Ме интересира како се пресметуваат поените за стипендија...
По некоја моја претпоставка би требало да биде вака
просекот*7.5+7.5 за општествени/10 за техничките факултети+(просечна плата во однос со примањата на родителите)*10... Нека ме исправи некој ако грешам...
И уште едно не ми е јасно... за оние кои земаат стипендија од приватните универзитети... како е можно во првите 100 стипендисти од приватните универзитети 99 да имаат максимум поени по основ на материјална состојба. Според моите претпоставки, за некој да има максимум поени по основ на материјалната состојба на родителите, треба двајцата родители заедно да имаат помали месечни примања од 20.000 денари. Со оглед на тоа што на приватните факултети се плаќа 2.000 евра партиципација, родителите од тие 99 стипендисти шест месеци работат само за школарината на своите деца... :nesvest::kesa: Мислам дека треба малце подобро да се проверуваат документите кои ги приложуваат студентите, зашто ова е смешно