- Член од
- 7 ноември 2022
- Мислења
- 126
- Поени од реакции
- 369
Нормално е битен дека натпревар си носи поише луге ама ова што викаш минатата утакмица 20 тоа треба да ти биде показател дека нешто не штима. Дербито со Вардар сезонава колку имаше 300 400 луге? У средата со Слога имаше 120 130? Епа неможеш од 130 луге у среда да паднеш на 20 у сабота, поиште треба да се сконцентрирате на анимирање на лугето неможеш да стаиш една најава постер и да очекуваш дека ќе имаш некоја бројка. Ја глеав у неделата Работнички Вадар на тв, па после прво полувреме ме болеше глава од фудбалон, мислиш ли дека некој таму што отишол, отишол да глеа квалитетен фудбал? Не би рекол. Рибари глеам дека се трудат работат и они ама некако за ракометов од кога се скараа со Блу Форс не е тоа тоа, пред 3 4 години цела сала пуна сега гледам едвај првиот ред наапунет, малку ми се глупи текстовите на официјален што ги ставааат ама тоа е мое мислење. Сигурно сега ќе биде јако со Пелистер у сабота..Плус е за клубот, минус е за бројката на групата. Луѓето сакаат драми, ете ти прост пример Комити ги живеат најдобрите години кога двата клубови се во критична состојба, со безброј проблеми и во ФК и во РК, секоја игра е борба да се биде или не. Сети се какви катастрофа изданија имаа Комити до пред некоја сезона беа по 20 души на обичните утакмици а клубовите им цветаја. Исто ти е и со Рибари, толку години скоро невидливи, сега РК им е пред Европа, нормално е да има крената бројка дури и повеќе од тоа шо е сега. Дури и кај нас, претходен натпревар околу 20, сега полуфинале толкава бројка без никаква мобилизација, до шо мислиш дека е?
пс. Нема по срање коа ќе прочиташ у најава "најавено е присуство на гостински навивачи", секако е мотив плус да се соберат плус луге ама испага ко тие луге да доагааат само ради навивачката група и глупо изглеа..