават на вистински човек и да го решат проблемот што го имаат.
Иако е неповрзан со најавите на вицепремиерот и министер за надворешни работи Александар Николовски кој најави трет мобилен оператор за да се урне дупополот на Телеком и МК апелот на Лешовски на најдобар начин покажува дека овој телекомуникациски оператор кој заработува огромни пари не ја врши добро својата функција.
,,Telekom MK не ми требаат ниту вашите бонуси, ниту погодности, ниту нови телефони, ниту банални попусти.
Кога имам технички проблем најчесто знам каков е и ми треба ЧОВЕК и глас човечки во вашата корисничка поддршка за да го решам.
Поддршка која ја имавте уште пред дваесет години, а сега на мое неверување гледам дека сте ја свеле на работно време пократко од маалски гранап: од 09-20 часот.
Сериозно?! Кој ви е генијалниот улижувач на кого му текна: Шефе вака ќе се уштеди многу – трпи овој народ ич да не се секираш?
Кој е тој со оваа генијална идеја”, прашува поетот укажувајќи дека граѓаните имаат право да добијат реална поддршка 24 часа во денот.
,,Мобилната апликацијата ви е како пазар од Кина со непотребни банални реклами и навредувачки несериозна себепромоција, како вежба за фронт енд почетник како не треба да изгледа една апликација за ваква компанија.
Од кого сте подобри од А1? Тешка работа од кого сте биле подобри!
Сметките за услуги ви се едни од поскапите во Европа во однос на стандардот. Профитот не сакам ни да ви го помислам (профитот на Ајфони ви е толку безобразен што дури и за Стив Џобс покојни сте скапи, а камо за просечен македонски родител кој не може да и објасни на својата средношколка да је лепа и без Ајфон 19 ка и “поефтино” му е да и го купи… а кој уствари не е ни пола од вашата цена!)
Би сакал да сте свесни и да не ги понижувате ниту помладите македонски ваши лојални корисници кои ве чувале и кога конкуренцијата ваша била поефтина од вас, а е речиси стално последниве 15 години.
Да знаете дека ИТ кадарот од Македонија е еден од поценетите и пописмените во светски рамки.
Да сте свесни дека сегашната средовечна генерација имавме овде ВиФи кога немавте ни во вашата матична земја – Германија и точно знаеме што значи и брзина и широкодостапност.
Реците тамо у Немачкој да није ово Етиопија!
Да не ни го понижувате ниту нашето постаро население кое едвај пари од банкомат научи да вади, а камо да се снајде со вашата, ионака лоша и непотребно бахата и “тешка” апликација после 20:00 часот, а чии деца се во различни временски зони и некогаш легнуваат и во 4 наутро за да си ги видат отсабајле таму децата и внучињата.
Иронични ви се во случајов рекламите каде поврзувате дедовци и баби со внучиња на видео повик, а им ја укинувате техничката поддршка после 20:00.
Сарказам да бидам поточен. Безобразлук.
И конечно, да се приберете со вашата лакомост за профит и да си ги реотворите работните места кои веројатно сте ги укинале за корисничка поддршка.
Мене ми треба ЧОВЕК и човечки глас да се разберам, а во моментов веројатно на некој прекрасен и писмен дечко или девојка им треба работа.
Со бивша почит, (за да ја има треба да ја вратите и заслужите пак, а искрено ви посакувам!)
Со бивша почит и желби за брз опоравак, ваш лојален корисник кој не планира да ве замени или да ви се заканува, ами ви дава бесплатен совет”, пишува Дарко Лешовски за непрофесионалниот однос на Македонски Телеком кон своите корисници.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom