Судот пресече, прекршителите на црковниот имот во Австралија казнети, МПЦ за Австралија и Нов Зеланд

Член од
21 ноември 2012
Мислења
1.174
Поени од реакции
744
Судот пресече, прекршителите на црковниот имот во Австралија казнети, МПЦ за Австралија и Нов Зеланд обештетена

Вчера заврши деценискиот судски спор кој се водеше за црквата Света Петка во Рогдаил, Сиднеј. Судот досуди во корист на МПЦ епархија за Австралија и Нов Зеланд, и митрполитот Петар и донесе одлука прекршителите кои крчмареле црковен имот да бидат строго казнети бидејќи го прекршиле законот за злоупотреба на црковен имот и 75% од трошоците треба да ги платат, односно вратат.

Од овие 75% , 50% треба да плати инкопарацијата, а 25% четворица од петте осудени што значи дека петтиот куртулил. Важно е дека инкопарацијата на таканаречените црковни општини не смее да злоупотребува повеќе имот и да троши повеќе пари од црковен имот, а најмалку не за плаќање на судски трошоци или било какво друго обештетување.

Неофицијално познати се и имињата на оние кои се осудени за да ја платат оштетата и трошоците но за ова во некоја наредна прилика, бидејќи Радио Илинден Мелбурн будно го следи овој црковен проблем за кој македонската јавност навремено ќе биде известена.

За пошироката јавност, за оние кои не се запознати со овој случај, еве на кратко за што станува збор.

Се започна пред 12 или 13 години кога приватните инкопорации беа во заблуда и не дозволуваа во црквата Света Петка во Родгаил, Сиднеј да служи легален свештеник и Владиката Петар, и наместо нив, во црквата назначија да служат распопи и поради тоа се покренаа и судски спорови, МПЦ епархија за Австралија и Нов Зеланд на чело со митрополитот Петар си бараа легално право да си служат во МПЦ. По неколку месеци по маратонско судење судот дозволи никој да не може да спречи служење на легален свештеник назначен од митрополитот Петар, бидејки тоа му е легално право на митрополитот.

Па така судот пред неколку месеци донесе пресуда да може Владиката Петар да служи во Света Петка. Тогашната пресуда во јавноста се протолкува како голема победа на митрополитот Петар и голема победа на вистината. Со вчерашната пресуда сето тоа се круниса и јавноста имаше можност да го види крајот на овој децениски судски спор на кој се потрошија милионски суми за што некој треба и да плати.

Милионските трошоци ќе ги проценува неутрален експерт за процена назначен од судот на Австралија. После ова јавноста и верниците се среќни за коректната пресуда на австралискиот суд кој застана на страната на вистината. http://www.radioilinden.com.au
 

bitushanec

Борец за човекови права
Член од
17 јануари 2006
Мислења
3.741
Поени од реакции
814
Петре да беше вистински верник и патриот, самиот ќе се откажеше од австралиската епархија, пошто народот македонски од Австралија го нејќе.

Да не заборавиме дека Петрето му беше ментор на грко-влавот Вранишковски.

Многу Македонци од Австралија сметаат дека Петрето не работи во интерес на македонскиот народ и МПЦ.
 
Член од
21 ноември 2012
Мислења
1.174
Поени од реакции
744
Петре да беше вистински верник и патриот, самиот ќе се откажеше од австралиската епархија, пошто народот македонски од Австралија го нејќе.

Да не заборавиме дека Петрето му беше ментор на грко-влавот Вранишковски.

Многу Македонци од Австралија сметаат дека Петрето не работи во интерес на македонскиот народ и МПЦ.
Не се многу. Некој како игор аврамовски александров и неговата банда која свесно години си ги лажеше и крадеше нашите верници таму. Зар не го гледаше на некоја тв последниов месец?.. Дури и синодот го прими на разговор. Резил невиден. Гостуваше на 24 вести, кај шашко во аналитико, во пресинг на алфа... И самиот незнаеше како да лажи. Неколку пати му се испушти, си призна дека тие никогаш не ја признавале Македонската Православна Црква.... Владиката Петар ги објави јавно документите каде јасно се гледа што потпишале тие расколниците. Ако не беше Петар половина од црквите досега ќе ги снајдеше судбината како на црквата во Перт. Ја изгубија на комар пијанчиштата.. Кај нив освен распопени и по некој поп бугар или грк немаше друг во служба. Судот ја донесе правилната одлука.
--- надополнето: 22 декември 2012 во 00:55 ---
На инфо,скај,а1он се вртеше ова.
Ангелов: Владиката Петар да се повлече од администратор на Австралиско Новозеландската Лидерот на Достоинство, Стојанче Ангелов го повика владиката Петар да се повлече од позицијата администратор на Австралиско-Новозеландската епархија за доброто на македонскиот народ.

„Повеќе од 15 години траат недоразбирањата мегу Македонската православна заедница од Австралија и владиката Петар. Пред неколку дена имавме можност да го видиме владиката Петар како на една емисија зборува дека тие што не се со него, односно се против него во Австралија, се само 5 односно 12 црковни општини. Тоа го кажа со голема леснотија иако се работи за неколку десетици илјади Македонци.
Затоа го повикуваме владиката Петар да покажае човечка и христијанска доблест и достоинство и самиот да се повлече од позицијата администратор за Австралиско-Новозеленадската епархија на МПЦ.
Воедно го повикуваме Светиот Архиерејски Синод итно да назначи нов надлежен архиереј или администратор кој што ќе умее да го реши овој долгогодишен спор кој е на штета на македонскиот народ во Австралија“, рече Ангелов.

Според него, предлогот на српскиот претседател Томислав Николиќ да се амнестрира Вранишковски во замена за признавање на МПЦ, е донекаде прифатлив.

„Доколку Македонија се однесува како правна држава треба сите кои згрешиле кон законот, да сносат соодветни последици. Но имајќи предвид дека пред една година беа амнестирани злосоторници кои се изживуваа врз невиното македонско население, тогаш не гледаме причина и Вранишковски да не биде амнестиран, но само доколку тоа биде во корист на Македонската Православна црква“, рече Ангелов.
http://a1on.mk/wordpress/archives/52395 Што можеше да се очекува од Стојанчета повеќе?
 
R

Rigel Kent

Гостин
Петре да беше вистински верник и патриот, самиот ќе се откажеше од австралиската епархија, пошто народот македонски од Австралија го нејќе.

Да не заборавиме дека Петрето му беше ментор на грко-влавот Вранишковски.

Многу Македонци од Австралија сметаат дека Петрето не работи во интерес на македонскиот народ и МПЦ.
Не лупетај , Вранишкоски е од Мали Влај и ни под разно не е Влав .Имате некоја опсесија сите ваши предавници да им лепите влашка етикета.
Роден е во Битола на 28.02.1966 г. од татко Аргир и мајка Галена Вранишкоски и крстен е како православен христијанин со име Зоран. Аргир , Галена и Зоран со презиме Вранишкоски , Власи се бе ??
 

Казаки

Атаманот - Army of Christ
Член од
2 септември 2011
Мислења
1.526
Поени од реакции
1.968
На инфо,скај,а1он се вртеше ова.
http://a1on.mk/wordpress/archives/52395 Што можеше да се очекува од Стојанчета повеќе?
А што беше лошо тоа што го побара Стојанче? Што ти смета тебе ако Никодим Царкњас е администратор на Австралиско-Новозеландската епархија, заради мир во куќата?
 
Член од
21 ноември 2012
Мислења
1.174
Поени од реакции
744
А што беше лошо тоа што го побара Стојанче? Што ти смета тебе ако Никодим Царкњас е администратор на Австралиско-Новозеландската епархија, заради мир во куќата?
Царкњас е расчинет од грчиштата. Што друго? И така си имаме проблеми со грчиштата па уште и за ова да се фатеа (да не заборавиш дека се работи за Австралија каде после сите овие проблеми и поделби толку години таму, расчинетиот поп сега ќе ги реши проблемите,.напротив) Се е тоа испланирана игра, не само против МПЦ туку и против државава.
Што мајка бараја кај црногорскиот владика (тој во синото)
изгледај го клипот(погоре)
Важно ловецо на пирати си лапна од доларите шо ти е гајле :tapp:


Од пред една недела (грешка на синодот што прифати да разговара со расколниците. проблемот со Царкњас)
 

Казаки

Атаманот - Army of Christ
Член од
2 септември 2011
Мислења
1.526
Поени од реакции
1.968
Царкњас е расчинет од грчиштата. Што друго? И така си имаме проблеми со грчиштата па уште и за ова да се фатеа. Се е тоа испланирана игра, не само против МПЦ туку и против државава.
Што мајка бараја кај црногорскиот владика (тој во синото)
изгледај го клипот.
Важно ловецо на пирати си лапна од доларите шо ти е гајле :tapp:
Ти дали знаеш воопшто кои се ликовите од видеото???



Јас од овај „мегафон“, не очекувам ништо друго освен да ги напаѓа Стојанче и Царкњас, па уште и се дрзнува да ги нарече расколници?! Зошто воопшто се грижат за реакцијата на Грција, заради Царкњас што бил прогласен за расколник во ГПЦ? Па официјалниот став на ГПЦ е дека самата МПЦ како црковна институција е расколничка... е сеа ќе изиграваме нешто ауу аууу, немојте Грција ќе се наљути :tapp:. Според твоја логика, да го заборавиме Царкњас и неговата борба за Македонците во Егејска Македонија, зошто ќе се наљутат грчиштата :tapp:

А да не претера со „дрогата“?

И речи му на тие што ти даваат наредби од партија да пишиш постови тука, да го остават на раат Стојанче „да лови пирати“, а и тие малце да почнат да ловат пирати по скопските улици и автобуси ;)
 
Член од
21 ноември 2012
Мислења
1.174
Поени од реакции
744
Нема повеќе што да се коментира за стојанче. Кога замина на лов на пирати се беше јасно. Кога се врати, уште појасно. Сега кога се фати рака подрака со расколниците и се расплука по црквата,, шо муабет поќе? :tapp:
 

Казаки

Атаманот - Army of Christ
Член од
2 септември 2011
Мислења
1.526
Поени од реакции
1.968
Нема повеќе што да се коментира за стојанче. Кога замина на лов на пирати се беше јасно. Кога се врати, уште појасно. Сега кога се фати рака подрака со расколниците и се расплука по црквата,, шо муабет поќе? :tapp:
Не ни треба да се коментира, темата не е за Стојанче туку за црковниот спор на МПЦ во Австралија!
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.977
Поени од реакции
12.402
Ако го следиме ставот на ГПЦ за Никодим Царкњас или за било што македонско, тогаш досега или ќе се асимилиравме во Срби, Бугари или Грци, или ќе се самоубиевме до последен, ако се земат во предвид не само националистичките, туку чисто кажано, нацистичките пораки кои ги испраќа ГПЦ кон се што е македонско.

Па токму поради гејски свештеник во 2011 година еден пар кој се состоеше од Македонка и Грк се распадна, токму бидејќи гејскиот свештеник одбивал да даде благослов за љубовта помеѓу Македонката и Гркот, а подоцна го условувал својот благослов со услов Македонката да се прекрсти во црквата на Јован Вранишковски, бидејќи не ја признава крштеницата од МПЦ.

И после ова некој, било кој, би обрнувал внимание на тоа што вели ГПЦ за Никодим Царкњас или за било кој Македонец, не само за било кое македонско свештено лице, туку општо кажано за било кој Македонец ?

Јас сум православен христијанин, но мојот став е истиот кој се почесто владее кај македонскиот народ во последно време:

Верувам во Бога, верувам во православното христијанство, но не им верувам на оние кои проповедаат во име на Бога и во име на православното христијанство во Македонија.

МПЦ од поодамна е се, само не претставник на македонските православни христијани, претежно поради тоа што на владиците во МПЦ поважни им се скапите и луксузните автомобили, вили и хотели, отколку православното христијанство.

Ваквиот однос од страна на владиците и општо кажано, од страна на свештените лица на било која црква или на било која верска заедница, низ историјата секогаш водел кон оддалечување на верниците од религијата и од Бога и преминување или кон некоја друга религија, или кон атеизам, иако за волја на вистината, и самиот атеизам е еден вид религија бидејќи повикува на верување во ништо, со разликата што нема свештени лица за да бидат претставници на тоа ништо, за разлика од останатите религии.

Токму затоа и болшевиците откако дошле на власт после Октомвриската Социјалистичка Револуција во Русија во 1917 година, после нивната победа во граѓанската војна во Русија и после основањето на Советскиот Сојуз, советските народи пружале многу мал отпор кон уривањето на православните цркви, храмови и манастири и кон стрелањето на свештените лица, бидејќи селаните и фармерите кои биле мнозинство во првите години од постоењето на Советскиот Сојуз, одлично помнеле колку верен сојузник им била Руската Православна Црква на царот и на богаташите во Руската Империја, додека секојдневниот руски селанец и фармер умирал од глад и жед.

Кристално ист исход ја чека и МПЦ доколку не расчисти со својот корумпиран Синод кој претежно се занимава со своите приватни бизниси и со одржување што е можно подобри односи со одредени политички партии во Македонија, отколку да се занимава со православното христијанство.

Македонците во Австралија веќе се освестиле, со или без судска пресуда, тие слободно можат кога сакаат да регистрираат нова православна христијанска верска заедница во Австралија и да изградат нови православни христијански цркви, манастири и храмови во Австралија за потребите на истата таа нова православна христијанска верска заедница.

Тоа ќе биде болно за МПЦ бидејќи корумпираните владици во Синодот ќе останат без добар извор на пари за своите скапи и луксузни автомобили, вили и хотели, но за волја на вистината, сепак нема да ги удри силно и нема да почувствуваат тешки и сериозни последици по своите длабоки џебови и по своите скапи и луксузни автомобили, вили и хотели.

Но колку повеќе владиците во МПЦ се занимаваат со себеси и со своите лични хирови, наместо со православното христијанство, толку повеќе се оддалечуваат од народот, кој со тек на време ќе ги заборави и ќе ги остави на милост и немилост на времето.
 

Казаки

Атаманот - Army of Christ
Член од
2 септември 2011
Мислења
1.526
Поени од реакции
1.968
Dexter26 од владика до владика има разлика. Како православен Христијанин имам посебна почит кон монасите, за разлика од повеќето попови и владици на МПЦ.

Еве една од причините зошто е тоа така: :tapp:

 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
На Стеван му прават нова резиденција дневната 400 квадрати и кујната 150 квадрати на повисоко ниво една отворена просторија, за џипот муабет да не правиме, ама човекот е заречен на сиромаштија, една венчавка во црквата наша испод 8000 денари не е уште на стрината од младоженецот пари не земаат.
--- надополнето: 22 декември 2012 во 09:57 ---
Ајде попе: Пак распни го оној што божем го сведочиш....

 

Kajgana Shop

На врв Bottom