Танушевци бара да се одвои од Македонија и да се припои кон Косово, за што се планира да се одржи и референдум на кој би гласале жителите на ова скопско планинско село. Ова, дефинитивно е прашање што заслужува одговор.
Како што пренесува Макфакс, ова, според денешниот број на весникот Факти, го соопштил потпретседателот на Националната Демократска унија, Џезаир Шаќири, познат и по прекарот Командант Хоџа, во конфликтот од 2001 година.
Образложувајќи ја идејата за референдум, Шаќири ги обвини властите во Македонија дека 17 години наназад не покажале интерес за овој дел од земјата, оставајќи ги да живеат „на милост на судбината“.
„Владата на Македонија воопшто не покажува интерес за овој дел од земјата, затоа бараме да се соединиме со Косово. Исто така, со оваа држава ни поврзува и географската положба и многуте семејни врски“, истакна Шаќири.
Тој додаде дека македонската полиција не е добредојдена во Танушевци и дека селото го контролираат жителите на селото, не наведувајќи го бројот на лицата што се вклучени во контролите.
Шаќири негираше дека во Танушевци се и избеганите затвореници од косовскиот затвор Дубрава, Лирим Јакупи и Рамадан Шити.
„Факти“ додава дека од МВР ги отфрлиле изјавите за ситуацијата во Танушевци.
p.s.
Реплика:
1. Во овие 17 години во власта подеднакво партиципирала и етнички чиста албанска партија. Ако некој за тоа треба да се обвинува, логично е албанското малцинство прво да си погледне во својот двор.
2. Што да речат жителите на другите македонски села и региони кои објективно се многу позапустени од Танушевци?
- Да им порачаме на Мариовци да се припојат кон Грција, а?
3. Колку жителите на Танушевци и на сличните села и се лојални на оваа држава. Плаќаат ли даноци и други давачки?
4. Оставете ги бре мајката, вашите косовски браќа, раат нека си се изборат за своите цели, не бидете обични пиончиња!
5. Нели со рамковниот договор им се стави крај на барањата од оваа етничка заедница? Или тоа беше само една кисела заебанција?