- Член од
- 21 јануари 2009
- Мислења
- 472
- Поени од реакции
- 292
Сутоморе се наоѓа помеѓу Бар и Петровец.Ова мирно место е совршено за одмор и релаксација.Пријатни жители и гостопримлива атмосфера е првото нешто што ќе го забележите кога ќе пристигнете во Сутоморе.Има голем луна парк, долго шеталиште, голем број на продавници за сувенири и кафулиња, aптеки, амбуланта, маркети...
Тука се наоѓа и најголемата и најпозната пицерија на црногорското крајбрежје.
Она што е веднаш забележливо кога прв пат пристигнувате во Сутоморе е природната убавина: Пространа плажа и азурно море од една и голем планински масив од друга страна.
Во сезона Сутоморе остварува преку 10.000 ноќевања дневно. Населението се занимава со туризам, кој е основен извор на приходи на овој град. Големата посетеност на градот највеќе се должи на младите луѓе. Mногу хотели, ресторани, кафулиња, клубови, дискотеки придонесуваат ова место да биде привлечно за голем број туристи.
Она што не смеете да го пропуштите, доколку се одлучите Сутоморе да биде ваша дестинација за летен одмор, се секојдневните бродски излети до одредени места, градови како и преубавата плажа на Кралицата (Краљична плажа)
Плажата на кралицата (краљична плажа) долга 120 метри, која се протега по црногорската ривиера, го добила името по Марија Караџорѓевиќ, југословенска кралица, која сакала да се одмара на оваа плажа. Таа освен што важи за најубава на бреговите на Црна Гора, со сигурност се вбројува и во најубавите плажи на Јадранот, а воедно и една од најконзервативните, затоа што скоро една деценија е затворена за јавноста. Оваа плажа во последно време стана привилегија за политичкиот естаблишмент на Црна гора и за познатите ѕвезди. „Краљичната плажа“ на црногорското крајбрежје се нарекува уште и „недопирлива“., поради нејзината скриеност во шума од борови и маслинови дрвја.
Заинтересиран сум за летување во Црна Гора, поточно за местото Сутоморе, добродојдени би ми биле сите позитивни и негативни критики. Искрено во Бугарија и Грција веќе сум бил па сакам и на Јадранот да видам како е, многумина викаат дека водата е најсолена и доста чиста ?
Ме интересира плажата, водата и се разбира ме интересира дали доколку одам без кола има автобуси за до другите плажи(Чањ, Буљарица, Петровец, Будва и др) не сакам да се затворам на едно место , сакам да просетам барем други 3-4 места. Пишете мислења тие што веќе сте биле таму, дали вреди да се посети Сутоморе или ипак да си одам во Грција (Крф,Тасос...)