Ко прво, се додека пресветол члену на кајгана форумот, ти се сметаш себеси дека ти си достоен нешто да ми дадеш, џабе ти е целиот муабет. А ако веќе се нудишза клекнување, добро би било нешто друго освен молење. Повеќе пали.
Како што претходно ти одговори Принц, дозволи да се повторам. Не сум во туѓа држава. Ферштензи? Тука сум роден, од тука потекнувам. Нема ти што да ми кажеш за албанци во друг регион. Зборуваме за албанци во оваа држава. Во нивна држава, каде што ...пази молим, им се дале права...хах! А нели по некое си демократско право, тие треба да им следуваат без да имаше потреба да ги добијат??
Е сега, проблемот...ти не гледаш лидер во ниеден од двајцата кандидати. Па ни јас. Проблемот е што ти сепак ќе гласаш, јас нема. Јас ќе бојкотирам. Зашто?? Нека им текне на политичарите дека мојот глас е помоќен од нивната политика. Гласот на народот. Ние сме силата. Народот. Тие треба да играат по наше. Да даваат квалитетни кандидати кои што ќе бидат наши лидери. Сега за сега, ниедниот од двајцата не е тоа што јас го имам како некоја слика за претседател на државава. Изборите се личен избор, и мојот е да не гласам. Или па и тоа право треба да ми го дадеш за да не гласам??
Гледаш колку грдо звучи некој да ти каже сум ти дал право?? Крај краева, колку и да не сакате да признаете, со самото тоа што тврдите дека сте ни дале некакво право, по автоматизам значи дека претходно сте ни го крателе тоа право.
Данкешен. Морален избор личен е да не излезам да гласам.
Причина? Фрчко и неговите утепаа татко на мој близок другар на Бит Пазар. Не фала.
ВМРО беше партија без национална доктрина и тактика за водење на државава, и таква и си остана. Башка што е националистичка. Како што и објасни Принц. Не фала.
Дај трета опција па да се подразмислам.
Првиот устав. По автоматизам, дека на некого му одговараше, ние домаќините, станавме малцинство, а вие кои што живеевте под ист кров, добивте екслузивно право врз државава. Се што е христијанско, и се вика Петко Станко, по автоматизам му следува македонско државјанство и може комотно да се изјаснува како македонец иако има трнливи корења во неговата фамиљарна етногенеза...Но, јас се викам Мухамед, и не можам да бидам ништо друго освен албанец. Тоа се ваши правила друже, не мои. Немој мене да ми бараш објаснување. Барај го тоа од тие што ни ја водат државата зашто тоа така бидна..
Што па тогаш сте се фатиле за 25% албанци, башка што и самите викате не се ни толку...пффф, пичкин дим бееее.
Знам дека харесваш да не дишам, ама јебига, пуста биологија ми овозможува, ми дал господ респираторен систем. Иначе...што се чудиш дека имаме највеќе права у цел свет бе...сакаш да имаме најмалку? Па после се чудиш зашто не се однесуваме како да сме дома..ПА ТРЕТИРАЈ МЕ КАКО ДА СУМ ДОМА ПРВО!!! немој да ми го дрвиш дека ти си ми дал некое право. Ти само претходно си ми го скратувал тое право, и денеска кога сум го добил, чудно ти е дека не си навикнат албанците да имаат права.
Баш така, не дека барам права оти се курчам, туку оти ми следуваат како граѓанин на оваа држава каде што сум роден. Точка.
Со истото тоа, мое потполно демократско право е да бирам за кого и како ќе гласам на било какви избори организирани од страна на државата. Сакам квалитет, не квантитет. Тоа го нема. Значи бојкот.
Не знам што е чудно.