Пред 3 години кога бев во Хрватска на гости гледав слики од роднини на пријателите кај што бев. И ме запрепасти сликата од нивната тетка која премногу личи на мајка ми. Малце ме полазија морници...
А истото и се случило на сестра ми. Таа одеше на курс по германски, а професорката има мала ќерќичка. Кога сестра ми го видела девојчето премногу и заличело на мене, наредниот час и однела слика од мене како мала на професорката. По некое време и јас го видов девојчето и навистина личи на мене кога сум била мала, но има зелени очи, а јас кафени.