Студентски домови

N

NikolaMKD91

Гостин
Фото: Бубачки во храната која ја јадат студентите во кујната во студентскиот дом "Стив Наумов"

Писмо од еден наш читател:
Здраво, јас сум студент сместен во студентскиот дом Стив Наумов во Скопје и сакам да споделам една фотографија која пред некој ден ја направив во мензата во домот. Покрај тоа што јадењето не е убаво и го нема во доволни количини, нема никаква хигиена. Доста често се случува јадењето да го делиме со бубачки. Ке ве замолам да ја објавите оваа фотографија па можеби некој ќе ја види и ке превземе некакви мерки. Барем хигиената да е на повисоко ниво.

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.145
Поени од реакции
18.172

Еее спомени :D
Еве приказна и за еден од *подобрите* студентски домови...како е во полошите?

Пуст да остане животот студентски: СД „Гоце Делчев“
Морам до тоалет, беа првите зборови при влезот во студентскиот дом „Гоце Делчев“ во Скопје.
Важи, нема проблем, повелете, меѓутоа вратата не се затвора, ќе ви чувам стража.
По едноминутно молчење се слуша – Заборавив да ве предупредам, и казанчето нема вода.
Проклетство, си велиш и се обѕирнуваш наоколу. Ѕидовите руинирани, со дупки, ходници во кои те вее ветер како да си надвор, скршени прозорци, мирис на влага и на урина. Тука слободно може да се снимаат сцени од хорор-филм, си велиш. Се наежуваш, се прашуваш дали некој воопшто би можел да живее тука. Ама може.
Нашата соговорничка нè внесува во својата малечка и скромна соба. Прозорците залепени со селотејп, заковани со понекоја штица, штекерите, исто така, залепени со селотејп. Од чешмата постојано капе вода.

„Лани речиси два месеца немавме вода, за да се капеме, си топлевме во тенџериња. Ама тоа е. Секојдневие е да нема топла вода и парно. А и кога има, зиме, толку дува провев, што ти е страв да отидеш да се избањаш. Ниту мајсторите не ни обрнуваат внимание. Не дај боже да ти се расипе нешто, дури непријатно ти паѓа да ги молиш да ти помогнат. Така, прозорецот ми беше расипан и отворен речиси еден месец, и видов-не видов, викнав еден другар да ми го закове. Расипани парна, така си дремат ладни оти нема кој да ги поправи“, раскажува нашата соговорничка и додава дека само еден тоалет, во кој работи само една туш-кабина, го користат некаде 16, а некаде и 32 студенти, во зависност од тоа на кој кат и во која зграда се сместени.

Го гледаме нејзиниот лаптоп на креветот од кој тивко свири „Cry Me A River“ и првото прашање што ни доаѓа на памет е дали имаат Интернет.
„Интернетот си го плаќаме сами. Лично јас давам 300 денари за 10 гига. Се организираме по соби и си купуваме. А потребен ни е. Семинарски, домашни работи, па не постојат веќе листови, на професорите сè на мејл мораме да им праќаме. Ама толку работи ни фалат, па проблемите со Интернет не ги ни забележуваме. Ненормалните работи веќе ни стануваат нормални“, објаснува девојчето.

Станува, ни вари турско кафе со една лажичка шеќер. Го гледаме решото, ни вели си го понела од дома, овдешното било расипано.
„Бев здраво дете, ама откако сум тука, само болести ме фаќаат. Добив инфекција на мочните патишта, желудникот ми се расипа, сестра ми кога беше сместена, и таа се разболе, фати бронхитис и гнојна ангина, а цимерката си отиде дома, зашто и таа се разболе, па за да се излечи, оти тука не може. Влага има колку сакаш, на еден другар дури печурка му никна во собата. И од челик да си, тука ќе ти падне имунитетот“, вели дваесет и едногодишната девојка.
Објаснува дека сиромаштијата ги носи тука. Дека немаат избор оти кириите се високи.

„А не смееш да се пожалиш. Веднаш ми велат, па ако не ти чини, што не си одиш под кирија, или, пак, дека сум од опозиција. А ова нема врска со тоа. Пари за кирија немам, моите се сиромашни. А има и онакви што не можат да издржат, па си одат оттука. А кога се бунам, не се бунам за џабе, значи тешко ми е, не е фер, академски граѓани сме. Во времето на татко ми било привилегија да бидеш сместен во студентски дом. Денес, тоа значи друго – дека си го допрел дното. Ама јас тоа го разбирам како чин на челичење. За подготовка за животот. Еден ден кога ќе ни се случи нешто страшно да можеме да си речеме – Ех, јас во Гоце бев сместена, па ова нема да го преживеам“, коментира студентката.
Во студентскиот дом месечно се плаќаат по 3.500 денари, а во цената е вклучено и јадење (со бонови) во тамошната менза.
„Грав, грашок, виршли, пире, повремено понекоја плескавица, ама цело време иста храна има, која воопшто не е вкусна. А мензата и покрај тоа што наводно работи до девет вечерта, ако не отидеш да си земеш храна околу пет попладне, нема ништо да најдеш. Затоа редовно сами си купуваме вечера. А ако некогаш чуеме дека донеле нешто ново на менито, тогаш се радуваме како деца и се прават редици. Некогаш кога има помфрит, се чека и до еден час додека да успееш да си ја земеш порцијата. Се водат битки за преживување“, вели соговорничката.

Затоа, пак, социјалниот живот им е одличен. Забави и дружење постојано, а и лесно разменување информации и книги.
„Не можам да се пожалам од социјалниот живот. Колку луѓе тука имам сретнато, немам сретнато за цел живот. Си помагаме, се дружиме, се раѓаат љубови. Верувам дека оттука некои ќе ми останат пријатели за цел живот. И диското ни работи, па секој вторник и петок сме таму на некоја забава“, додава студентката.

Во СД Орде Чопела во Прилеп десетина дена парното им е уклучено по макс. 3 сати дневно, со изговор дека немале нафта поради ситуацијата со апсењата.Ама кога пред некој ден дошла инспекција од Министерство цел ден пукало парното.Другиот ден пак по старо.Топла вода 2-3 пати неделно, ако стигнат да фатат од топлото.Ама кога не се бунат студентите...
 
Ceci0

Captain
Член од
20 јануари 2011
Мислења
334
Поени од реакции
208
Се дури студентите молчат нема да се превземи ништо... Состојбата во студентските домови во Македонија е очајна... Да ти биде страв на вработените да им пријавиш дефект или не дај боже да речеш дека нешто не чини... Како што е напишано во претходниов пост... Ти викаат ако не ти чини од си во стан... Ама тоа не е решение на проблемот и кога ќе му се рече вака студентот пошо сам е немоќен си премолчува и си оди... Наместо тоа треба да се организираат студентите и да ургираат за да се поправи состојбата во студентските домови... Ама сепак и самите сме криви до некоја мера... Еве јас седам во Стив Наумов и таму се осеќам како да сум во авганистан... До 5 саатот сабајле пукаат петарди во ходници или некој се дери... Најжално е тоа што овие што го прават ова имаат по 20 и кусур години што не им доликува... Друго... Ќе излезе некој во ходник и ќе гледа да направи што поголеми дупки во гипс картонот или пак се игра фудбал... И на ова вработените не реагираат никако...всушност... Нив ги нема никаде... Мои другари седеа можеби недела и пол со дупка во подот затоа што на господата им беше тешко да наместат 3 плочки.... Едноставно жално
 
Член од
15 март 2013
Мислења
17
Поени од реакции
11
Vo Ohrid nekoj dobar dom so dobri uslovi, ima ?
--- надополнето: 9 април 2013 во 23:32 ---
Vo Ohrid nekoj dobar dom so dobri uslovi, ima ?
 
naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
8.979
Поени од реакции
5.577
Vo Ohrid nekoj dobar dom so dobri uslovi, ima ?
--- надополнето: 9 април 2013 во 23:32 ---
Vo Ohrid nekoj dobar dom so dobri uslovi, ima ?
Кога јас бев таму, имаш дом за студенти и за средношколци, со ок услови, е сега како е, не знам.
 
Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.145
Поени од реакции
18.172
Vo Ohrid nekoj dobar dom so dobri uslovi, ima ?
--- надополнето: 9 април 2013 во 23:32 ---
Vo Ohrid nekoj dobar dom so dobri uslovi, ima ?
Oва е СД Никола Карев

Внатрешно средување веројатно еден степен погоре од скопските, слично со прилепскиот.Имаш нормален лифт, мислам дека секоја соба си е со засебно вц и интернет, персоналот опуштено, храната не знам.
 
Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.145
Поени од реакции
18.172
Пуст да остане животот студентски: СД „Гоце Делчев“
Морам до тоалет, беа првите зборови при влезот во студентскиот дом „Гоце Делчев“ во Скопје.
Важи, нема проблем, повелете, меѓутоа вратата не се затвора, ќе ви чувам стража.
По едноминутно молчење се слуша – Заборавив да ве предупредам, и казанчето нема вода.
Проклетство, си велиш и се обѕирнуваш наоколу. Ѕидовите руинирани, со дупки, ходници во кои те вее ветер како да си надвор, скршени прозорци, мирис на влага и на урина. Тука слободно може да се снимаат сцени од хорор-филм, си велиш. Се наежуваш, се прашуваш дали некој воопшто би можел да живее тука. Ама може.
Нашата соговорничка нè внесува во својата малечка и скромна соба. Прозорците залепени со селотејп, заковани со понекоја штица, штекерите, исто така, залепени со селотејп. Од чешмата постојано капе водa.
Поради дотраена електрична инсталација
гд.png
 
Член од
2 јули 2007
Мислења
470
Поени од реакции
26
Каде се уплаќа станарина за Гоце делчев моментално за Г блок пошто тетката за уплаќање ја нема :) ?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom