Која е потребата на некој да му се инаетиш колкава е цената, па уште на социјален медиум како форум да поттикнуваш други луѓе да отворат друг социјален медиум (фејсбук) за да го виделе колку бил ваков или таков?Му викам аве братле не е во центар станов, леле ко ми се распењави, ај тоа Влае било сум знаела ли ја колку оделе во Влае во нови градби одма ги купувале уште неизградени
Човекот има стан, може да го продава испод цена, може да го продава колку што вреди или може да го продава повеќе одошто вреди.
Твое е да видиш дали ти одговара локација, зградата (градбата), дали е реновиран, дали има хипотека на него и да го купиш или не - тоа ако првично воопшто си заинтересиран.
Доколку не си заобиколи, фала на понудата, пријатно. Бадијала овде ќе посочуваш некој човек што продавал некој стан колку не е во право пошто моментално ситуацијата е „луд јебе збуњеног“.
Цените не се стабилизирани, тие кои продаваат продаваат со цел „да не спуштат“ цена според таа моменталната што е на пазарот за да не се зијан, иако знаат дека се претерани тие цени зошто би спуштиле? Ти да продаваш ќе спуштиш тек така?
Од друга страна тие што купуваат знаат дека не вреди по таа цена и си чекаат „свое време“ т.е. како ти што чекаш да паднат цените (што само по себе е легитимно, само не знам колку е остварливо).
Можеби треба одреден период да се стабилизираат цените, но не очекувај дека тоа значи драстично намалување на истите.