Тато и мама православни, јас атеист

Член од
9 јули 2010
Мислења
75
Поени од реакции
48
Во принцип, децата секогаш мислат дека се попаметни од родителите. Повторно, во принцип, тоа не е ни лошо само по себе; но не мора и да е добро. Мала терминолошко загатлива игра помеѓу поимите добро и зло?

Банализирано, воспитувањето на децата на разликување на добро од зло многу полесно оди преку role-модели, а ретко која фигура во изминатите 2,000+ години е поголем рол модел од Христос. Кога родител дава совет на дете, обично, редовно е тоа преку призмата на црно-бело: ова е добро, другото е лошо; понатаму така се гради и вредносниот систем на личноста. Дарвиновата теорија за потеклото на видовите (и човекот) исто така има фалинки, а посебно за оној leap во постанокот на човекот никогаш не била егзактен; црковната теза „велат дека човекот постанал од мајмун, но никако да видиме друг мајмнун како постанува човек“ е безобразно лежерна и тезно-заменска, легитимна, но не и „легална“ (никогаш не успеав да разберам зошто некои свештеници толку инсистираат на оваа теза).

Малку офф во продолжение.

Контакт (од 1997) на Земекис, „комбиниран“ со брилијантниот Саган, ни претставува еден возбудлив дијалог помеѓу главните ликови научникот (Џоди Фостер) и свештеникот (Метју Меконахи) на темата „неопходен е доказ“.

Дали го сакаше твојот (покоен) татко“? - прашува свештеникот.
Да, премногу“ - одговара научникот.
„Докажи“ - продолжува свештеникот.

Настапува непријатна пауза која бидува прекината од иритантното звенење на мобилниот телефон на научникот кој откако ќе погледне ќе „сфати“ дека ја бара (нејзиниот соработник) Кент; што би можело да се разбери и како „Can't“, или „не можам“ ако го сфатиме во контекст на прашањето „Докажи дека го сакаше татко ти“. Забавно земековски.


Филмот кулминира со сцена од изказот на научникот пред „комитетот“ кога бара од присутните да „поверуваат“ во вистинитоста на нејзиното несекојдневно искуство. Иронично (и лицемерно) овој комитет кој претходно место нејзе за патувањето избра „верник“, сега нејќе ни да чуе за верба и бара сув доказ. Забавно сагановски :)

 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.756
Поени од реакции
8.785
Значи насловот гласи "Тато Мама православни јас атеист" на местото на православни и атеист ставете било кои други но ставете различни една во однос со друга вера и одговорете ми: како е можно во едно семејство таткото и мајката да имаат една вера а детето да има сосема трета, дали е тоа резултат не неинформираност, неваспитаност или...?, дали тука грешката е на родителите?, или е виновно друштвото на тоа дете? или пак самото дете забегува со паметот?
Tотално глупо поставено прашање.
Се сметам (и тоа не само јас) за доста културна, солидарна и хумана личност, и не верувам ама баш во ништо. Моите дома се ,,демек,, верници, не оти веруваат, туку оти никогаш немале желба да го преиспитаат тоа верување.

Да можно е, и многу често е така. Приметувам мои пријатели кои потекнуваат од доста религиозни семејства дека се атеистички настроени (што не било случај пред 5-6 години, кога не дрмал пубертет), а посебно студентите на природните науки, скоро и да не познавам вистински религиозен.
Зошто доста нелогично е гинеколог или хирург да смета дека е возможно создавање дете без сперма, а посебно раѓање на истото по природен пат, без кинење на хименот.

Во моето друштво, јас бев првиот атеист, многумина ме следеа мене (не ги натерав, ме прашаа зошто, им објаснив). Мило ми е, атеизмот води кон многу похедонситички сфаќања на животот, што е за пофалба.
 

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Значи не се сложуваш дека има премногу квази атеисти?
Не знам, не верувам дека има, а јас не познавам такви квази атеисти, веројатно е до возраста, меѓу помладите може има повеќе, немам појма.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.756
Поени од реакции
8.785
ок чорбаџија дека изборот е наш ама нели кога родителите не воспитуваат покрај се друго што ни зборат, зборат и за тоа во што треба да веруваме (зависи која вера ја имаат тие) што е добро а што лошо итн. значи тоа се случува подолг период од кога сме малечки па се до пубертет да речиме, значи одиме во цркви со нив, се молиме, ако имаме некое име на кое се слави визита славиме и ред други работи, па како тогаш? која е причината да после сето тоа некој да почне да верува во друго, јас сум така воспитан, верував, верувам и и ке верувам во годпод до крај и покрај тоа што има некои проблематики што уште не ми се јасни

