Уште од самото воведување на новите пакети (почетокот на септември), на сите MaxADSL интернет страни беше комуницирано како може да се направи миграцијата (бесплатна и лесна процедура преку online каналот). Исто така се пратија емаил пораки до сите корисници како и информации на сите комуникациски средства (флаери, постери и слично) што можеа да се најдат во сите директни и индиректни продажни салони на МТ, како и огромен број на промоции во повеќето градови во МК. Хостесите што работеа на промоциите исто така даваа информација и за начинот на миграција.
Автоматско префрлање не е можно (а пред се' не би било коректно) бидејки станува збор за нови пакети со различни спецификации од претходните - не беа само цените намалени. Сигурно не би биле позадоволни доколку на МТ оставите сами да ве префрлат без ваше знаење и согласност а со тоа да се остави простор за грешки. На пр. вие сте корисник на (стариот) MaxADSL Hit пакетот (месечна претплата 825 ден со вклучен ДДВ) и без ваше знаење да ве префрлат на MaxADSL 100 пакетот (1651 ден со вклучен ДДВ) и со тоа наместо подобрени пакети со намалени цени, всушност да платите повисок износ.
Затоа останува на корисникот сам да си определи на кој пакет ќе се префрли а за да се олесни процедурата (да немора да се оди во салон и слично) се овозможи бесплатна (не дека треба да се плаќа за тоа) и лесна миграција преку
www.online.mt.com.mk.
Се надевам дека успеав да појаснам и дека и понатаму ќе продолжите да ги користите MaxADSL услугите.
Поздрав