Дефинирано е до која? Или default од 18?
Родителите кои веќе се рисјани, должни се да ги раѓаат, одгледаат и воспитуваат своите деца во рисјанскии дух и амбиент, така да така воспитаното дете не мора да чека на наполни „18„ за да почне да верува или за да не верува.
Црквата има живи членови, од кои некои се помлади, некои постари, некои поверувале на помлада возраст, а некои на поодминати години: нема точна возраст или пропишано правило, туку се‘ е оставено на личната слободна волја и на личната потреба од Бога.
--- надополнето: 9 август 2013 во 14:43 ---
Сериозно тешки ставови држиш пријателе, средновековни...зарем толку е уназадена црквата? Само затоа што ти го употреби зборот „забеган“ - мене ова твоево ми е ептен забегано....кој ли треба да одговара за твојава фундаменталистичка задоеност? Страшно....
Dave,
учењето од Црквата е безвременско, така да тоа (учење) не застарува, туку е свежо и ново за секој поединец кој трага по Бога и кој има желба да го прими тоа учење, независно од тоа дали живее во „назадно„ или во „напредно„ време и општество.
--- надополнето: 9 август 2013 во 14:45 ---
Претежно родителите кои се православни забегуваат и се крстат по куќата насекаде, го присилуваат секој да се крсти ако има слави и слични гозби...
Така да детето не забегува, само не може да ги гледа забегувањата на родителите кои го присилуваат да биде „нормален“, поточно како нив, православни!
Ова погоре напишаново, е општ атеистички став кон верата, со кој (став) атеистите го оправдуваат своето неверување, смирувајќи си ја совеста со наоѓање оправдување за своето неверување.
Мене дома никој не ме принудува да верувам, но затоа ме спречува(ат) да верувам...
--- надополнето: 9 август 2013 во 14:46 ---
Родителот нема одговорност никаква за духовниот пат на детето! НИКАКВА! Тоа е ваша идеја, на православните, да се држи детето да остане православно (бидејќи несвесно било вметнато во таа религија).
Ако животните имаат одговорност кој својот пород, дотолку повеќе одговорност имаат луѓето, како разумни битија.