пс. зошто сите атеисти на деновите пред велигден се во црква и палат свејки?
Јас дома имам неколку детски Библии, Светото Писмо, коментари на Стариот и Новиот завет, коментари на Куранот... ме ашкале по цркви, посебно баба ми - а и до ден денес немам ништо против празниците. Ништо не славам - лично, но учествувам во речиси се - со исклучок на тоа дека лично не практикувам религиозни адети. Пример, кршам јајца за Велигден, ама не постам, ниту ,,се протнувам,, - всушност не влегувам во црква. Исто и за Бајрам, јадам баклава :)

Да, ме носеле по цркви, крстена сум во црква, но од многу, многу мала сум сфатила дека никој друг, освен човекот, не го контролира овој живот. Имено, ако пушам и добијам рак на бели дробови, тоа е зошто јас самата сум го предизвикала тоа - не зошто ,,бог,, така сакал. Ако некој умира од глад, не е тоа зошто ,бог, решил така, туку зошто човекот решил така... Итн ;)
 
Член од
28 декември 2011
Мислења
4.371
Поени од реакции
6.208
Верата не се пренесува преку гените.
Предиспозицијата да се создаде верување Е генетска. Кај човекот во многу експерименти е евидентирана потребата да се создаваат разни празноверија како нус продукт на неговата потреба да наоѓа шеми и патерни во се што гледа.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.756
Поени од реакции
8.785
Атеисти?

Хе-хе...

Па зошто китите елки?
Зошто кршите лепче за паричка?
Зошто се кршите со вапцани јајца за Велигден и се собирате пред црква?
Атеисти, со предци кои се прогласени за светци, кои писмо ви дале?

Јас верувам дека сонцето е Господ. Без сонцето, живот нема.
Ништо од ова не правам, освен јајцата :)
Ама јајцата ми се интересни, како натпревар нешто, мерак ми е да победувам :)
Само ради тоа. Иначе бев пред црква (не во црква) за Велигден, ради дечко ми, кој се декларира како православен. Он си држеше свеќа јас не. :)
--- надополнето: 19 април 2012 во 00:26 ---
Предиспозицијата да се создаде верување Е генетска. Кај човекот во многу експерименти е евидентирана потребата да се создаваат разни празноверија како нус продукт на неговата потреба да наоѓа шеми и патерни во се што гледа.
Тука некаде се вклопуваат и Јунговите архетипови ;)
--- надополнето: 19 април 2012 во 00:36 ---
ирониа е да си атеист, а на гробот да ти стават крст, иронија е да си крстен а да си атеиста. Сакаш нејќеш си некој халфатеист. Атеистиве цел живот се караат со мајака им, мамо маа зоѓшо си ме крстила у црква. А овие шо викаат тато е атеист прашајте го ако е атеиста дали е венчан у црква и зошто дозволил детето да му е крстено. Незнаете ни вие шо сте туку ај мрџете боље тука него стратегии да ми играте. И јас минев пубертет знам како е.
Како што гледам на гобишчана наши, нема на сите гробови крстови. И тоа, има луѓе кои си биле атеисти - пример комуњариве, немаат крстови. Има една до дедо ми закопана, умрела пред 1 месец, и средиле се - нема крст на гробот :)
Јас сум крстена, ама крштеницата ми вреди помалце од тоалет папирот. Оти од тоалет папирот, рецимо, имам ќар.
Јас не се карам што ме крстиле во црква, нивно право. Со муслиманите се карам едино, зошто го осакатуваат детето со сунетот. Јака муда што ме прскале со црквена вода мене, немам трауми и последици ;)

Јас немам никаква намера да се венчам во црква, а уште помалку да дозволам детето да ми стапне во било каков храм од религиозни побуди. Нема да го учам ни дека постои, ни дека не постои Господ.
Како што и одговарам на мојата мала сестра, секогаш кога ќе ме праша зошто не одам во црква - затоа што не одам дома кај некого кого не го познавам и кој не ме поканил ;)
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
4.346
Поени од реакции
3.754
Ништо од ова не правам, освен јајцата :)
Ама јајцата ми се интересни, како натпревар нешто, мерак ми е да победувам :)
Само ради тоа. Иначе бев пред црква (не во црква) за Велигден, ради дечко ми, кој се декларира како православен. Он си држеше свеќа јас не. :)
Па зошто ради дечко ти не кршиш паричка?
Иначе тоа пред црква не во црква глупости тресење, није шија него врат. Да имаше дечко муслиман дали поради него ќе престанеше да јадеш свинско(доколку тоа го правиш), алкохол да престанеш да пиеш(доколку тоа го правиш)? И сите останати муслимански традиции.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.756
Поени од реакции
8.785
Па и православието не е од потанокот на светот. Претците твои биле пагани па еден ден некој од нив рекол “мамо, Тато од денес ќе бидам христијанин“ (сигурно и тогаш се дискутирало за тоа како нешто чудно и несекојдневно) Религијата е променлива категорија, нови вери настануваат старите исчезнуваат така да нема потреба да се секира многу чоек за тоа.
Да се потсетиме што бидна со Исус оти смисли нова вера.... :)
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
4.346
Поени од реакции
3.754
Со муслиманите се карам едино, зошто го осакатуваат детето со сунетот.
За какво осакатување збориш? Сунетот е многу здрава работа и м усе преопрачува на секој од страна на доктори.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.756
Поени од реакции
8.785
За какво осакатување збориш? Сунетот е многу здрава работа и м усе преопрачува на секој од страна на доктори.
Ај да не ти објаснувам сега :) Си има соодветна тема за истото.
Само ќе кажам - ако некој смета дека е здраво, слободно нека се сецне на 18.
До тогаш не давам сецкања, кастрења, пирсови, тетоважи.....
--- надополнето: 19 април 2012 во 00:45 ---
Па зошто ради дечко ти не кршиш паричка?
Иначе тоа пред црква не во црква глупости тресење, није шија него врат. Да имаше дечко муслиман дали поради него ќе престанеше да јадеш свинско(доколку тоа го правиш), алкохол да престанеш да пиеш(доколку тоа го правиш)? И сите останати муслимански традиции.
Не јадам никакво месо, и ради дечко ми бев зошто него му беше ќеиф. И ќеифот му го правам еднаш годишно, само за Велигден. Не ми е тешко.
Но ако утре сака да ми биде и сопруг, нема да може свадба во црква :)

На пример, дечко ми доаѓа ради мене да спасува бездомни кучиња, не затоа што многу ги сака. Но ако утре стане мој сопруг, тоа не значи дека дома ќе отворам стационар.

Разбираш?
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
4.346
Поени од реакции
3.754
Ај да не ти објаснувам сега :) Си има соодветна тема за истото.
Само ќе кажам - ако некој смета дека е здраво, слободно нека се сецне на 18.
До тогаш не давам сецкања, кастрења, пирсови, тетоважи.....
--- надополнето: 19 април 2012 во 00:45 ---


Не јадам никакво месо, и ради дечко ми бев зошто него му беше ќеиф. И ќеифот му го правам еднаш годишно, само за Велигден. Не ми е тешко.
Но ако утре сака да ми биде и сопруг, нема да може свадба во црква :)

На пример, дечко ми доаѓа ради мене да спасува бездомни кучиња, не затоа што многу ги сака. Но ако утре стане мој сопруг, тоа не значи дека дома ќе отворам стационар.

Разбираш?
Разбирам, во брак нема ќеифови праење :)
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.756
Поени од реакции
8.785
Да ти одговорам иако прашањето беше до друг:
Верник, христијанин, би побарал помош од Господ Исус Христос како да одговори на дадената ситуација. Но истото прашање и до атеистите: како би постапиле: би му честитале: барво сине и ќе го приберат зетот и ќе живеат во „брак“ или ќе направат нешто? Што ќе направат?
Зависи. Има атеисти хомофобици.
Јас ќе ги ,,благословам,, (на твој јазик) децата.
Такво ми е родено, такво ќе си го сакам. И ич таквото не ми чуе за другите.
 
M

Muranyi

Гостин
Не зборам за тебе од кај тоа? Општо за сите атеисти кои ги познаваш ајде вака наброј си ги, 5 у секој момент ти текнуваат. Беа ли пред црква за Велигден да си се чукаат со јајца? :)
Сепак тоа не ги исклучува од групата на атеисти.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.756
Поени од реакции
8.785
Да aма мене ми е поубаво кога не сум ни тоа ни тоа :D Пошто да бидеш атеист на пример треба да го почитуваш тоа, а мене почитувањето не ми е баш некоја добра страна :)
Одењето во црква те прави верник, колку одењето во гаража - автомобил ... ;)
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
RedStarFan не си во право, во врска и во брак се прават компромиси. Имаш атеисти кои се венчаваат во црква од почит кон партнерот. Имаш атеисти кои одат по слави и имендени кај пријатели од почит кон пријателите. Не гледам ништо лошо ако атеист стои пред црква или во црква со партнерот или со друштво или за фаќање сеир. Атеисти сме затоа што не веруваме во божества ама тоа никако не подразбира одредени правила на однесување, атеизмот не е идеологија нити религија.

Јас лично во црква не одам освен за венчавки и погреби, ама во некои околности, како оние на Пумата, би влегол. Тоа за мене нема никакво значење. На луѓето отворено им кажувам дека сум атеист ама не можам на баба ми кога ќе ми рече „Христос воскресе“ да и речам „Како да не?!“ :) Од почит ќе кажам Вистина воскресе а сеирењето ми е за форум и за пријатели.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom