Чуден проблем
Дечки, да не имате чаре за мојов проблем ?
Земав адсл од мтнет, варијантата со 360ката Р верзија на Длинк и уради сам принцип. 10 Гига, сосема доволно за мене пошто го користам само за викенди коа сум у државава.
Ми се јавува проблем при отварање на страни, значи има подолги паузи пред да се залауфа да отвори страна а се случува и да застане на пола страна и да не продужи да ја отвара. Исто така, јутуб клиповите најчесто ми се заглавуваат после некое време и не продужуваат со симињање. Испосменив 5-6 днс-и, тоа да не е проблемот ама јок. Пингот вика од 200-400мс у просек до 2-5% загуба на пакети у просек. Напоменувам дека се си е правилно инсталирано пошо и јас сум у бизнисов такашто не сум ортома па да не излезе некој со муабет „смени конектор на телефонот„.
Ај да видиме дали има абер да се реши ова или треба да се јавам у сапорт.
Поздрав,