Супер лига, да или не?

Дали сте за Супер лига?


  • Вкупно гласачи
    299
  • Гласањето е завршено на .
Член од
4 октомври 2008
Мислења
380
Поени од реакции
1.264
Касно е сеа за ова. Возот отиде кога клубовите се продадоа на милијардери кои до вчера не знаеле дали фудбалот се игра со нозе или раце.
Малце ми е смешно ко ќе се прат овие муабети, особено ко двајца од тројцата луѓе (Перез и Ањели) на чело на лигава се од чистокрвниве ол нечурал (куров мој) клубови и низи со тРадИциЈА.

Исто ко ќе се спомни дека сè ова се дешава пошто Роман го купил Челзи во 2003, ко да не почна да прај истиов овај Перез генерации галактикоси три години пред то, ко да не фрлаја Морати, Берлускони и фам. Ањели ненормални пари години уназад. Особено нафташов наш интерашки кутар, сe оддаде пари, ако не се лажам скрши рекорд за најскап трансфер прво со Роналдо, после со Виери и пак курац пошто Ањелиевци попаметно трошеле сепак :)))

Денес се смена само то кој има најмногу пари, количината на кеш во игра, и отворените можности за дополнителен профит. Реално времето е такво гадно кај шо се комодифицира сè, а богами фудбалот е и те како златна кокошка од тој аспект и логично беше дека кај да е ќе стигниме до вакво нешто, колку и да не ни се бендисва нас.

Во секој случај далеку од то дека пред 15тина години, во некој момент некој го *заебал* фудбалот, а ако не беше така сега ружи ќе цветаја и Пелистер или Вардар или Беласица ќе имаја исто шанси за титула ЛШ колку Сити или Реал.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.337
Поени од реакции
57.949

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.916
Поени од реакции
84.332
Прашања за некои што се ЗА лигава ако има такви.


Ако екипиве добијат надреална сума на пари да ги сменат имињата во "Heineken Chels" "Amstel Juve" и слично, дали сте за?

Ако екипиве добијат надреална сума на пари за да го сменат градот и од Манчестер Јунајтед да добиеме Сан Диего Јунајтед и од Интер Милано да добиеме Интер Сеул, дали сте за? (нели+ спонзори, па целосното име да биде Tisot San Diego United и Evian Inter Seoul)

Ако екипиве добијат надреална сума на пари за да направат фудбалот да биде подинамичен, и наместо 2x45 направат да се игра 4x20 дали сте за?

Ако екипиве добиваат надреална сума на пари за да има "FedEx FAST MOMENT OF THE GAME" каде екипата што го има најбрзиот играч на теренот после мечот ќе добие +1 поен на контото, дали сте за?

Ако...

И така натаму.

Муабетов ми е..каде ќе кажете "Да, ова е некако премногу" или фудбалот е фудбал и мора да еволуира.

Ако одговорот е "Да, фудбалот мора да еволуира, мора да има "McDonalds presents: Semi-annual North Korea-Bowl game live from Pyongyang" тоа е нормално" ...зошто не скокнеме уште од сега до таа фаза каде што ќе го добиеме "најдобриот, еволуиран до максимално профитабилна стаза" фудбал? Зошто да почнеме од сега со нешто што за 100 години ќе биде гледано како "Haha, a be, porano 0-0 zavrshuvale utakmici, a sega 27-24 zavrsuvaat, glej kolku bil zaostanat fudbalot porano, dva pati po 45 minuti igrale haha" наместо да скокнеме директно до нештото што е најдобро за фудбалот како ултимативна цел на спортот?

Пошто нели, на почетоците пред да постои фудбалов (F.A.) имало и ситуации каде едно полувреме се играло рагби а другото полувреме се играло со 'association rules football' т .е. ова што сега го знаеме...па порано немало офсајд, сега има, така да ете, ако офсајдот помага на фудбалот, зошто "THREE (спонзорот на дресовите на челзи) POINT GOAL" т.е. секој гол надвор од шестнаесетник или со ножички да се рачуна како три погодоци би било различно? Исто како офсајд би било и ова, нели? Нова еволуција на фудбалот.
 
Член од
26 јануари 2019
Мислења
3.630
Поени од реакции
5.606
Премногу галама за формат кој сеуште нема конкретно одлучено како ќе функционира. Еве и УЕФА искочи со нов формат за од 2024 на лига шампиони кој ќе биде доста сличен на овој на супер лигата. Горе доле и двете страни сакаат слична работа само сега е проблемот дали уефа ќе ги лапа парите или клубовите. Како и да е ќе се најде некое решение измеѓу. Ниту клубовите ниту УЕФА и Фифа не можат си дозволат тежок дебакл со забрани и исклучувања од првенства. Да можеше УЕФА да го нараво тоа уште денес ќе го ама ете одлучиле да се дозволи да се заврши сезонава ко што е.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.337
Поени од реакции
57.949
Ако екипиве добијат надреална сума на пари за да го сменат градот и од Манчестер Јунајтед да добиеме Сан Диего Јунајтед и од Интер Милано да добиеме Интер Сеул,

Ќе се формира нов Интер 1908 во Милано, ќе си почне таму од општински лиги нагоре и тоа е тоа. Другиот Интер Сеул ќе си игра со Милан Гванжу и Јувентус Гвантанамо, ќе заборавиме дека постојат и така...
 
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.560
Поени од реакции
17.592
Уживам во плачењево на Цеферин. Типовите направија полуприватна ЛШ со 16 екипи од 4 лиги, ама Суперлигава ќе го уништела фудбалот. Корумпирана стока, која милион пати е фатена како брца во медот, со нивните другари од ФИФА кои ќе организираат СП во Катар во декември за голем рушвет ќе се понашале на брендовите. Јако им го турија Ањели и Глејзер на раководствово, кога им велеле све е океј. :pos: Нека се чадат сега или па нека се фатат за работа да ги интегрираат помалите земји, а не Гладбах, Наполи и останати непостоечки клубови, со никаква традиција и неколку полутрофеи да се отепуваат од пари од ЛШ само зашто биле во Лига со Баерн или Јуве, а Источна Европа да има по 1-2 претставника во крајните фази. Дај нека избалансираат тие борците за правата на помалите, а не да удираат на раката од која јадат леб.
 
Член од
29 јуни 2018
Мислења
3.471
Поени од реакции
5.474
Премногу галама за формат кој сеуште нема конкретно одлучено како ќе функционира. Еве и УЕФА искочи со нов формат за од 2024 на лига шампиони кој ќе биде доста сличен на овој на супер лигата. Горе доле и двете страни сакаат слична работа само сега е проблемот дали уефа ќе ги лапа парите или клубовите. Како и да е ќе се најде некое решение измеѓу. Ниту клубовите ниту УЕФА и Фифа не можат си дозволат тежок дебакл со забрани и исклучувања од првенства. Да можеше УЕФА да го нараво тоа уште денес ќе го ама ете одлучиле да се дозволи да се заврши сезонава ко што е.
Мислам дека не е форматот проблем. Топ си е две групи од по 10 екипи, каде што најдобрите 2 од група ќе идат понатаму во полу финале. Мислам дека имаше ваква дебата пред некој месец. Проблемот е што се бара „елитна супер лига“ каде што ќе имаш 6 англиски екипи и по 3 од италија и шпанија што ќе бидат заштитени ко бели мечки, т.е нема да може да испаднат.
Уефа доколку би ја напраила ЛШ така би било сосем друг муабет. Многу повеќе конкуренција и поголема атрактивност на натпреварувањето. Еве, и Супер Лига нека биде, само нека има конкуренција, нека има жар, нека има и награда и казна за сите.
 
Член од
7 декември 2019
Мислења
4.633
Поени од реакции
8.205
Фифа и УЕФА постојат со некоја причина, Лигата на Шампионите е направена со причина. Лига Европа си постои и еве и трет ешалон прават за следна сезона.
И Обединети Нации постојат со причина па јуесеј си бомбардира секаде кај што ќе му се чини интересно, па никому ништо! Кај има сила нема правдина, кој како змислил нека тера!
Бајдвеј, куриња и вас ќе ве опнат, немој да мислите дека спортскиот пакет ќе биде како досега! Зихер 10 јеврони ќе биде плус задоволството да се гледа оваа суперпуперлига.
Може пишал некој, ама не можам да ги исчитам сите страни, многу букви сте потрошиле баго стопанкината. Некој и на работа оди, имајте исаф :D
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.618
Поени од реакции
18.091
На крај мислам дека ќе се најде компромис со тоа што ќе се креира лига од 20 тима со 15 од топ 5 лигите, плус по еден од останатите лиги. Со таа разлика што ќе има релегација и унапредување, како и втора лига на супер лигата која што најверојатно ќе ја замени уефа лигата. Разликата ќе биде што нема да бидат купски натпреварувања, туку баш лигашки формат, секој со секој игра по два пати, дома и гости.
 

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.302
Поени од реакции
45.926
Додека не го видов Гери Невил како тртомуди и се лигави бев поделен околу идејава, после тоа негово двеминутно излагање сто проценти сум на страна на фудбалските велможи.
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.561
Поени од реакции
52.356
Разликата ќе биде што нема да бидат купски натпреварувања, туку баш лигашки формат, секој со секој игра по два пати, дома и гости.
Тоа е форматот на групите. Имаш две лиги по 10 тимови каде сите играат меѓу себе по два пати и после тоа најдобрите од двете одат во нокаут фаза.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom