Судот пресече, прекршителите на црковниот имот во Австралија казнети, МПЦ за Австралија и Нов Зеланд

H

HITCH

Гостин
Прва работа, јас не живеам во Австралија, ама дневно сум информирана за скоро сите случувања таму, за она што ме интересира.
Втора работа, јас збрувам за поддршка на дедо Царкњас да биде владика за Грција, Австралија и Нов Зеланд, не ги поддржувам Ицо и Александров, ама безрезервно верувам во Царкњас.
Трето, ако дедо ти Петар не учествувал во осветување на храм, со кој памет тогаш доаѓа да бара пари и да тврди дека тоа е имот на МПЦ?! Кога почнала изградбата на храмот ниту еден не се одзва на молбите на верниците, ама кога слушнаа како ѕвецкаат паричките одма им текна дека таму има нашинци. Поповите кои богослужат не се расчинети, оти ако се расчинети нема да праќаат пари во МПЦ. Вака ни волкот сит, ни овците на број.
Бидејќи и двајцата се согласуваме дека на заедницата и` е потребна слога, затоа тврдам дека Царкњас е најдобар избор за Австралија. Проблемот во Перт е Петар, проблемот во Мелбурн е Петар, проблемот во Сиднеј е Петар... Па, ако тој е проблем, каде му се етичките и моралните вредности? Во која кола ги заборавил? Нели е поп?! Повели извор за колите, за преварите со Изгрев и останатиот црковен имот нема воопшто да се осврнам, а тек платите на поповите какви се...

В ред е да не се согласуваме, ама прво провери кого го поддржуваш. Знам како се заработуваат пари, затоа велам дека на Петар треба да му се симне чинот и да биде поп од понизок ранг. Наместо попот да помогне штом ќе види дека народот го вика за помош, попот кај нас прави пресметка колку е заработи.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.819
Поени од реакции
12.308
Во тој случај МПЦ треба да престане да постои и во Македонија и насекаде.Оти крадат.
Ќе се крстиме во бугарска, српска или грчка, исто е ;)
 
H

HITCH

Гостин
1. Во Македонија никогаш немаме направено прашање за сопственост на имот на црква или манастир.
2. Од излагањето на Г Александров и ГГ Петар, гледам дека суштината е имот, пари и моќ. Не гледам верба, ниту вера дури и по цена на раскол на 2 Македонски цркви во Австралија. Мислам...глупо е со тоа профит профит, имоти....
1. Во Македонија постои ваковски имот, тоа е имот кој црквата си го купила или наследила, а Австралија сега се населува. Црквата си гради на нејзин имот, а во Австралија мора да има сопственик.

2. Не спорам за ова, јас велам дека Царкњас треба да биде хиротонисан во владика во Грција, Австралија и Нов Зеланд.

Александров нема капацитет да ја истурка работава, ама се наметна - Драчевчанец иди спротивстави му се... :icon_lol: Во Австралија имаме прекрасни луѓе кои можеа да го решат Петар за две недели, ама паметниот попушта...
Црквата не се поповите, црквата е народот. Порано додека мажите се бореле против непријателот поповите и жените ги чувале децата и им ја всадувале љубовта за Македонија. Сега поповите возат бесни коли и се тепаат и судат за имот. Што ќе му се 1000 евра на Петар, ако народот едвај крпи крај со крај? Зошто попот вози џип, мерцедес, BMW...?! Зошто им е обезбедување до нив? Од кого и од што се плашат?

Во тој случај МПЦ треба да престане да постои и во Македонија и насекаде.Оти крадат.
Ќе се крстиме во бугарска, српска или грчка, исто е ;)
Не! Поповите мора да се вратат в колосек и да бидат попови, а не лопови!
 
F

FARANG

Гостин
Прва работа, јас не живеам во Австралија, ама дневно сум информирана за скоро сите случувања таму, за она што ме интересира.
Втора работа, јас збрувам за поддршка на дедо Царкњас да биде владика за Грција, Австралија и Нов Зеланд, не ги поддржувам Ицо и Александров, ама безрезервно верувам во Царкњас.
Трето, ако дедо ти Петар не учествувал во осветување на храм, со кој памет тогаш доаѓа да бара пари и да тврди дека тоа е имот на МПЦ?! Кога почнала изградбата на храмот ниту еден не се одзва на молбите на верниците, ама кога слушнаа како ѕвецкаат паричките одма им текна дека таму има нашинци. Поповите кои богослужат не се расчинети, оти ако се расчинети нема да праќаат пари во МПЦ. Вака ни волкот сит, ни овците на број.
Бидејќи и двајцата се согласуваме дека на заедницата и` е потребна слога, затоа тврдам дека Царкњас е најдобар избор за Австралија. Проблемот во Перт е Петар, проблемот во Мелбурн е Петар, проблемот во Сиднеј е Петар... Па, ако тој е проблем, каде му се етичките и моралните вредности? Во која кола ги заборавил? Нели е поп?! Повели извор за колите, за преварите со Изгрев и останатиот црковен имот нема воопшто да се осврнам, а тек платите на поповите какви се...

В ред е да не се согласуваме, ама прво провери кого го поддржуваш. Знам како се заработуваат пари, затоа велам дека на Петар треба да му се симне чинот и да биде поп од понизок ранг. Наместо попот да помогне штом ќе види дека народот го вика за помош, попот кај нас прави пресметка колку е заработи.

Незнам кој те лаже за случувањата во Австралија ама очигледно не си добро информирана.

Царкњас треба да си остане во Егејска Македонија каде е и потребен на Македонците. Нема потреба да доаѓа овде. Овде се е решено. Алексадров и компаниите имаат избор или ќе се приклучат кон МПЦ или на суд една по една ќе ги губат спорните имоти. Народот и онака над 80% е со МПЦ.

Петар не ме е дедо, ама он ја преставува МПЦ во Австралија. Дур е тука ќе ја почитувам функцијата што ја има. Тоа дека не учествувал во осветување на храм ради не припазување на некој регулации од тие што го граделе незначи дека не треба да ги брани интересите на МПЦ овде. Има МНОГУ народ што донирал за тој храм да се изгради за да биде ДЕЛ од МПЦ, врпочем така беше рекламирано и така се собраа сретствата. Ради тоа АПСОЛУТНО има право да се вмеша во манипулациите што ги прават компаниите. Во Епинг во црквата долго време служеше и мислам уште служи РАСЧИНЕТ поп. Тоа е ФАКТ. Пари ако и пази ова е ако се праќаат се праќаат затоа што така е правилото. Значи си има црковни такси кој секој си ја плаќа и тие пари треба да завршат вп МПЦ. Негледам што е тука спорно. Петар НЕ Е ПРОБЛЕМОТ: Проблемот го реши судот. Сега е до секташите да одлучат дали ќе идат до крај со уништувањето на заедницата или ќе се покајат и побараат прочка. Платите и колити им ги знам али ако се земе во предвид и дека еден генерал во војска има слични примања тогаш не гледам што е проблемот. Извини ама со неколку илјади евра во Австралија ти неможеш да живееш луксузно. На крај крајева тоа е веќе друг проблем. Кој и да дојде исто ќе биде кога тоа е во прашање.
 
Strenght

Never Give Up!!
Член од
24 април 2010
Мислења
2.516
Поени од реакции
1.824
Не се многу. Некој како игор аврамовски александров и неговата банда која свесно години си ги лажеше и крадеше нашите верници таму. Зар не го гледаше на некоја тв последниов месец?.. Дури и синодот го прими на разговор. Резил невиден. Гостуваше на 24 вести, кај шашко во аналитико, во пресинг на алфа... И самиот незнаеше како да лажи. Неколку пати му се испушти, си призна дека тие никогаш не ја признавале Македонската Православна Црква.... Владиката Петар ги објави јавно документите каде јасно се гледа што потпишале тие расколниците. Ако не беше Петар половина од црквите досега ќе ги снајдеше судбината како на црквата во Перт. Ја изгубија на комар пијанчиштата.. Кај нив освен распопени и по некој поп бугар или грк немаше друг во служба. Судот ја донесе правилната одлука.
--- надополнето: 22 декември 2012 во 00:55 ---
На инфо,скај,а1он се вртеше ова.
http://a1on.mk/wordpress/archives/52395 Што можеше да се очекува од Стојанчета повеќе?
Тропаш глупости а ни самиот не си свесен што се случува таму.. нареден пат ќе те замолам да си подќутнеш попаметен си така :)
 
H

HITCH

Гостин
Народот и онака над 80% е со МПЦ.
Прво, совршено сум информирана!
Ако е народот 80% со МПЦ, тогаш каде е проблемот на Петар? Лесно е, Петар нека не богослужи во тие храмови, ама тоа значи и дека нема да зема пари од таму. Гледаш каде е проблемот на Петар? Парите!
Плата на поп во Австралија, со платени месечни трошоци е 4.500 илјади долари на две недели, 9.000 долари се пари месечно и за во Австралија се многу! Ако градежен инжинер зема 5000 - 8000 долари на две недели (зависи од местото, фирмата и часовите за работа, некои земаат и повеќе), а за сместување, во зависност од местото, му требаат од 800 - 2000 долари месечно (наместена куќа од 900 м2 е околу 2000 долари, во некој скромен кварт, не сиромаштија, туку каде населба каде живеат средна класа), бујрум пресметај попот колку троши, а колку му останува.
Не може расчинет поп да врши богослужба и пак да стигнуваат парина сметка во МПЦ. Ако го расчинат попот значи ги прекинуваат односите со него и тој останува без работа, ако народот дознае дека попот е расчинет ќе го избркаат. Е, сега... бидејќи Македонците се поделени, Петар може да си се тужи дури е жив.
Вака ќе образложам: јас решавам да градам куќа и сакам да викнам поп да ги освети темелите, ама му кажувам дека сега немам пари да му платам, цена за осветување е 1500 денари од поп, значи за три попови ќе ми требаат 4500 денари. Откако јас ќе ја изградам куќата попот не може да дојде и да ми побара пари за осветување, јас ќе му платам на тој што дошол. Значи на Петар нема да му дадам пари за нешто што не го направил.
Поповите во МПЦ знаат за глупостиве на Петар, ама нема никој чист за да го подбере.
Кога собираат пари за црква има друга прцедура. Се собираат Македонци и одат прво во општина за да се договорат каде смеат да градат храм, оти градот си има предвидено место каде може да се гради верски објект. За да се изгради храм треба да се обезбедат и услови, а не да се паркираат по сокачиња... Процедурата би требало да ја знаеш, ама и треба да знаеш дека во Австралија не можеш да отвориш банкарска сметка во име на МПЦ.
Петар не смее да стапне во Перт, може да се шета во Сиднеј и со обезбедување Мелбурн. :icon_lol:

П.С. Поповите не беа романски, туку си беа од МПЦ.
 
F

FARANG

Гостин
Прво, совршено сум информирана!
Ако е народот 80% со МПЦ, тогаш каде е проблемот на Петар? Лесно е, Петар нека не богослужи во тие храмови, ама тоа значи и дека нема да зема пари од таму. Гледаш каде е проблемот на Петар? Парите!
Плата на поп во Австралија, со платени месечни трошоци е 4.500 илјади долари на две недели, 9.000 долари се пари месечно и за во Австралија се многу! Ако градежен инжинер зема 5000 - 8000 долари на две недели (зависи од местото, фирмата и часовите за работа, некои земаат и повеќе), а за сместување, во зависност од местото, му требаат од 800 - 2000 долари месечно (наместена куќа од 900 м2 е околу 2000 долари, во некој скромен кварт, не сиромаштија, туку каде населба каде живеат средна класа), бујрум пресметај попот колку троши, а колку му останува.
Не може расчинет поп да врши богослужба и пак да стигнуваат парина сметка во МПЦ. Ако го расчинат попот значи ги прекинуваат односите со него и тој останува без работа, ако народот дознае дека попот е расчинет ќе го избркаат. Е, сега... бидејќи Македонците се поделени, Петар може да си се тужи дури е жив.
Вака ќе образложам: јас решавам да градам куќа и сакам да викнам поп да ги освети темелите, ама му кажувам дека сега немам пари да му платам, цена за осветување е 1500 денари од поп, значи за три попови ќе ми требаат 4500 денари. Откако јас ќе ја изградам куќата попот не може да дојде и да ми побара пари за осветување, јас ќе му платам на тој што дошол. Значи на Петар нема да му дадам пари за нешто што не го направил.
Поповите во МПЦ знаат за глупостиве на Петар, ама нема никој чист за да го подбере.
Кога собираат пари за црква има друга прцедура. Се собираат Македонци и одат прво во општина за да се договорат каде смеат да градат храм, отиградот си има предвидено место каде може дасегради верски објект. За да се изгради храм треба да се обезбедат и услови, а не да се паркираат по сокачиња... Процедурата би требао да ја знаеш, ама и треба да знаеш дека во Австралија не можеш да отвориш банкарска сметка во име на МПЦ.
Петар не смее да стапне во Перт, може да се шета во Сиднеј и со обезбедување Мелбурн. :icon_lol:

П.С. Поповите не беа ромаснки, туку си беа од МПЦ.

:pos:Со оглед на тоа дека не живееш во Австралија и си вадиш цифри од памет јас понатака немам намера да дебатирам со тебе.

Во Австралија има може 2 цркви што прават повеќе од 9000 долари месечно а ти ми збориш толкави им се платите. Дај те молам биди бар мааалку реална. Кога ќе најдеш наместена куќа од 900м2 за 2000 долари месечно КАЖИ МИ, оти за тие пари ни куќа од 300м2 без намештај нема.

Ти кажав точно КАДЕ служеше долго време а мислам и сеуште служи РАСЧИНЕТ поп. Има и други такви.

За тужење може да се тужат ама ќе заврши исто ко и сега, како што реков до бандата на Александров е дали ќе ја уништат и доосиромашат заедницата. Петар не е проблемот, кој и да е исто ќе биде освен ако не си наместат некоја марионета.

За поповите ако биле од МПЦ ко што викаш (не ти верувам за тоа, ама ај нека биде) тогаш уште подобро, нема да мора да се руши кога ќе се врати под МПЦ.

Процедурата за градење црква што ја опишуваш НЕМА ВРСКА со реалноста. Во куси црти архитект проектира, тие ги знаат регулативите и нормално гледаат да се запазат затоа се платени, планот оди во општина да се одобри па се гради. Никој од народот не оди во општина, ако има проблем тогаш обично иде на еден вид градежен суд (секоја федерална држава ова различно го решава во Викторија тоа е VCAT). Предвидени места за верски објекти НЕМА, од кај би знела општината каде ние или било која заедница сака да гради црква или џамија. За банкраска сметка исто така нема врска, значи ако регистирам компанија под име МПЦ - Дарвин не е проблем да отворам сметка. Тоа го прават приватњаците. Повторно инфото ти е грешно. Во Австралија проблем е само ако во името на фирмата се содржи името Австралија или зборот Банка, тогаш е потребна специјана дозвола за да ти се одобри регистрација на фирмата, се друго не е проблем.

Петар оваа година беше во Перт. Ти се горедееш со тоа што Владика мора да има обезбедување кога шета меѓу свој народ? Сигурно горда си и со тоа што компанискиот поп во Сиднеј минатата недела давел верник во црквата после служба па сега и полицијата е вмешана во сето тоа. Тие луѓе ли да не водат?

Биди ми поздравена, нема поента повеќе да дебатираме. Судот реши КРАЈ.
 
Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Процедурата за градење црква што ја опишуваш НЕМА ВРСКА со реалноста. Во куси црти архитект проектира, тие ги знаат регулативите и нормално гледаат да се запазат затоа се платени, планот оди во општина да се одобри па се гради. Никој од народот не оди во општина, ако има проблем тогаш обично иде на еден вид градежен суд (секоја федерална држава ова различно го решава во Викторија тоа е VCAT). Предвидени места за верски објекти НЕМА, од кај би знела општината каде ние или било која заедница сака да гради црква или џамија. За банкраска сметка исто така нема врска, значи ако регистирам компанија под име МПЦ - Дарвин не е проблем да отворам сметка. Тоа го прават приватњаците. Повторно инфото ти е грешно. Во Австралија проблем е само ако во името на фирмата се содржи името Австралија или зборот Банка, тогаш е потребна специјана дозвола за да ти се одобри регистрација на фирмата, се друго не е проблем.
Кога нашите се иселиле во Австралија таму немало македонска црква, поентата е дека тие овозможиле услови за да може да опстојува Македонската Православна заедница, земајќи кредити со заложување на своите куќи за изградба на првите македонски цркви.
Извини ама во случај кога нешто било изградено со народни пари, не е во ред туку така да му се препушти на некој што е благо речено сомнителен во своите управувачки и идеолошки намери.

Предлогот беше ставен на маса, нека се смени Петар и независните црковни општини ќе ги предадат имотите под директна јурисдикција на Синодот.

Затоа ајде да не се давиме во шпекулации, дали нешто ќе се сменело или не, подобра шанса за надминување на проблемите досега немало.
 
Зависи како гледаш на работите. Гуштеров пред некое време изгради црква и ја предаде на МПЦ. Не бараше ништо за возврат. Манастирот во Крушево Тоше што го помагаше/градеше не го носи неговото име нит па луѓе многу многу знаеа за тоа.

Тоа дека се градело со народни пари се градело, АМА се градело во име на МПЦ или пред МПЦ во име на Македонската Црква. Многу луѓе дале пари кој повеќе кој помалку зошто денес 10тина души да одлучуваат за судбината на тие имоти кој си ги раководат како свој? Ја продадоја црквата во Фицрој па чекај бре таму имаше 1000ци македонци крстени и женети. Кој се тие да продаваат црква тек така? Збориш за сомнителни луѓе, а единствена страна која го ситни имотот на заедницата и продава цркви е таа против МПЦ. Се слагам дека ова беше прав момент и требаше да се искористи АМА неможе под диктат со или или пропозиции поготово не сега откако судот ОДЛУЧИ.
 
H

HITCH

Гостин
Ти џабе живееш во Австралија, ако живееш таму.
Петар проба да ја продаде црквата Св. Никола во Перт за смешни пари за да си ги исплати адвокатите, или не си знаел за ова?
Петар во Перт го има најголемиот отпор.
 
Претпоставувам информациите ти се од истите извори ко со платите и процедурите во Австралија. :tapp:
 
H

HITCH

Гостин
Претпоставувам информациите ти се од истите извори ко со платите и процедурите во Австралија. :tapp:
Провери си на интернет и ќе видиш дека владиката Петар сакал да ја продаде црквата Свети Никола во Перт, оти немал пари да им плати на адвокатите.
 
пунтер

betfair trader
Член од
21 март 2011
Мислења
5.513
Поени од реакции
9.356
не ми е јасно зошто во целиов случај овде некој го меша Царкањас или како се вика, ова е или беше спор мегу МПЦ и екипата на Александров, не знам зошто некој упорно вика Петар ова она, без да навлегувам колку е добар или лош Петар, за екипата на Александров не е проблем Петар како Петар, туку Петар како преставник на МПЦ, и утре било кој и да биде преставник на МПЦ, па макар тоа би бил и Царкањас пак тие ке бидат против, не знам зошто овде упорно мешаат баби и жаби. И ако нешто ме нервира е тоа што некој како Александров се преставува како преставник на Австралиската Македонска Дијаспора, тој може да биде преставник на неговата екипа а никако на цела дијаспора, неговата подршка од страна на народот е сериозно разнишана.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.819
Поени од реакции
12.308
Не! Поповите мора да се вратат в колосек и да бидат попови, а не лопови!
Збориме за реалност Хич, не за како би требало да биде, за фискални и даноци. Според таа реалност, многу малку информации со докази се приложуваат на јавноста, посебно на Македонците овде во Македонија. Но судејќи според информациите се работи исклучиво за имотна корист и профит по цена на разноразни поделби која не потекнува ни од Петар ни од Дедо Стефан. Нам не ни се виновни грците ни бугарите, ние сами се ставаме у гомна до гуша.
Еден коментар од весник од некој нашинец од Австралија
Sidney,Avstralia
So nagoduvanje samo se greshi.Jas sum vernik na MPC-OA i toa ke ostanam,no shto mozam da komentiram protiv gazdite na poedini makedonski pravoslavni opshtini koi se alergicna kon MPC-OA iAvstralisko novo Zelandskata eparhija.Okupatorite na Makedonskite pravoslavni crkvi vo Avstralija treba da se naucat da ja pocituvaat MPC-OA i SAS na taa crkva.Jnaku ne se razlikuvaat po nishto od gospodinot Vranishkovski!Pomosh potrebna,razgovori se potrebni nadlezniot Mitropolit ocigledno namozi da go reshi problemot,shto se ceka da se izgubi i onaj mal ugled shto go ima MPC-OA vo sredinata na Makedonskite pravoslavni vernici vo Avstralija i Novi Zeland?!Do koga ke odime vaka,da se gubat pravoslavni vernici od mladata generacija?!Navstina e neprifatlivoza na postarite vernci na MPC-OA.Treba celiot SAS na MPC-OA da razmisli za ova,bez zadni misli ilise izgubi mladata generacija vernici na MPC-OA vo Avstralija.Blagodaram.
Интересно :)
прашање е дали има некој доказ. Читам дека објектот Св Никола бил во незавидна положба уште во 80-тите, што се вели ни Г Г Петар ни Вранишковски биле тогаш активни во тој дел од светот што повторно наведува на нешто друго. Еве еден текст од пред 1 година.
Вистината за Св. Петка
Првите се регистрираа како инкорпорирана компанија и асоцијација уште во 1998 година. Отидоа кај Attorney General (највисокото тело) да се пререгистрират, од Македонска Православна Црква во приватна компаниска црква, каде никој ќе нема право да ги контролира што и како прават со бордот на директори. Му подметнаа фалсификат документ на A.G. (Attorney General), дека тие се правата црква МПЦ, а МПЦ била некој “комунистички производ“. Значи од коњ да паднеш на магаре со цел неконтролирано да работиш со финансии. Затоа во тек на судењето, A.G. си ја призна грешката и рече дека после судов, посебно ќе ги судат овие “мудреци“.
Дел од статутот на расколничата парацрква:
“Црковната асоцијација е основана надворешно, работи независно и не ја признава јуриздикцијата на Македонската Православна Црква основана ( прогласена) во 1967 со седиште во архиепископијата во Скопје, Р.Македонија“

Јак Статут :)
Да не ја копирам цела статија, се споменуваат истите лица кои се вплеткани и во други афери во Австралија кои фигурираат и во други написи за "нашите" во Австралија, ,
http://mn.mk/komentari/6138-Crni-ovci-arpadzici
http://www.mn.mk/komentari/6210-Koj-kako-si-drobel-taka-i-ke-si-srka
каде едни исти имиња се вртат веќе неколку децении разноразни најдовци, Стефовци, Серафимовци, александровци...интересен калабалак од информации каде веќе е прашање каде е границата на вистината и лагата, што е вера, што е профит.
Единствена вистина читајќи одовде, за мене е дека некој заради заработка, живее врз грбот на МПЦ и дијаспората, а дијаспората треба да ги отвори очите оти профитот не е се. Посебно ако се верници.
 
Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Интервју со архимандритот Никодим Царкњас, во врска со улогата на Македонската православна црква во егејскиот дел на Македонија и во дијаспората, а особено во врска со предизвикот пред утрешната Синодска седница. Вечер, на ТВ Сонце, веднаш после вестите во 18.00 часот. Водител: Милан Аџиевски.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom