Сутоморе

Член од
21 јануари 2009
Мислења
472
Поени од реакции
292
Сутоморе се наоѓа помеѓу Бар и Петровец.Ова мирно место е совршено за одмор и релаксација.Пријатни жители и гостопримлива атмосфера е првото нешто што ќе го забележите кога ќе пристигнете во Сутоморе.Има голем луна парк, долго шеталиште, голем број на продавници за сувенири и кафулиња, aптеки, амбуланта, маркети...
Тука се наоѓа и најголемата и најпозната пицерија на црногорското крајбрежје.

Она што е веднаш забележливо кога прв пат пристигнувате во Сутоморе е природната убавина: Пространа плажа и азурно море од една и голем планински масив од друга страна.
Во сезона Сутоморе остварува преку 10.000 ноќевања дневно. Населението се занимава со туризам, кој е основен извор на приходи на овој град. Големата посетеност на градот највеќе се должи на младите луѓе. Mногу хотели, ресторани, кафулиња, клубови, дискотеки придонесуваат ова место да биде привлечно за голем број туристи.

Она што не смеете да го пропуштите, доколку се одлучите Сутоморе да биде ваша дестинација за летен одмор, се секојдневните бродски излети до одредени места, градови како и преубавата плажа на Кралицата (Краљична плажа)

Плажата на кралицата (краљична плажа) долга 120 метри, која се протега по црногорската ривиера, го добила името по Марија Караџорѓевиќ, југословенска кралица, која сакала да се одмара на оваа плажа. Таа освен што важи за најубава на бреговите на Црна Гора, со сигурност се вбројува и во најубавите плажи на Јадранот, а воедно и една од најконзервативните, затоа што скоро една деценија е затворена за јавноста. Оваа плажа во последно време стана привилегија за политичкиот естаблишмент на Црна гора и за познатите ѕвезди. „Краљичната плажа“ на црногорското крајбрежје се нарекува уште и „недопирлива“., поради нејзината скриеност во шума од борови и маслинови дрвја.

Заинтересиран сум за летување во Црна Гора, поточно за местото Сутоморе, добродојдени би ми биле сите позитивни и негативни критики. Искрено во Бугарија и Грција веќе сум бил па сакам и на Јадранот да видам како е, многумина викаат дека водата е најсолена и доста чиста ?
Ме интересира плажата, водата и се разбира ме интересира дали доколку одам без кола има автобуси за до другите плажи(Чањ, Буљарица, Петровец, Будва и др) не сакам да се затворам на едно место , сакам да просетам барем други 3-4 места. Пишете мислења тие што веќе сте биле таму, дали вреди да се посети Сутоморе или ипак да си одам во Грција (Крф,Тасос...)
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.847

Крф и Тасос ти се меѓу топ 5 места на Балканот. Јас 2 пати сум бил во Црна Гора (Херцег Нови и Будва) и за ништо не ги бива. А и плус може да те украдат, што е и многу познато кај нив. Цените се исто ко кај нас. Сместувањето е скоро иста цена на некои места како во Охрид. Плажи песочни тешко да ќе најдеш, плажите не им се добри од моја гледна точка.
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
12.406
Поени од реакции
545
Лани бевме во Сутоморе, баш овој период, доста евтино е спрема Будва, а имаш автобуси иначе. Само српско се пушта скоро во сите кафичи, настапуваат тие звезде гранда и слично. Ние го прошетавме целиот тој дел и задоволни сме од проводот. Единствено ми е криво што бевме на почетокот на јули, преку викенд беа главните журки, а вака преку недела слабо...
Сместувањето ни изнесуваше 32 евра за ноќ, 4-ца бевме па делевме. А уствари сфативме дека сме можеле и за помали пари да најдеме.
Водата беше некогаш чиста, некогаш прљава зависи од денот. Ама Јадранот е незаменлив во секој случај. Имаш некои плажи како на пример Краљичина плажа што мора да ги посетиш.
 
Christian Lovato

stonecold
Член од
2 април 2012
Мислења
601
Поени од реакции
272
Ние бевме лани во Суто Море 2-3 дена и 6-7 дена во Бар, многу се блиску, цените се исти како во Македонија, ем имаш море...
 
Член од
22 мај 2010
Мислења
630
Поени од реакции
109
Заинтересиран сум за летување во Црна Гора, поточно за местото Сутоморе, добродојдени би ми биле сите позитивни и негативни критики. Искрено во Бугарија и Грција веќе сум бил па сакам и на Јадранот да видам како е, многумина викаат дека водата е најсолена и доста чиста ?
Ме интересира плажата, водата и се разбира ме интересира дали доколку одам без кола има автобуси за до другите плажи(Чањ, Буљарица, Петровец, Будва и др) не сакам да се затворам на едно место , сакам да просетам барем други 3-4 места. Пишете мислења тие што веќе сте биле таму, дали вреди да се посети Сутоморе или ипак да си одам во Грција (Крф,Тасос...)
Се мислев да ја отворам темава вчера и ти ме превари ....одлична тема и мене ме интересира исто и дали може со лична карта се оди ?!?
 
Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.203
Мислам дека е една од најдобрите плажи заедно со БечиЌи, иако се помали места.
 
Член од
25 февруари 2010
Мислења
1.158
Поени од реакции
879
..Јас 2 пати сум бил во Црна Гора (Херцег Нови и Будва) и за ништо не ги бива. А и плус може да те украдат, што е и многу познато кај нив. .
еее, па бугарите и гејциве се чудо од поштењачини, јас лани ова време бев сутоморе и можам само и само пофални зборови да кажам, топ, цените исти како овде, услуга одлична а за со лична карта еве ги се спремаат познаници да одат само со лична карта.
 
Член од
22 мај 2010
Мислења
630
Поени од реакции
109
еее, па бугарите и гејциве се чудо од поштењачини, јас лани ова време бев сутоморе и можам само и само пофални зборови да кажам, топ, цените исти како овде, услуга одлична а за со лична карта еве ги се спремаат познаници да одат само со лична карта.
ајде па да видиме дали ке поминат не е за мене еден другар нема колку ме нервира само :)...забави на плажа по дискотеки има навечер /!?!
 
Член од
25 февруари 2010
Мислења
1.158
Поени од реакции
879
колку сакаш забави, и шипки има и тетки играат по маси:)
 
Член од
22 мај 2010
Мислења
630
Поени од реакции
109
колку сакаш забави, и шипки има и тетки играат по маси:)
тоа се изнагледав овдека и повеќе е од тоа за беспарии така да се ми е познато од таа област :D
 
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.832
Поени од реакции
2.923
сум бил на сутоморе ама на изолирана плажа подалеку од многу народ покрај плажата кај што серат и мочаат затоа одбрав по мали и изолирани плажи со малку народ и можно е да затечиш некои нудисти ама не им пречи, како и да е мирно местенце со чиста бистра вода иако водата е ладна сепак таман е кога има горештина;):) а цената се исти како Охрид ама езеро и море има голема разлика.
 
Christian Lovato

stonecold
Член од
2 април 2012
Мислења
601
Поени од реакции
272
еее, па бугарите и гејциве се чудо од поштењачини, јас лани ова време бев сутоморе и можам само и само пофални зборови да кажам, топ, цените исти како овде, услуга одлична а за со лична карта еве ги се спремаат познаници да одат само со лична карта.
Агреед!
--- надополнето: 6 јули 2012 во 22:57 ---
сум бил на сутоморе ама на изолирана плажа подалеку од многу народ покрај плажата кај што серат и мочаат затоа одбрав по мали и изолирани плажи со малку народ и можно е да затечиш некои нудисти ама не им пречи, како и да е мирно местенце со чиста бистра вода иако водата е ладна сепак таман е кога има горештина;):) а цената се исти како Охрид ама езеро и море има голема разлика.
Има и секси нудистки :)
--- надополнето: 6 јули 2012 во 22:58 ---
колку сакаш забави, и шипки има и тетки играат по маси:)
туу па дали :)
--- надополнето: 6 јули 2012 во 22:58 ---
ладна е водада
Како да не! И плус барем тоа е добро за организмот , и нема да се печеме!
 
Член од
23 септември 2010
Мислења
645
Поени од реакции
385
За сутомоте ја имам негативен впечаток ,таму е цел џган бев пред 2-3 години водата беше прљава, гужва на плажа и луѓе поминуваат преку тебе газат по пешкир плус по тоа скалите од асфалт до море све се посрани и смрди, а во бар бев депресија ме фати. Свети стефан за мене е најубава плажа иако има камења во морето, ама барем чиста вода и покултурен народ зашто повеќето се руси.
еве една слика од плажата св стефан
 
Итар Пејо

Слободен Радикал
Член од
10 октомври 2011
Мислења
738
Поени од реакции
660
Баби и жаби! Сутомоте е синдикална плажа Св.Стефан е за руски олигарси.Едино ако не отидеш и она нашето познато да се келепуриш доколку начекаш прдеш место па да фрлиш пешкир.Ако обијезбеџење те не ухвати живог:) Краљичина заборавија уште од дома ја има закупено некој од баќушките и лани беше 75 Евра чадор и 2 лежалки!!! Ама земи си апарат за секој случај ќе фатиш кадар квалитетен:) Сутоморе плажата и не е толку лоша и е голема а околу имаш и неколку други диви и поитимни како што е Милена Дравиќ нешто како лековито блато има дрн дрн јариња.Поврзаност има со Бар и Будва со автобуси и такси ама такси ко такси исто ко нашиов вид ендемичен таксист македоникус таксистикус или како веќе беше:D А горе долу имаш се, пазар, супермаркет бензинска пошта амбуланта кафиќи и ресторани од кои ќе те болат ушите од турбо дизел фолк и други увопарателни мелодии. Најдобро е со кола да си одиш ако имаш можност, сега има и нов пат преку косово-албанија па за некои 5 часа нормално возење си таму.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom