Телеком ADSL и OPTIC интернет - генерална дискусија (новости, прашања, проблеми)

  • Креатор на темата vmx
  • Време на започнување
H

HITCH

Гостин
ако ти е спидпорт рутерот, зашо воопшто користиш додатен линксис рутер?
спидпортот си тера работа и како рутер...

p.s. некој да има проблеми со торентите? не мрда повеќе од 100кбпс..
Далеку послаб е спидпортот.
 
Член од
21 декември 2011
Мислења
100
Поени од реакции
143
Зависи што конекција плаќаш. Ако плаќаш за 50/50мбит тогаш не ... не е ако плаќаш за 25/20 тогаш може да се каже. Common Sense.

Ах да и штом немаш забелешки и не знаеш дали е добра или не, ваљда ти е и повеќе од доволно. No phun intended.
Плаќам за 50 Mbps / 50 Mbps
 
Член од
21 декември 2011
Мислења
100
Поени од реакции
143
Mислам дека со тој договор треба да имаш 50/50 брзина, што значи дека не. Јави се на 080012345, додека чекаш напиј се кафе :)
Работам во другата сестринска моб. комапнија :) така да нема шанси да се јавам и да чекам до сабајле да ми се јави некој, чисто ме интересираше мислење значи според вас ако е споро, тогаш од утре да се јавувам и да се барам чаре
 
Член од
7 јануари 2008
Мислења
5.366
Поени од реакции
804
Бидејки не се разбирам од брзини на интернет, би сакал мала консултација за оние што се разбираат од ова. Прашањето ми е дали е ова добра брзина? Барам помош за ова бидејки последниве 2-3 дена споро ми ги симнува торентите со брзина од 200 kB/s а гледам дека има доволно peers барем од толку се разбирам имам симнато многу торенти, до пред некој ден знаеше да оди и со 2MB/s а сега тапа па затоа дали ова доле добра брзина


Торентите и кај мене (како и кај многу други) заебаваат во последно време т.е. Т-Хоме нешто матат, но несакаат да признаат. Инаку, и јас го имам истиот пакет (3 макс оптик старт) и имам брзина од ~50Mb/s, торентите одат и до ~6MB/s така да дефинитивно нешто не е во ред со твојата брзина. Позамарај ги малку тие од техничка, би требало да се реши брзо, сепак се работи за оптика, неможат веќе да се вадат со работи како: стара е инфраструктурата, далеку сте од централата итн итн
 
Член од
15 јуни 2007
Мислења
70
Поени од реакции
20
Во последниве неколку месеци и кај мене (на две локации) има проблеми со торентите значи дефинитивно имаат почнато T-Home со регулација на сообраќајот. Јас успеав делумно да го решам проблемот со овозможување на оваа опција:
А доколку не ви стартува торентот тогаш десен клик и стоп на него, па после 10тина секунди старт. Почекајте едно 30 секунди и доколку не е почнат да се спушта, направете го истото повеќе пати додека не почне.

 
Член од
6 август 2009
Мислења
25
Поени од реакции
3
Јас на ова се жалев уште пред повеќе од месец дена (ќе да се скоро два), но и тогаш како и сега техничката поддршка на Телеком ми тврдеше дека нема никакви ограничувања. Денеска цел ден ми се влечеше торент со 50-250к (периодични се зголемуваше во текот на денот) се до 2:00 кога одеднаш почна да симнува со 5-6м (оптика, 60/60). Дечкото од Телеком ми рече дека моментално нема проблем а кога ќе приметам проблем најдобро да се јавам веднаш да можат да испитаат:pos:и ако треба да го пријават понатака :tapp: Жално е што не може никако да се контактира со повисоки инстанци во фирмата. Единствена опција покрај 080012345 е поднесување приговор во салон, но се знае како ќе заврши тој приговор. На прашањето дали ако се јавам од сабајле ќе можам да добијам некој претпоставен добив одговор „пробај“ :facepalm: АЕК не ни бега.
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.733
Поени од реакции
27.720
Јас успеав делумно да го решам проблемот со овозможување на оваа опција:
Protocol encryption: Forced
Што ти значи тоа делумно? Јас таа опција ја пробав уште веднаш кога го приметив проблемот, џабе.
 
Член од
15 јуни 2007
Мислења
70
Поени од реакции
20
Што ти значи тоа делумно? Јас таа опција ја пробав уште веднаш кога го приметив проблемот, џабе.
Делумно односно некогаш изгледа подобрено но некогаш не. Во последно време си стартува торентот без проблеми и си спушта како и што треба (последниве неколку дена ми е така, супер) ама пред тоа имав проблеми иако опцијата ми беше Forced, торентите не ми стартуваа или ми спушташе со 200-300..
 
Член од
6 септември 2012
Мислења
75
Поени од реакции
35
Епа драги форумџии еве и официјално е по малку истражување , Т-Хоме прави throttle или bandwidth shaping на п2п протоколот. Слободно можете да се јавите и да си прашате. Може и ќе налетате на некој оператор кој што нема официјално да ви каже "да ние го правиме ова" но доколку читате меѓу редови ќе ви стане јасно.

Сета оваа работа е почната од кога се воведени пакетите со по 300гб наводно премногу луѓе ги искористувале СВОИТЕ платени 300гб бајти и тоа не му оди некому во прилог.

Како и да е не суредија.

Јас и понатаму останувам на моето мислење дека за парите што јас ги плаќам мое си е на кој начин или портокол одлучувам да ги трошам моите 300гб. Бидејќи не пишува никаде во договорот ниту во правилата дека тие СМЕАТ да ограничуваат п2п протокол или пак да го обликуваат во било кој начин, нема ни официјано да испаднат со таква изјава, да беше така верувам дека многу луѓе не би го склучиле истиот. Од друга страна пак тие се покриени дека ја испорачуваат минималната загарантирана брзина на овој или оној начин без разлика на протоколот кој корисникот го користи... знае тоа е онаа сива зона. Можеби има некоја легална постапка која што би се повела ( имаше случаи во САД со одредени провајдери) но обични корисници без никаква координација како нас не верувам дека индивиидуално би издејствувале нешто а и да се докаже дека они го прават или не го прават тоа е малку проблематично од очигледни причини. И не верувам дека исходот би бил многу во наша полза.

Минималната брзија која што тие треба да ја испорачаат тие е онаа минималната која што ја добивате во својот торент клиент. ака ~2мбс ова им е за да можат да се заштитат самите себеси од понатамошни можни правни постапки.

Така да време е за промена на провајдарот.

Еве ви една сликичка за позаинтересираните.. протоколот е sftp кој си тера без никаков проблем и ограничување и одма зад него п2п за компарација на брзината...



Исто на топик членот што пред некој пост кажа дека имал некој пријател што работи во тхоме ме интересира што ти пренесоа тебе?


Додека сме тука ме интересира

1).Дали Близоо или Телекабел имаат некоја оваква мерка применето?
2) Дали Близоо или Телекабел даваат ИП адреси кои се достапни од надвор без ограничување од самите провајдери ака порти, форвардирања итн.
Т.е дали е ист пристапот како и кај Т-Хоме. Оставено на корисникот да си среди што му треба на рутерот а што не? Или пак горе наведените два провајдери вршат некакво филтрирање на inbound / outbound сообраќај ?
 

Tegla

Interista
Член од
20 февруари 2012
Мислења
5.110
Поени од реакции
9.050
Дури ни со Forced Protocol Encryption не дига над 100 Kbps торент, а било каков друг download кој не иде преку p2p симнува со макс. брзина. Е значи стварно се патетични...
 

Овердрајв

Модератор
Член од
5 ноември 2005
Мислења
4.255
Поени од реакции
569
Има некој од вас пробано дали проблемот го снемува со користење на VPN?

Ако не, Mullvad имаат бесплатен пробен период. Пробајте, па кажете.
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.728
Поени од реакции
52.668
Кај мене како ќе му текне така си прави. Прееска пуштам торент, 6,3 МБ/с качи. Пред тоа на друг неможеше до 200 КБ/с да стигне, а сега едвај некако до 250 иде. :D
 
Член од
6 септември 2012
Мислења
75
Поени од реакции
35
Со VPN би се решил проблемот но малку плаќаме на провајдарот па уште минимум 400-1000 денари за добар ( читај брз VPN т.е неограничен, инаку нема поента да се земе VPN кој би одел со брзина од ~4-6-8мбс? и е ограничен на трансфер <300гб ) е премногу доколку се прашувам јас. После тука се конфигурациите на разни рутери ( најмал проблем за повеќето луѓе ) и непредвидени проблеми кои настануваат од истите.

Многу по лесно а богами и по евтино е да се префлиме на друг провајдеr каде што нема вакви лимитации во прв случај.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom