Судот пресече, прекршителите на црковниот имот во Австралија казнети, МПЦ за Австралија и Нов Зеланд

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Црквата „Света Петка“ во Рокдејл нема да припадне под ничија надлежност сѐ додека не се заврши судскиот спор. Ова е вчерашната конечна одлука на владиците на Синодот на МПЦ-ОА, откако изминатиот месец имаа неколку состаноци со претставниците на македонските црковни општини во Австралија. Нивното последно барање е да се формира втора македонска православна епархија за Австралија и да се назначи нов митрополит. Соопштението го прочита владиката Климент, секретар на синодот, кој само кратко одговори дека ова не значи поделба на австралиската епархија. Г. Тимотеј не сакаше да ја коментира одлуката на синодот.

Игор Аврамовски-Александров, претседателот на Здружението на македонските заедници во Австралија, ја поздрави одлуката на синодот, особено зашто г. Тимотеј ја познавал состојбата во Австралија и се покажал како најхрабар од сите владици во одлучувањето.

- Сепак, не треба да се радуваме предвреме, зашто ова не е трајно решение на проблемите во Австралија. Останува да се донесе одлука за црквата „Света Петка“ во Рокдејл. Ако продолжи судењето до крајот на апелацискиот суд, ќе резултира со продажба на црквата, за се исплатат адвокатските трошоци. Се надеваме дека тоа ќе можеме да го спречиме во соработка со новиот надлежен администратор - вели Александров.

Г. Тимотеј раководеше со австралиската епархија од 1981 до 1995 година, кога доброволно ја отстапил позицијата на друга надлежност и продолжил да раководи само со дебарско-кичевската епархија.
Пред две години владиката Петар го обвини владиката Тимотеј дека му се меша и манипулира со австралиско-новозеландската епархија, како и дека прави заблуди меѓу тамошните верници. Тогаш г. Тимотеј изјави дека со г. Петар имаат комуникација, дека се разбираат за сите црковни прашања, освен за случувањата во австралиската епархија. Познавачите на состојбите во МПЦ-ОА велат дека двајцата владици со години настојуваат да држат привидно единство, иако е познато дека и во минатото често влегувале во конфликтни ситуации.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=122812858306&id=9&prilog=0&setIzdanie=22767
 
H

HITCH

Гостин
Војната помеѓу Тимотеј и Петар е многу порано започната, откако на двајцата не им успеа да станат архиепископи. Мане и Гојко, истите кои помогнаа Љубчо да биде „претседател“ на ВМРО ДПМНЕ, заедно со Љубчо помогнааа Стефан да биде хиротонисан во архиепископ, а бидејќи Стефан е во години помлад, во неможност да станат архиепископи, на овие двајца им преостанува да се борат во калта. Топката ја префрли ја на друг континент и ќе се борат до истребување.

Тимотеј тврди дека Петар го наместил за Изгрев, а Петар тврди дека Тимотеј му прави проблеми во Австралија. Да видиме во Австралија за што ќе се „колат.“

Каде им е духовноста?!
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Оди убедувај ги Вранишкоски ( сите овие , и на групата) дека се Власи , ќе успееш?
Постојат Македонци кои се обидуваат своите маани да ги припишуваат на други, за да имаат изговор за деструктивната македонштина, па во случајов се избираат Власи познати крвници и се генерализира дека Власите се автоматски непријатели на Македонците.

Затоа и се тера тезата со Вранишковски, кој меѓудругото и самиот допринесе кон тоа изјаснувајќи се во една прилика дека има и “влашко“ потекло не знам по чија страна, во некоја тв емисија беше, заправо не е ни битно, поентата е дека не може да му се верува за ништо бидејќи досега сме слушнале милион верзии каде се изјаснувал како Србин, Грк и Византиец:facepalm:, само не Македонец.

Ќе ве замолам да завршите со офтопикот за Власите на темава.
 
H

HITCH

Гостин
Петар и Тимотеј почнаа со војната! Конечно верниците ќе можат да здивнат. Еве линк. Недостасува уште со клетви да распалат еден кон друг...
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.746
Поени од реакции
12.202
А сето тоа со без реакции и санкции (автоматски му доаѓа со амин) од МПЦ.
Срамота е. И од Синодот на МПЦ што ова го дозволуваат и од бизнисмените расколници што ги одделија црквите од МПЦ.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.746
Поени од реакции
12.202
Член од
21 ноември 2012
Мислења
1.174
Поени од реакции
744
Владиката Петар во интервју за Тера зборува за причините заради кои го екскомуницираше Аврамовски, за неговото наводно расчинување. Категоричен е дека во Австралија постои само една епархија и не верува дека само со една седница на Синодот ќе се решат проблемите.

-Причината за негово екскомуницирање или конечно исклучување од православната црква е тоа што има направено повеќе престапи, а најголемиот престап е организирање пара-црковна или паралелна црковна расколничка организација на МПЦ во Австралија и заканата што ја упатува дека тој е настроен да се прошири таа расколничка организација што ќе ги смени архереите на МПЦ и ќе создаде нова црква по негов терк, а начинот на кој ја замислува таа црква е цивилна црква. Овој престап е најтежок престап направен во една црква, тоа е полошо што своевремено го направи Јован Вранишкоцвски, тој барем не присвои ниту еден храм на МПЦ, а Игор Аврамовски пруисвои два, вели Владиката Петар.

-Па мислам дека на сите паметни луѓе им е јасно дека не може да станува збор за расчинување Владиката Петар. Во времето на комунизмот се направени обиди од страна на тогашните комунистички власти зашто бев лично против нивното директно мешање во внатрешните работи на МПЦ, но поради тоа тие се организирале и го принудувале тогашниот поглавар на нашата црква, Архиепископот Гаврил да потпише некаква таква фиксна пресуда која всушност никогаш не била предмет на синодски седници и расправија на Црквата. Во два наврати на ниво на Светиот Синод е кажано дека тоа е лажен, измислен документ, а и самиот тогашен поглавар г. Гаврил потпиша демант дека не е точно дека е таква пресуда донесена, зашто пресуда за расчинување на еден владика донесува Светиот архиерејски синод на кој задолжително присуствуваат сите владици или даваат согласност сите владици, дополнува Владиката Петар.
 
F

FARANG

Гостин
Крајно време е МПЦ да пресечи или ќе му даде целосна подршка на Петар и со тоа ќе го екскомуницира Аврамовски и секој што е со него или нека го тргне Петар. Овде примирје и дупли епархии не помагаат туку штетат на народот.
 
Член од
21 ноември 2012
Мислења
1.174
Поени од реакции
744
Закон во австралискиот парламент за надминување на црковните проблеми
Преку закон до решавање на проблемите на МПЦ во Австралија
16 август 2014 Телевизија Орбис Методија Куновски
Митрополит Преспанско-пелагониски и администратор Австралиски и Новозеландски г. Петар http://www.mpceanz.org.au/wp-content/...
Тој е полош и од Вранишковски вели владиката, а исклучениот член на македонската заедница во Австралија вели дека „му е чест да биде прогласен за 'екскомунициран' од ваков фарисејки богохулец и тоа токму заради јавното разобличување на неговите злодела".
Игор Аврамовски Александров, претседателот на македонските заедници во Австралија е исклучен или екскомунициран од православната црква, одлучи Епархискиот црковен суд на Австралиско-новозеландската епрахија, како врховна црковно судска власт од прв степен. Оваа пресуда е изречена на седница во митрополијата во Мелбурн на 17 јули. Игор Александров е виновен за престапите според кои е обвинет согласно Светите канони на МПЦ, стои во пресудата.

„Неговата вина е за организирање на парацрковна организација со расчинети свештеници. Тој во сите медиуми велеше дека сака да ја урне МПЦ со создавање на паралелна црква на македонската црква, а тоа е полошо нешто и од она што Вранишковски го правеше и го прави“, изјави владиката Петар за Канал 77.

„Доколку лицето Игор Аврамовски Александров се обиде лажно да се претставува како верник, против него да се покрене постапка за фрлање анатема (проклетство) на него. Оваа пресуда откако биде потврдена од Архиерејскиот црковен суд, да се објави на богослужбите на верниците на МПЦ”, стои како заклучок на пресудата за екскомуникација, потпишана од владиката Петар.
Александров и дел од македонската заедница во Австралија веќе со децении е во спор со МПЦ за тоа кој да раководи со верските објекти. [DOUBLEPOST=1418842299][/DOUBLEPOST]Дел од австралиските верници со закана до Синодот на МПЦ ОА 16.12.2014
Ако синодот на МПЦ не ја повлече одлуката за ескомуникација на верникот Игор Александров од црковна општина на владиката Тимотеј, ќе формираат своја задгранична црква со свој Синод во Австралија.
 
Член од
14 февруари 2014
Мислења
181
Поени од реакции
155
Се растепаа кучињата за кртина.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom