831
רַב אושר של חוכמה
- Член од
- 8 ноември 2009
- Мислења
- 6.991
- Поени од реакции
- 12.636
И по можност златен ланец со света софија:nesum:Во модерно време, тоа е насилникот во ферари, кој очигледно има стил но има и пиштол под седиште. :wink:
--- надополнето ---
Ева како зборуваше заратустра :
Се кај жената е загатка и се кај жената има едно решение: тоа се вика бременост.
Мажот е сретство за жената: цел е секогаш детето. Но што е жената за мажот?
Вистинскиот маж сака две нешта: опасноста и играта. Затоа ја сака жената како најопасна играчка. Мажот треба да биде воспитан за војна, а жената за одмор на воинот: се друго е глупост.
Премногу слатко овошје: воинот не го сака тоа. Затоа ја сака жената; дури и најслатката жена е горчлива.
Жената ги разбира децата подобро од мажот, но мажот е подетинест од жената.
Во вистинскиот маж се крие дете: тоа сака да си игра. Напред жени, откријте го детето во мажот!
Жената треба да биде играчка, чиста и отмена како скапоцен камен, озарена од добродетелите на еден свет што сеуште не постои....
...Вашата чест нека биде во вашата љубов. Инаку жената малку се разбира во чест.
Мажот нека се плаши од жената што љуби: тогаш таа ќе поднесе секаква жртва и се друго за неа е базвредно.
Мажот нека се плаши од жената што мрази: зошто мажот во дното на своето срце е зол, а жената е подла.
Кого жената го мрази најмногу? - Железото му рече вака на магнетот: најмногу те мразам поради тоа што привлекуваш, но не си доволно силен за да привлечеш.
Среќата на мажот гласи: јас сакам. Среќата на жената гласи: тој сака.
И жената мора да слуша и да најде длабочина за својата површина. Површината на жената е карактерот, лизгава бурна наслојка над плитка вода.
А карактерот на мажот е длабок, неговиот порој татни низ подземни урви: жената ја чувствува неговата сила, но неможе да ја разбере.
Тогаш старата женичка ми одговори: Заратустра кажа многу поучни работи, а посебно за оние што се доволно млади за тоа.
А сега во знак на благодарност, прими една мала вистина. Јас сум доволно стара за неа!
Завиткај ја и затни и ја устата: инаку таа мала вистина вика премногу гласно.
Дај ми ја, жено, твојата мала вистина! реков јас. А старата жена рече вака:
Кај жени одиш? Не заборавај го камшикот!
Вака зборуваше Заратустра
