Танц со ѕвездите (МТВ 1)

Таруно

Еким
Член од
9 јуни 2010
Мислења
2.610
Поени од реакции
2.505
Искрено ме воодушевуваат МТВ. Смејте се колку сакаат, ама бар имаат иницијатива! Браво! Конечно ослободени од турски, индиски серии, напредок да се модернизираат, па уште и иницијатива да се направи нешто македонско, макар и по туѓа лиценца. Браво имаат од мене, толку имам да кажам.
И ја се изненадив коа видов дека ја најавуваат The Big Bang Theory, имаат едно браво од мене.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
И ја се изненадив коа видов дека ја најавуваат The Big Bang Theory, имаат едно браво од мене.
Врв им е слоганот на рекламата: “Чуда се случуваат, the Big Bang Theory на МТВ “:pos::pos::pos::pos:
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.887
Поени од реакции
16.128
Член од
6 јули 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
7.711
Па и на хрватите им е откупена лиценцата, сигурно на нив не им текнало прво..
Муабетот ми е: зошто се плаќа лиценца за емисија која е толку тривијална? Потешко е да организираш приредба за патронат во школу отколку такви емисии. Па лиценца плаќаат!:facepalm:
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.887
Поени од реакции
16.128
Муабетот ми е: зошто се плаќа лиценца за емисија која е толку тривијална? Потешко е да организираш приредба за патронат во школу отколку такви емисии. Па лиценца плаќаат!:facepalm:
Па и кај нас не верувам нешто да имало од наша продукција организирано и тоа како што треба, освен Џандар збира и ако некој се сеќава на Водени лудории со Сидор како водител..
А и глупо би било да се направи скроз исто такво шоу без лиценца, со ист концепт.
Сигурно не се глупи што фрлија пари за лиценци за еден Милионер. :)
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
Муабетот ми е: зошто се плаќа лиценца за емисија која е толку тривијална? Потешко е да организираш приредба за патронат во школу отколку такви емисии. Па лиценца плаќаат!:facepalm:
Си размислила ли што уствари е лиценца?

Не можеш да направиш емисија со ист концепт, без да прекршиш лиценца, каде и да е емисијата.

Плус, со лиценцата треба да се исполнат определи услови а тоа е подобар начин да се добие добра емисија отколку да се направи иста емисија а услови да се бркаат у воздух.
 
Член од
6 јули 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
7.711
Чудно. Во Македонија сите мислат дека ако Хрватите направат нешто, тоа е секогаш за петка. Е не е.
Хрватска имаше „Квискотека“ која беше неспоредливо подобра тоа „Милионер“ и тоа пред многу години.

Мојата логика е: ако имам многу пари, ќе платам лиценца. Ако немам, ќе се потрудам д анаправам нешто свое.
 
H

HITCH

Гостин
Искрено ме воодушевуваат МТВ. Смејте се колку сакаат, ама бар имаат иницијатива! Браво! Конечно ослободени од турски, индиски серии, напредок да се модернизираат, па уште и иницијатива да се направи нешто македонско, макар и по туѓа лиценца. Браво имаат од мене, толку имам да кажам.
Не, не! Сериите остануваат, наместо програма за најмладите ќе биде ова. :icon_lol:
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Не, не! Сериите остануваат, наместо програма за најмладите ќе биде ова. :icon_lol:
Па јас колку што знам на МТВ нема турски/индиски серии. Или јас стварно одамна не сум гледала ТВ.
 
G

grande-juve

Гостин
Па и кај нас не верувам нешто да имало од наша продукција организирано и тоа како што треба, освен Џандар збира и ако некој се сеќава на Водени лудории со Сидор како водител..
А и глупо би било да се направи скроз исто такво шоу без лиценца, со ист концепт.
Сигурно не се глупи што фрлија пари за лиценци за еден Милионер. :)
Леле кои смешки беа тоа, посебно спорните ситуации :pos: ... мал бев тогаш ама се сеќавам :).
Публика во транс, хаха...
 
Член од
16 август 2008
Мислења
3.293
Поени од реакции
637
Марјана во "Танц на ѕвездите"
По Нова година ќе започне со снимање и емитување на македонската верзија на популарното американско реално шоу "Танц со ѕвездите". Дознаваме дека шоуто во кое танцувајќи ќе се натпреваруваат познати личности од домашниот јавен живот, МТВ ќе го работи патнерски со приватна продукција.

Од националната ТВ куќа не сакаа да откриваат детали, само кусо ни рекоа дека наскоро се ќе се дознае на прес конференција. За сега се знае дека дел од учениците е моделот и Бинго девојка Марјана Станојковска, која за потребите на шоуто направи нова, провокативна фотосесија. Ниту Марјана не сакаше да открие детали за учеството во емисијата.
"Танц со ѕвездите" е шоу на американската Тв мрежа Еј-Би-Си, која веќе ја емитува својата 15-та сезона. Пред два месеци, повеќе светски портали ја пренесоа веста дека плејбој зајчицата и актерка Памела Андерсон плачејќи го напуштила шоуто, откако од жирито добила недоволен број поени. На Балканот, шоуто е популарно во Србија, Хрватска, во Бугарија и Албанија (М.Џ.) Фото: А. Велов

http://vest.com.mk/?ItemID=B4DAAF38848BE743AD40E6660199BDBE&arc=1
 

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.836
Поени од реакции
6.838
Браво за DWTS (y) ...штета што нашиот џет-сет е сиромашен со актери и пејачи за тоа да биде со комплетен гламур како во другите земји.
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
15.483
Поени од реакции
7.956
и за Just the Two of Us нека земат лиценца како што имаат HRT ,па да гледаме една сезона шоу со танцување една сезона шоу со пеење;)
 
Член од
16 август 2008
Мислења
3.293
Поени од реакции
637
учесници
Марјана Станојкоска (Лото и Бинго водителка)
Бранко Чупески (од спортската редакција на МТВ)
Јелена Јованова (актерка)
Васил Зафирчев (актер)
Висар Вишка (актер)
Викторија Лоба (пејачка)
Атанас Николовски (кајакар)
Андријана Будимир (ракометарка)
Александар Белов (пејач)
Аделина Тахири (пејачка)

водител
Тони Михајловски
 

Jimmy

Организатор
Член од
26 мај 2006
Мислења
927
Поени од реакции
312
И што е истотака битно....Шоуто почнува да се емитува во текот на месец февруари!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom