Ај не забегувајте од темата.
И да не бидам офтопик:
Интензивно се гради новиот кружен тек на крстосницата на булеварот „Гоце Делчев“ и улицата „Младинска“ кај Анска река во Струмица. Оваа крстосница е една од најфреквентните и најкритичните во градот и место со чести сообраќајни несреќи.
Со новото сообраќајно решение значително ќе се намали сообраќајниот метеж кој беше честа слика, а според проценките на стручните лица бројот на сообраќајните несреќи ќе се намали за околу 60 насто. Со новиот кружен тек, Струмица потврдува дека е општина која ги следи европските трендови на безбедни сообраќајни решенија. По кружниот тек кај Анска река, планирана е изградба на уште еден кружен тек на крстосницата на булеварот „Ленинова“ и улицата „24 октомври“ кај ЈПКД „Комуналец“.