HITCH
Прво не е точно дека НИКОЈ во Перт не е со МПЦ или дека Петар не бил или не идел во Перт. И двете се чиста глупост, изивини познавам МНОГУ луѓе во Перт кој се и релативен фактор во заедницата таму кој го подржуваат Петар и МПЦ. Во Перт проблемите се други таму има поделба на Вардарци и Егејци итн.
Царкњас не е решение. Кој и да дојде бандата на Александров нема да ги даде тапиите тоа е факт. Царкњас ни е потребен во Грција. Нека си седи со Македонците таму и на нив им треба духовен лидер. Со носење на Царкњас тука профитираат Грците избркале голем Македонец од грчка територија и имаат уште еден доказ како МПЦ не почитува канони. Тоа е НАЈГЛУПАВО нешто што може да се направи меѓутоа кога ќе земеш во предвид дека главниот јунак на компаниите во Мелбурн господин господин Ицо е финансиран од грчкото лоби ништо веќе не ме чуди.
Незнам што сте вие во Перт или Сиднеј толку различни од нас во Мелбурн, Скопје, Битола, Охрид... Тука црквите се исто градени од верниците за верниците и се си функционира нормално. Вие се најдовте паметни да ајде сега раздор ќе правиме. Ко да Петар или некој од МКД ќе ги товари циглите од црквата или градинката и со него во БТ ќе си ги земе. Ако се иде историски единстевна страна што узурпирала имот, продавала цркви (ЕЈЈЈЈ ГОСПОД ГЛЕДА), лажела на рочишта во полза на бугарите и сме изгубиле огромен храм ради тоа, продавала црковен имот - станови за да финансира судски спор против МАТИЧНАТА ЦРКВА е страната на Александров.
Кокретно за црквата во Перт од она што знам таму не се запазени некој канонски правила при изградба на црквата. Не се секавам точно ама кога требало да се благослови МПЦ одбиле бидејки нешто не било направено ко што треба а подоцна мислам Романски попови ја имаат благословено. Незнам 100% ама тоа имам слушнато дека е дел од проблемот. Сега мене да ме прашаш јас би рекол ако можеле романците сме требале и ние, ама јас не сум свештено лице и незнам како прекршок е тоа. Сепак ние сме не признати па сега од се се пазиме, малце параноја ма тоа ти е.
Збориш дека пари се крадело и дека не стигало во МКД. Не викам не, ама ајде жено ДАЈ ДОКАЗ колку сте собрале? Зошто нашите пари од Мелбурн стигаат кога ние праќаме? Ако не го сакате Петар што сте му давале пари? Пак ова се напади без врска и без еден доказ. Незнам колку знаеш ама ни во МКД свештениците не се слабо платени, и таму заработуваат. Што очекуваш да гладуваат тука со 200 долари плата? Од кај тоа дека поповите биле најбогати? Знаеш ти поп во АУС или МКД со повеќе од една куќа на негово име? Ајде доста веќе хејтање.
За да оди напред заедницата потребна е слога. Крајно време е да сватиме дека 90тите завршија и дека како заедница ако тогаш сме играле улога на лидер, финансер и подржувач на МКД во времето кога се одвојуваше од ЈУ денес е сосема друго време. Денес имаме држава која е самостојна со доволно добар буџет која функционира и без нас. Денес ние имаме потреба од лидерство од таму и треба се да се прави за да се зближиме повеќе а како сакаш гледај го црквата секогаш играла главна улога во тоа. Судот одлучи, КРАЈ НА СПОРОТ, време е бандите да се ПОВЛЕЧАТ.
--- надополнето: 24 декември 2012 во 17:51 ---
Кога ќе сфатиш дека Петар е претставник на неговите алчни интереси ќе биде доцна.
Имаш ТВ или Интернет? Добро реков, не си ни малку упатен туку се водиш од разногласија кои никогаш не биле потврдени.
Сите независни цркви си имаат македонски православни свештеници од Македонија.
Затоа кога сакаш некого да навредиш, првин научи што означува терминот “секта“ па после изигравај Света Инквизиција.
Расипништвото и своеволието во свештенството не е непознаница, доказите за префрлањето на имотите на Петар веќе неколку пати беа презентирани, потписот на Нишката спогодба исто така.
Сите знаеме дека Бранко, Љубчо и цела низа политички месии се убија од крадење народни пари и што од тоа?
За жал и во Црквата и во политиката се работи на ист начин, затоа не не’ бидува нас Македонците.
1. Тоа дека Петар е алчен кажи ти како го имаш сватено? Јас знам дека бандава има продадено цркви и црковен имот. Тоа е факт. Ти само филмаш овде.
2. Имам. Да имаат РАСПОПЕНИ попови од МКД. Некој дури и со крими досија. Убаво се изразив СЕКТА, не е тоа навреда тоа е реалност. Распопи и компаниски цркви го замајуваат народот.
3. За имотите ако имаш интернет се ти е убаво објаснето, Петар во последното интервју објасни добро зашто е тоа така. Знам дека знаеш и сваќаш ама се правиш луд овде со сила. За Нишкиот договор, апсолутно се слагам, тоа е предаство и треба за тоа да биде сменет. Сепак, тоа не е поентата. 15 години ако војуваш со некој и се потрошени толку пари на суд да неможеш да обезбедиш доказ дека краде само покажува уште еднаш дека и другата страна за ништо не ја бива или дека Петар е чист. Како и да е ИЗГУБИЈА на СУД, време е да стават КРАЈ на оваа сага.