Руни е ’гладен’ за трофеи
Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни не се задоволува со двојната круна од минатата сезона и сега сака влез во историјата со екипата на Јунајтед
Руни минатата сезона успеа да постигне 18 погодоци а Јунајтед ја освои Премиер Лигата и Лигата на Шампионите. Англискиот интернационалец признава дека сите очекуваат многу од Јунајтед во новата сезона, и инсистира дека тие сеуште се ’гладни’ за трофеи.
“Уште од кога јас пристигнав во Јунајтед, тие се тимот кој сите сакаат да го победат, па навикнати сме на тоа.” – рече Руни за The Sun.
“Освојувањето на двојната круна е голем успех но ние не се задоволуваме со тоа.”
“Сите зборувавме за едно исто кога се вративме на подготовките за новата сезона, сите сакаме нови трофеи.”
“Не сакаме да бидеме познати само како тимот што ја освоил двојната круна. Сакаме да влеземе во историјата.”
“Се надевам дека сите ќе продолжиме да учиме, да играме добро и да освојуваме трофеи. За пет или шест години, се надевам дека луѓето ќе говорат колку добар тим сме биле.”