Добро може да не знае точно каде е, ама отприлика треба да знае кај се наоѓа некоја адреса.Еднаш со другарка влеговме во такси и му викаме да не носи до еден кафич во парк, тој ни вика во ченто е тој кафич?вакви ме нервираат
Подобро да те праша ако не знае отколку да те однесе негде кај што мисли дека е адресата, па место накај центар да тргне кон драчево ко што мене ми се има случено
Порано секој ден се возев во такси и имам налетано на секакви таксисти. Тоа што по цел ден се во кола не значи дека знаат да возат. И дефинитивно треба да поработат на human skills, зашто повеќето не знаат да проценат дали тој што се вози сака или не сака да им прави муабет за зимницата на баба им или дали и колку жена им им дала. Сфаќам дека се по цел ден во колата, ама кога веќе одбрале да го работат тоа нека се прилагодат на професијата. И одвратни ми се таксисти кои не ги чистат колите, па кога ќе влезеш мириса на ланска сарма, во прагчињата може да засадиш љубичици, а рачките за отварање се мрсни и потемнети. Се работи за 150 денари за миење кола, сигурно можат да си ги дозволат. Исто така страшно ме нервира кога си зборат на мобилен (забрането е со закон) и уште се лутат кога ќе им искоментирам дека не сакам да зборат додека ме возат мене, после што сакаат нека прават. За пуштање ич да не збориме, обично не сакам генерализации, ама повеќето се пуштаат на се' што е женско. Еднаш еден таксист ми се уби од раскажување колку сум била "прекрасна, млада и полна живот" и откако намерно му кажав дека сум средно (втора факултет бев, па и немаше голема разлика) тој ми кажа дека син му ми бил генерација, ама го добил на 17 години зашто додека бил средно он и жена му... и така натака продолжува неговата животна приказна.
Затоа сега кога имам потреба се возам со Наше Такси или Лотус, може не ги знаат сите адреси, ама барем сум сигурна дека колите им се чисти и дека ако не сакаш нема да ти прават рендом муабет, а и враќаат кусур до денарче точно и таксиметрите им се нормално баждарени.