Телекабел интернет - генерална дискусија (новости, прашања, проблеми)

Bidikov

Server guru
Член од
25 јануари 2005
Мислења
2.680
Поени од реакции
693
Повторно си ми избришал пост. Што има оф топик у тоа што реков дека сте го скинале форумот на ТК кога почнаа луѓето да се жалат за нетот. Барем ти знаеш убаво за што зборам. Уште на времето се правеше дека немаш никаква поврзаност со телекабел.
Да беше само тоа во мислењето во ред - ама коментарот апсолутно немасе врска со дискусијата на интернетот на ТК ... значи мислењето на модераторот било дека треба да се брише ... јас го почитувам мислењето на модераторот и затоа одлучив да не го враќам мислењето ... просто е - иако пола од вас мислите дека е завера во прашање ...

ОФ ТОПИК Сакам да земам ресивер од ТК. Но бидејќи ќе давам пари на суво (немаат договор, за да не се замараат за ништо послем тоа). Ме интересира, ако некој го има ресиверот, дали каналите што ги даваат тие 65 или 80, постојано се истите, а фреквенциите им се менуваат или ветуваат едни канали, после одреден период ги менуваат со други?
Бројот на канали е повеќе од 65 па и 80 - од каналите 2/3 се секогаш истите (бидејќи нели се истите од аналогната само со подобар квалитет - освен македонските кои за жал се тотално идентични во квалитет) ако некогаш некој канал смени фреквенција и/или сателит мораш да направиш прескенирање, но тоа е брз чекот и вклучува внесување на фреквенции (11-12 се досега) и местење на модулација што во ресиверот кој на времето го даваа беше многу едноставно (кај мене на самсунг телевиорот е отрф комплицирано ама тоа самсунг ми се криви)
 
Член од
20 јануари 2009
Мислења
648
Поени од реакции
527
ете ја моменталнта брзина

преѓе беше 0.6/0.3 :nenene: катстрофа...

она што ме задржува на телекабел се доста ефтините разговори за телефон, а бидејќи телефонот активно го користиме (15-20 часа месечно), откога се сменавме се виде разлика во сметката за телефон...

за август дојде ваква сметка од телекабел:
месечна претплата ------------------------------------------------------- 150 ден
кон телекабел ----------------------------------------------------------- 0 ден
кон останатите мрежи (направени се 1063 мин= 17 часа и 43 мин х 0,8 ден)- 850 ден
кон мобилни мрежи (нормлана 6 мин х 11 ден, и ефтина 13 мин х 5 ден) ----- 131 ден
интернет претплата ------------------------------------------------------ 500 ден
кабелска ---------------------------------------------------------------- 320 ден
рата за модем ----------------------------------------------------------- 300 ден
вкупно: ----------------------------------------------------------------- 2251 ден



кога бев на Т-Хоум, толку идеше сметка за телефон (без јавување на мобилен) и 25 гига интернет. Квалитетот и во телефонијата и во интернетот е огромен. Т-Хоум беа супер, стабилен интернет, чист звук на телефонот, додека на Телекабел, брзините варираат премногу, како шо можите да видите, од тие 8 MBts, моментално е 1, а претходно 0,6... навечер е добар, среќа шо денски не седам многу... се надевам дека за брзо ќе се среди, барем малце од малце подобар да биди
 
Член од
22 август 2009
Мислења
2.387
Поени од реакции
1.036
iam internet od telekabel i imam cardsharing u posledno vreme posebno prikvecer ili mi seckaat programite ili pa ic ne gi otvora deckoto sto mi dava cardsharing mi vika deka problemot e vo telekabel. ima li nekoj drug vakov problem?
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
2.681
Поени од реакции
182
Не можеш да го добиеш контакт телефонот на Cabletel од телефонијата на Telekabel, интересно, интересно. xD

А дали може воопшто некој број да се добие. Пробал некој да воспостави телефонска врска помеѓу двава оператори?:D
 

Топче

Арсеналиста
Член од
18 септември 2010
Мислења
9.198
Поени од реакции
14.496


На ТК сум веќе скоро 2 години и неможам да се пожалам кога ќе споредам со цената што ја плаќам... Овака е просечно кај мене ма да знае навечер да оди и до 8 а понекогаш (обично при крај на месец иако немам надминато лимит) знае да биде стварно шит... ама за 500 денари што сакате вие повеќе...
И гледам некој кажа неможел да симне 50 гига? Како бе друже неможеш? јас за една вечер ако го оставам уклучен симнувам 8-10 филма од 700 мега до 1.4 гига (нормално зависи и од торентите)
Исто така од почеток на фудбалска сезона ниту еднаш немав проблем со гледање стримови на натпревари на Арсенал (пу пу пу уште не ме снашло такво нешто ;))
 

Bidikov

Server guru
Член од
25 јануари 2005
Мислења
2.680
Поени од реакции
693
Не можеш да го добиеш контакт телефонот на Cabletel од телефонијата на Telekabel, интересно, интересно. xD

А дали може воопшто некој број да се добие. Пробал некој да воспостави телефонска врска помеѓу двава оператори?:D
Да, бидејќи бројот на Кејблтел има ПОСЕБНА ЦЕНА НА ЧИНЕЊЕ која во случајот според законот бара трошокот за интерконекција да биде на товар на Телекабел ...

Инаку, без проблем од ТК се добива секаде дури и во странство ...
 
Член од
31 јануари 2007
Мислења
23
Поени од реакции
0
Невожможно....оваа бројка не сум ја видел година ипол на ТК нетот...за симнување....:vozbud: down 26 10 10 12 31.jpg
 

Apple

It's good to be good
Член од
11 октомври 2009
Мислења
3.036
Поени од реакции
1.291
Да, бидејќи бројот на Кејблтел има ПОСЕБНА ЦЕНА НА ЧИНЕЊЕ која во случајот според законот бара трошокот за интерконекција да биде на товар на Телекабел ...

Инаку, без проблем од ТК се добива секаде дури и во странство ...
Кога ми вртат преку Google Voice не добива.Кога добие демек слушаш звони а нема везе.После 30 секунди спушташ слушалка а дури тогаш звони фиксниот
 

Bidikov

Server guru
Член од
25 јануари 2005
Мислења
2.680
Поени од реакции
693
Шт ое ова тивко наеднаш - или на сите ви се среди (па ќутите како .....) или сите се откажавте ...
ајде малце жестоко - таман стана интересно ...

--- надополнето ---

Кога ми вртат преку Google Voice не добива.Кога добие демек слушаш звони а нема везе.После 30 секунди спушташ слушалка а дури тогаш звони фиксниот
Незнам како точно Гугл ги рутира позивите, но во основа ова треба прво да стигне домрежата на телеком па потоа да додје во мрежата на ТК ... плус малце Гугл прави некои маневри па некоаш и поинтересни дестинации имаат проблем како што ти опиша ...
 
Член од
21 септември 2008
Мислења
267
Поени од реакции
82
Мене ме чуди една работа, Телекабел е еден од ретките што за иста цена ја нуди можноста за необврзувачки договор на долг период. Со еден збор ако некој не е задоволен зошто не се откаже, тоа го може во секое време, месец за месец ?
Читам дека имате проблеми со месеци и чекате уште, а гледате дека не ја бива работата. Ако ништо друго барем има алтернатива, 500 денари сте дале овој месец, другиот немора да ги давате доколку не сте задоволни.

Еве како кај мене изгледа 24/7, download од Rapidshare, вака е откако имам ставено веќе три месеца без никакви поголеми проблеми.

Прегледај го приврзокот 34602
Изгледа вие деца бевте во право, Телекабел не држат долго.

После 3-4 месечно користење/тестирање веќе една недела од некаде 17:00 часот па до понатаму во вечерта (незнам до колку касно порано си легнувам) брзината не се качува повеќе од 1 мегабит. На секое тестирање брзината е таа во тој период од денот, денес пред да одам на работа рано на сабајле (06:00 часот) намерно тестирав и тоа на торенти и брзината си беше како што треба, вечерва еве е истата ситуација. Ги контактирав од техничка поддршка и после краткото објаснување од дечкото дека уствари брзината е shared и слично, го прекинав и почнав јас да му објаснувам. Је да брзината е делена и не ти гарантираат 8 мегабита, и зависно од оптоварување толку ќе добиеш, но незначи тоа дека константно истата брзина ќе ја имаш туку ќе ти варира зависно од оптеретувањето. После моето објаснување дечкото виде дека не прави муабет со некоја баба и со пола уста кажа дека наводно линкот бил оптеретен и не биле ограничени брзините но биле намалени во тој период (што и да му значеше изјавата, кога значи дека пак е ограничено). Наводно во текот на идната недела ќе ја „појачале опремата“ и ќе се оправела ситуацијата.

Така да утре е први, ќе тераме октомври да видиме како ќе биде, доколку цел месец остане вака бај бај Телекабел. Баш во периодот додека сум дома и кога сакам да ја симнам омилената серија за да ја изгледам вечерта, тоа ми е ограничено, за насабајле не ми треба брз интернет.

Не сум heavy downloader, повеќе од 20-30 гигабајти не трошам, лимитот до сега не сум го надминал за намалување на брзината, па да ме класифицираат по некоја fair use политика.

Инаку се работи за Телекабел во Велес.


П.С. Еве @Bidikov да не речеш затишје на темава, кога ти се добри кооперантите ги фалиме и јас сум прв, кога ти се лоши ги кудиме, а и пак сум прв да ги откачам, стандардна реакција на купците.
 

its_ok_im_new

brake lights
Член од
24 август 2010
Мислења
402
Поени од реакции
216
Gotovo jas gi smeniv konecno, sega uzivam vo internet so brzina kako vo dogovorot i NORMALEN ping sto mi e najvazno kako zabolen gamer :)

srekno na tie sto uste se na TK se nadevam ke se sredi
 
Член од
16 јуни 2010
Мислења
37
Поени од реакции
7
Шт ое ова тивко наеднаш - или на сите ви се среди (па ќутите како .....) или сите се откажавте ...
ајде малце жестоко - таман стана интересно ...


Знам дека сакаш да читаш интересни работи и ние сакаме, монотони ќе се разговорите само за едно те исто да се збори. Ќе се летне малку од темата и одма почнуваат претњи со банови. Но еве ја да пишам нешто може ќе живне темава. Проблемите се стари, пингот си варира, како ќе му текне, независно дали е дење или ноќе, се јавив еднаш во техничка да ми кажат што е работата, па тој ме остави на чекање едно 7 мин. за да ми каже дека се работело во мојот регион па поради тоа е проблемот со пингот, кога ќе се среди немал информации. Истото што го знаев и да се нервирам, не иде, нема да ми биде средено ништо, да му се дерам и пцујам, џабе, ваљда не е до него мојот проблем, па не е крив, така да оставив паметно да молчам и да чекам да се среди и фукнционира како што доликува на една интернет компанија.
 
Член од
25 јануари 2007
Мислења
3.176
Поени од реакции
106



Веќе и јас незнам колку време интернетот ми е топ. Го препорачив и на цело друштво, па се префрлија без проблем. За 500 ден ова не е интернет, ова е повеќе и од интернет. + се префрлив и на телефонијата на ТК, па сега ем зборам, ем плаќам 200 ден. Поубаво има?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom