Кај мене зеза и тоа на рандом интервали прво мислев дека е тоа бидејки сум врзан рутер на рутер но по долги испитувања на можни конфликти дојдов до заклучок дека не е до мене или до мојата опрема. Да бидам на чисто пробав само спеедпорт, правилни форвардирања на порти од еден до друг рутер , до програм приоритети на п2п итн итн и пак исто.
Што точно е незнам но понекогаш си тера 1мб/с со полна брзина па по неколку саати или сеедно.. ќе падне на ~250кб/с. Да не прават throttle? на p2p? сообраќај? нешто со линиите да не имаат проблем ? Инако тестирано на торенти на линукс дистрибуции каде што како од шала креваат и по 50мб/с download.
Бидејќи SFTP i SCP I FTP имаат полна брзина дури и кога торрентиве не сакаат да мрднат од 250кбс погоре. И да тестот за брзина си покажува макс секогаш...
И да.. сето ова се деси од кога ставив speedport нели дека сега мора да се заменат...
Исто и кај мене. Оптик Пакет. Веке два месеца, откако ги сменија пакетите мислам. Не можам ни јас да му најдам логика. Вчера пуштив еден торент, идеше со 300 КБ/с, океј викам толку иде овој, пуштам друг брзината се дели на пола, трет, брината се дели на три и така натаму. Вкупниот трансфер останува на ~300 KB/s. Претходно и upload-от итсо се понашаше, последно време е ок. Прриметив дека кога иде споро ако се закачи македонец (со оптика најверијатно) тогажш од него можам да симнувам до даска.
Кога им се јавувам ги прашувам дали нешто прават. Категорично ми одбиваа. Ма да последниот пат некако ко индиректкно дечкото да ми наговести дека може да „паднал“ некој надворешен линк и затоа да има има проблеми.
Сепак јас лично мислам дека прават нешто, особено на ОПТИК корисниците.
Не сум заклучил сигурно ама ми изгледа дека торентот иде слабо после ручек и во викенди. Размисли, на ОПТИК пакет ако сите ги отвориме торентите и за upload и download бог знае колкав трансфер може да се направи за еден ден, а не па за еден месец, сто посто се штитат. Не знам дали они надворешните линкови ги плакаат на примен трансфер или во двете насоки. Btw спеедтест и во мемнтов додека имам уклучено торент, ок си покажува.
Ке продолжам да им се јавувам додека не ми кажат нешто поконкретно. Ке се обратам и до АЕК ако треба. Дискриминација на едни корисници над други не смее да има. Во америка Комкаст провајдерот едно време им го кочел П2П сообраќајот на корисниците, само што тоа после падна на суд.
--- надополнето: 9 септември 2012 во 11:39 ---
Долго време си беше се ок со спидпортот... така да не ќе да е до него. Нешо до нив е ама шо точно врска неам. Ама и многу лошо што изгледа не е кај сите корисници проблемов.
На ОПТИК ли си?
Гледам дека Hattori е на адсл.
Upload каков ти е. отвори го, не го ограничувај и види колку ке иде. Кај мене поселдниве денови качува со добра брзина ама симнувањето пак си е такво ко што викаш ти, без логика.