Епа драги форумџии еве и официјално е по малку истражување , Т-Хоме прави throttle или bandwidth shaping на п2п протоколот. Слободно можете да се јавите и да си прашате. Може и ќе налетате на некој оператор кој што нема официјално да ви каже "да ние го правиме ова" но доколку читате меѓу редови ќе ви стане јасно.
Сета оваа работа е почната од кога се воведени пакетите со по 300гб наводно премногу луѓе ги искористувале СВОИТЕ платени 300гб бајти и тоа не му оди некому во прилог.
Како и да е не суредија.
Јас и понатаму останувам на моето мислење дека за парите што јас ги плаќам мое си е на кој начин или портокол одлучувам да ги трошам моите 300гб. Бидејќи не пишува никаде во договорот ниту во правилата дека тие СМЕАТ да ограничуваат п2п протокол или пак да го обликуваат во било кој начин, нема ни официјано да испаднат со таква изјава, да беше така верувам дека многу луѓе не би го склучиле истиот. Од друга страна пак тие се покриени дека ја испорачуваат минималната загарантирана брзина на овој или оној начин без разлика на протоколот кој корисникот го користи... знае тоа е онаа сива зона. Можеби има некоја легална постапка која што би се повела ( имаше случаи во САД со одредени провајдери) но обични корисници без никаква координација како нас не верувам дека индивиидуално би издејствувале нешто а и да се докаже дека они го прават или не го прават тоа е малку проблематично од очигледни причини. И не верувам дека исходот би бил многу во наша полза.
Минималната брзија која што тие треба да ја испорачаат тие е онаа минималната која што ја добивате во својот торент клиент. ака ~2мбс ова им е за да можат да се заштитат самите себеси од понатамошни можни правни постапки.
Така да време е за промена на провајдарот.
Еве ви една сликичка за позаинтересираните.. протоколот е sftp кој си тера без никаков проблем и ограничување и одма зад него п2п за компарација на брзината...
Исто на топик членот што пред некој пост кажа дека имал некој пријател што работи во тхоме ме интересира што ти пренесоа тебе?
Додека сме тука ме интересира
1).Дали Близоо или Телекабел имаат некоја оваква мерка применето?
2) Дали Близоо или Телекабел даваат ИП адреси кои се достапни од надвор без ограничување од самите провајдери ака порти, форвардирања итн.
Т.е дали е ист пристапот како и кај Т-Хоме. Оставено на корисникот да си среди што му треба на рутерот а што не? Или пак горе наведените два провајдери вршат некакво филтрирање на inbound / outbound сообраќај ?