Стрелаштвото во Мaкедонија

Mad Maxx

SSG3000
Член од
4 мај 2005
Мислења
1.235
Поени од реакции
64
Шо ви требаше темава:icon_lol: :icon_lol:
Пукам на камник минимум еднаш до двапати месечно,да се одржавам у кондиција.А имам пукано и со пиштоли и со пушки и со пушкомитраљози,со сфе:icon_lol: :pishtoldz
 

Dimitarc

Мрчатор
Член од
30 јануари 2005
Мислења
2.639
Поени од реакции
19
cudno! Jas utre ke odam na kamnik, go dogovoriv vujko mi. Ke se iznapukam!
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.479
Поени од реакции
7.947
Еј у војска беф најбољи со калаш. Дома имам ловечка ама не сум ја употребил досега, немам срце да пукам во птици или зајци. Волци одамна веќе нема во ридовите кај мене.
Ај пишете тука ценовник на камник, па да идеме не групно испуцавање :) а викате и кафанче имало одма таму а????
 
Член од
24 ноември 2005
Мислења
3.233
Поени од реакции
391
ROZA напиша:
Абе не се плашам ако си прецизен,ќе ја ставам и на глава конзервата ако треба,така може и ќе заработиме нешто !
Од 10 правам во просек 90, но во последно време тежнеам кон подобри резултати. Оружјето го држам исклучиво спортски, никогаш не испукувам со две раце како полицајците, некако ептен помодарски ми изгледа, а и не ми одговара според начинот на кој сум навикнат и обучуван да гаѓам. Кога ме гледа некој од страна сигурно му изгледам како old fashion shooter, ама имам стварно добри резултати баш благодарение на тоа.
Инаку до сега единствено оружје кое ми создало мал проблем при гаѓањето е воздушен пиштол. За прв пат пукав од него пред 3 години и мислам дека е оружје за кое треба голема техника доколку не си привикнат на него. Цевката ужасно влече кон долу кога ќе го кренеш да нишаниш, додека најдеш како да го држиш, рака ќе те здоболи. Барем мене така ми изгледаше, ама најпосле и со него излегов на крај. После 60-тина дијаболи веќе ми беше резултатот многу блиску до она што го имам и со голем калибар.
 
Член од
18 септември 2005
Мислења
318
Поени од реакции
12
Погоре спомнавте ќе го посетите Камник,па бидна ли!?

Мандрак!? Јас само со воздушен пиштол и навистина е тешко со него имаш право!
 
Член од
16 јануари 2006
Мислења
10
Поени од реакции
0
Ja obozavam da pukam so vozdusna puska...ednas koga pukas posle se zarazuvas i ne mozes da prestanes.
 
V

VirtualA

Гостин
Имам пукано со пиштол и имам неколку убиства со пушка
 
Член од
18 септември 2005
Мислења
318
Поени од реакции
12
BERKO PUCI напиша:
Ja obozavam da pukam so vozdusna puska...ednas koga pukas posle se zarazuvas i ne mozes da prestanes.
Перфектно точно заразно е и ако направиш пауза после те чеша ракат сакаш пак и пак!
Одамна не сум била на стрелиште и ако отидам наскоро тешко дека некој ќе ме одлепи од таму!

VirtualA напиша:
Имам пукано со пиштол и имам неколку убиства со пушка

Леле мале убиства ...кое животинче настрада ако смеам да прашам!?
 
Член од
16 февруари 2006
Мислења
2.830
Поени од реакции
21
Дали ве инспирира стрелаштвото.......со што највеке сакате да стрелате...пушка, пиштол, лак и стрела.....дали сте посетувале некој клуб...дали знаете некој клуб и сл.

Јас многу сакам да пробам да стрелам со лак и стрела......не знам зашо ама другите ги нејкам....
 
Член од
16 февруари 2006
Мислења
2.830
Поени од реакции
21
Оливера Наковска - Бикова светски вицешампион !!!

Со вчерашните натпревари и официјално се спушти завесата на СП за инвалиди, кое изминатата недела се одржуваше во Швајцарија, во градот Сарганс, а на кое настапија преку 400 напреварувачи од шеесетина земји од светот, кои, пак, се натпреваруваа во повеќе дисциплини со разновидно оружје.

Меѓу нив беа и нашите параолимпијци Бранимир Јовановски, Ванчо Каранфилов и Оливера Наковска - Бикова, кои, пак, во стрелачките кругови, кога станува збор за дисциплините кои ги негуваат, ги вбројуваат меѓу фавориите.

Ништо поразлично не беше ниту овој пат. Епитетот фаворит го оправда Оливера Наковска- Бикова (93, 94, 92, 92), која во дисциплината воздушен пиштол на 10 м / 60 истрели го подели првото место со Кинеската Јанфеи Ли (91, 94, 93, 93) со која по основниот дел биле изедначени по 371 поени за во финалната серија само за 0,1 круг да го освои сребрениот медал. Ли имала финална серија од 95,2 (10,1, 8,2, 8,8, 10,1, 8,8, 10,4, 9,6, 9,8, 9,8, 9,6), додека Оливера од 95,1 (10,2, 9,3, 8,8, 9,1, 9,9, 9,3, 8,9, 10,7, 8,6, 10,6). Со тоа Наковска- Бикова во следната година ќе го носи епитетот светски вицешампион во оваа дисциплина. Со истото оружје, значи со воздушен пиштол само кај мажите, кои пукаа на 10м / 40 истрели во финалето Ванчо Каранфилов го освоил 12. место со резултат од 560 кругови, додека Бранимир Јовановски завршил како 25. со 549 поени.

А, пак, вчера во последната дисциплина со МК пиштол на 50 м слободен избор по завчерашните квалификации, кои нашите стрелци успешно ги минале, Ванчо Каранфилов го освоил 7. место, додека Бранимир Јовановски ја освоил 16. позиција.

По бројот и квалитетот на освоените медали Кинезите се најдобри со 11 одликувања, 5 златни, 5 сребрени и 1 бронзена, додека Македонија од 17 земји, колку што имаат освоени медали, се наоѓа на 15. позиција со 1 сребрен.

Инаку, нашите стрелци настапија и во дисциплината спорт пиштол на 25 метри, прецизна и брза стрелба каде Каранфилов со 548 поени бил 20., Јовановски со 539 го освоил 30. место, а, пак, Наковска со 534 поени завршила како 36-та. Во оваа дисциплина образот ни го обели екипниот пласман каде завршивме како петти, што е сосема солидно.
 

BoRg

Resistance is futile you will be assimilated
Член од
8 декември 2005
Мислења
486
Поени од реакции
2
Strelastvoto e mnogu dobar sport jas bev clen na Juniorski Klub Ljuboten od tetovo skoro 4 godini samo sto se prefrliv vo seniori Klubot se raspadna poradi eden kup pricini ama toa ne bese voopsto problem posto prodolziv da treniram na lokalnite macki,gugufki i vrapcinja....
Kako i da e go podrzuvam ovoj sport
 

VIRTUAL

knowledge is power
Член од
4 мај 2006
Мислења
327
Поени од реакции
2
Добар спорт, имам спортовано краток период во школските денови.... а ми се свиѓа затоа што бара голема концентрација и смиреност!
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Има у Ск негде да се проба?...имаше едно мислам ама не ми текнува

Иначе тоБ тема Дафи браво :)
 

Скулгрл

Queen of the superficial::..
Член од
17 јануари 2006
Мислења
5.059
Поени од реакции
69
Mac)) напиша:
Има у Ск негде да се проба?...имаше едно мислам ама не ми текнува

Иначе тоБ тема Дафи браво :)
Kамник.Инаку имам пукано со пиштол и со воздушна пушка.Добро нишанам. :pipi:
 

VIRTUAL

knowledge is power
Член од
4 мај 2006
Мислења
327
Поени од реакции
2
sch00lGirL напиша:
Kамник.Инаку имам пукано со пиштол и со воздушна пушка.Добро нишанам. :pipi:
А по самото тоа може да се заклучи дека си смирена особа по карактер и имаш стабилни рачиња! :duel:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom