Ја видов темата и морав да чкртнам нешто
Сум била Тасос пред 4/5 години, тоа ми беше еден од најубавите ако не и најубав одмор.
Прекрасни плажи, тиркизна вода, тавернички, едноставно совршено.
Септември бевме па не беше многу пекол.
Сместени бевме во главното градче Лименас, навечер беше ептен "живо" градчето, таверни, кафичи, раздвижено со туристи, милина.
Во стариот дел на градот имаше плажи, често одевме натаму, претежно Срби држеа шанк барчиња, имаше една Србинка Сека
кај неа кисневме.
Цените во таверните и на плажите изненадувачки ефтини за наш стандард, споредено со другите места во Грција кај што сум била.
Посетивме и неколку плажи подалеку, со бродче бевме и Салиара, мермерна плажа што ја викаат, прекраснотија.
Тасос има убави плажи во изобилство, ако се оди со кола цел остров обавезно да се прошета, вреди секое местенце, има и интересни традиционални селца со богата историја, Панагија, Рахони и многу други.
Во близина на Лименас имаше еден резорт " Ла Скала " е тука малце беа посоленки цените ама вреди секое евро потрошено
За млади е измислено.
Ако е се како шо треба со ковид рестрикции, во план сум да го посетам оваа година пак