СТРЕЛАШТВО НА 49. СП ВО ЗАГРЕБ
Еве како си поминуваме во Загреб
Првиот ден од 49. СП во стрелаштво, кое се оджува во Загреб од 21 јули до 5 август, за нашите стрелци мина разочарувачки. Први на огнената линија во дисциплината воздушен пиштол се појавија Д. Ристовски - сениор, Ј. Тасевски - сениор и Д. Петковски - јуниор.
Имено, во конкуренција на 144 стрелеци од кои 11 не настапиле Д. Ристовски кој стартуваше во 1 група со резултат од 554 кругови (93, 88, 90, 93, 95, 95) на крајот го освои 127 место. Нешто подобар пласман, но никако задоволителен имаше Ј. Тасевски кој во завршницата со скор од 561 поен (91, 94, 93, 94, 93, 96) завршил на 115 место. Последен кој настапи вчера беше Д. Петковски кај јуниорите и тоа со воздушен пиштол. Со оглед на резултатот, 552 круга (93, 88, 89, 93, 94, 95), кој не е за пофалба, и кај него се очекува да заврши некаде меѓу последните.
Инаку, сите тројца по завршување на вчерашниот натпревар синоќа требаше да тргнат за Скопје, барем така било договорено.
Следен настап нашите репрезентативци го имаат утре со воздушна пушка на кој се пријавени С. Несторов - јуниор и С. Трпковска - јуниорка.
Што се однесува пак до бројот на натпреваувачи на ова СП се чини е рекорден, преку 2000 стрелци од 109 земји од светот.