Тато и мама православни, јас атеист

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
Не, нема-тоа и самиот ѓаол сакат да го слушнит од лујѓето...


Ако мама и тато се рисјани а детено им забегало у атеизам или у некоја од многубројниве тоталитарни секти, а притоа детето е доволно возрасно и свесно сторило избор, тоа станува негов личен чин, но и негов личен проблем, за кој самото ќе одговара. Постои и одговорноста и од неговите родители, но само до одредена граница.
E aј мики дај слика од ѓаоло да го видиме.

а на пример кога од родитеи пагани станало детето рисјанин?? тој шо погазил на верата на своите родители, дедовци, претци... пеминало на страната на еврејскиот бог? и тука ли е личен проблем негов?
 
Член од
31 јули 2006
Мислења
2.537
Поени од реакции
702
Ајде, одново назад во колосек... Насловот на темава е јасен, и нема потреба да се ставаат другите религии во овај кош. Дискутирајте за православието и фактот што новиве генерации се атеистичко расположени, односно верски незаинтересирани... Што е причината, и каков е резултатот од сето тоа.
Ако некој сака да отвори нова тема, нека отвори "тато и мама муслимани/рисјани/блабла, јас атеист".. се дотогаш, држетесе до темава, за да не ме приморате да ја заклучам, или да доделам негативни поени. Фала.

Мала поправка. Еве што напишал човекот што ја отворил темата:

Значи насловот гласи "Тато Мама православни јас атеист" на местото на православни и атеист ставете било кои други но ставете различни една во однос со друга вера и одговорете ми:
Значи. било кои други религии и комбинации се можни за дискутирање во темава. Потреба нема од негативни поени...отвори го првиот пост и ќе видиш. Убаво пишува.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
E aј мики дај слика од ѓаоло да го видиме.
Јак јунак си, не?...

Еден од Светиите, мислам дека беше Василиј Велики, ако не грешам, вели вака: „...Кога би можеле со телесни очи да ги видиме демоните, (ние) би се симнале од умот од стравот предизвикан од нивниот страшен изглед...„

Ти, секако, како јак херој од зад мониторот, можеш да продолжиш да не веруваш.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.172
Поени од реакции
12.157
Ако мама и тато се рисјани а детено им забегало у атеизам или у некоја од многубројниве тоталитарни секти, а притоа детето е доволно возрасно и свесно сторило избор, тоа станува негов личен чин, но и негов личен проблем, за кој самото ќе одговара. Постои и одговорноста и од неговите родители, но само до одредена граница.
Претежно родителите кои се православни забегуваат и се крстат по куќата насекаде, го присилуваат секој да се крсти ако има слави и слични гозби...
Така да детето не забегува, само не може да ги гледа забегувањата на родителите кои го присилуваат да биде „нормален“, поточно како нив, православни!

Родителот нема одговорност никаква за духовниот пат на детето! НИКАКВА! Тоа е ваша идеја, на православните, да се држи детето да остане православно (бидејќи несвесно било вметнато во таа религија).

И да се избере да си атеист, не е никаков личен проблем... поголем проблем прават православните родители, заморуваат и се закануваат! Треба да дозволат да остават богот да се реши со детето, ако толку веруваат во тој бог!
Каков е овој твој став: личен проблем? Каде гледаш проблем да има детето?
Твоето дете ако биде атеист ти неговиот избор ќе ти биде проблем? Како ќе го решиш тој „проблем“ кај твоето дете?
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
а на пример кога од родитеи пагани станало детето рисјанин?? тој шо погазил на верата на своите родители, дедовци, претци... пеминало на страната на еврејскиот бог? и тука ли е личен проблем негов?
Ако таквото дете станало рисјанин, тоа ни случајно не значи дека станало рисјанин автоматски, туку значи дека кај тоа претпоставено дете се јавила потребата од Бог, па тоа дете, почнувајќи да трага по Бога, го нашло вистинскиот Бог, во кој (Бог) детето нашло мир за душата своја...

Тоа трагање и наоѓање не е негов проблем, туку негов успех.
 

Dave

subcomandante
Член од
15 февруари 2008
Мислења
1.663
Поени од реакции
2.949
Ако мама и тато се рисјани а детено им забегало у атеизам или у некоја од многубројниве тоталитарни секти, а притоа детето е доволно возрасно и свесно сторило избор, тоа станува негов личен чин, но и негов личен проблем, за кој самото ќе одговара. Постои и одговорноста и од неговите родители, но само до одредена граница.
Сериозно тешки ставови држиш пријателе, средновековни...зарем толку е уназадена црквата? Само затоа што ти го употреби зборот „забеган“ - мене ова твоево ми е ептен забегано....кој ли треба да одговара за твојава фундаменталистичка задоеност? Страшно....
 
Член од
31 јули 2006
Мислења
2.537
Поени од реакции
702
Ако таквото дете станало рисјанин, тоа ни случајно не значи дека станало рисјанин автоматски, туку значи дека кај тоа претпоставено дете се јавила потребата од Бог, па тоа дете, почнувајќи да трага по Бога, го нашло вистинскиот Бог, во кој (Бог) детето нашло мир за душата своја...

Тоа трагање и наоѓање не е негов проблем, туку негов успех.

Вистинскиот бог за него....за него е клучниот збор.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Дефинирано е до која? Или default од 18?
Родителите кои веќе се рисјани, должни се да ги раѓаат, одгледаат и воспитуваат своите деца во рисјанскии дух и амбиент, така да така воспитаното дете не мора да чека на наполни „18„ за да почне да верува или за да не верува.

Црквата има живи членови, од кои некои се помлади, некои постари, некои поверувале на помлада возраст, а некои на поодминати години: нема точна возраст или пропишано правило, туку се‘ е оставено на личната слободна волја и на личната потреба од Бога.
--- надополнето: 9 август 2013 во 14:43 ---
Сериозно тешки ставови држиш пријателе, средновековни...зарем толку е уназадена црквата? Само затоа што ти го употреби зборот „забеган“ - мене ова твоево ми е ептен забегано....кој ли треба да одговара за твојава фундаменталистичка задоеност? Страшно....
Dave,

учењето од Црквата е безвременско, така да тоа (учење) не застарува, туку е свежо и ново за секој поединец кој трага по Бога и кој има желба да го прими тоа учење, независно од тоа дали живее во „назадно„ или во „напредно„ време и општество.
--- надополнето: 9 август 2013 во 14:45 ---
Претежно родителите кои се православни забегуваат и се крстат по куќата насекаде, го присилуваат секој да се крсти ако има слави и слични гозби...
Така да детето не забегува, само не може да ги гледа забегувањата на родителите кои го присилуваат да биде „нормален“, поточно како нив, православни!
Ова погоре напишаново, е општ атеистички став кон верата, со кој (став) атеистите го оправдуваат своето неверување, смирувајќи си ја совеста со наоѓање оправдување за своето неверување.

Мене дома никој не ме принудува да верувам, но затоа ме спречува(ат) да верувам...
--- надополнето: 9 август 2013 во 14:46 ---
Родителот нема одговорност никаква за духовниот пат на детето! НИКАКВА! Тоа е ваша идеја, на православните, да се држи детето да остане православно (бидејќи несвесно било вметнато во таа религија).
Ако животните имаат одговорност кој својот пород, дотолку повеќе одговорност имаат луѓето, како разумни битија.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.172
Поени од реакции
12.157
учењето од Црквата е безвременско, така да тоа (учење) не застарува, туку е свежо и ново за секој поединец кој трага по Бога и кој има желба да го прими тоа учење, независно од тоа дали живее во „назадно„ или во „напредно„ време и општество.
Застарено е. За тебе можеби не е , така си научен од твоите родители „чија должност“ нели било да те задржат да останеш православен.
Правиме муабет што ако детето е атеист, а ете должноста на родителите било детето да биде православен христијанин...?
Ете гледаме дека слабо нешто децата да остануваат православни, не знам зошто така...

Шо праи мама и тато православни кога ете детето не е задоено со црковни учења?

П.С. Атеист не го оправдува неверувањето, ами го објаснува кога некој го напне или ако му е волја да се објасни:) не да се оправда!
Пред кој тоа да се оправда атеистот? Пред верник? Пред богот на верникот? Пред себе си? Абе ајде собери се малку.
 
Член од
31 јули 2006
Мислења
2.537
Поени од реакции
702
Шо праи мама и тато православни кога ете детето не е задоено со црковни учења?

Така ја и ти сме класични примери за забегани деца што отишле по секташи....нема тука што друго.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Каков е овој твој став: личен проблем? Каде гледаш проблем да има детето?
Детето има двоен проблем: проблем со самото себе, поради неизбежното брлавеење и немањето самоконтрола во својата своеглавост и проблем после смртта, со големата веројатност дека ќе заработи свое место во пеколот.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.172
Поени од реакции
12.157
Детето има двоен проблем: проблем со самото себе, поради неизбежното брлавеење и немањето самоконтрола во својата своеглавост и проблем после смртта, со големата веројатност дека ќе заработи свое место во пеколот.
Ова е став на православен родител за своето дете ако е атеист и не сака да прифати христијански бог врз својата глава? :place:

Браво... :facepalm:
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Застарено е. За тебе можеби не е , така си научен од твоите родители „чија должност“ нели било да те задржат да останеш православен.
.
Погрешно: моите родители не веруваат...
--- надополнето: 9 август 2013 во 14:52 ---
Правиме муабет што ако детето е атеист, а ете должноста на родителите било детето да биде православен христијанин...?
Ете гледаме дека слабо нешто децата да остануваат православни, не знам зошто така...
Детето не може да стане атеист, ако е одгледано во здрава побожна родителска средина, туку може со леснотија да стане атеист ако и родителите му се такви (атеисти) или ако детето од мали нозе е препуштено на самото себе, без минимум родителска грижа и воспитување во духот од верата.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.172
Поени од реакции
12.157
Погрешно: моите родители не веруваат...
Значи тебе ти дојде само тоа...
Од каде бре сега тебе таа „одговорност“ детето да го силуваш да биде православно? Можеби сака да биде како баба и дедо... правац пекол? :)
Или пак да мислиш дека забегало? За своето дете ќе велиш дека станало забеган атеист море? :cautious:

Како не може? Може... лагите во семејството лесно исчезнуваат кога ќе излезеш во светот! Немој така :)
Христијаните православци најдобри родители :D
Оооо елитизам гледам тука, одлично одлично :)
Уште дете атеист за да видиме како тоа оди реално и ете не...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom