Во принцип, децата секогаш мислат дека се попаметни од родителите. Повторно, во принцип, тоа не е ни лошо само по себе; но не мора и да е добро. Мала терминолошко загатлива игра помеѓу поимите добро и зло?
Банализирано, воспитувањето на децата на разликување на добро од зло многу полесно оди преку role-модели, а ретко која фигура во изминатите 2,000+ години е поголем рол модел од Христос. Кога родител дава совет на дете, обично, редовно е тоа преку призмата на црно-бело: ова е добро, другото е лошо; понатаму така се гради и вредносниот систем на личноста. Дарвиновата теорија за потеклото на видовите (и човекот) исто така има фалинки, а посебно за оној leap во постанокот на човекот никогаш не била егзактен; црковната теза „велат дека човекот постанал од мајмун, но никако да видиме друг мајмнун како постанува човек“ е безобразно лежерна и тезно-заменска, легитимна, но не и „легална“ (никогаш не успеав да разберам зошто некои свештеници толку инсистираат на оваа теза).
Малку офф во продолжение.
Контакт (од 1997) на Земекис, „комбиниран“ со брилијантниот Саган, ни претставува еден возбудлив дијалог помеѓу главните ликови научникот (Џоди Фостер) и свештеникот (Метју Меконахи) на темата „неопходен е доказ“.
„Дали го сакаше твојот (покоен) татко“? - прашува свештеникот.
„Да, премногу“ - одговара научникот.
„Докажи“ - продолжува свештеникот.
Настапува непријатна пауза која бидува прекината од иритантното звенење на мобилниот телефон на научникот кој откако ќе погледне ќе „сфати“ дека ја бара (нејзиниот соработник) Кент; што би можело да се разбери и како „Can't“, или „не можам“ ако го сфатиме во контекст на прашањето „Докажи дека го сакаше татко ти“. Забавно земековски.
Филмот кулминира со сцена од изказот на научникот пред „комитетот“ кога бара од присутните да „поверуваат“ во вистинитоста на нејзиното несекојдневно искуство. Иронично (и лицемерно) овој комитет кој претходно место нејзе за патувањето избра „верник“, сега нејќе ни да чуе за верба и бара сув доказ. Забавно сагановски