- Член од
- 22 февруари 2024
- Мислења
- 258
- Поени од реакции
- 412
Добро почна лошо заврши.Никој не ти брани да ти стои празен стан, ама ти лупа државата огромен данок на луксуз и за неколку години пак ќе го платиш станот преку тој данок и нема никаква логика да го правиш тоа. Во Германија на пример ако купиш стан немаш право во наредните 5 години да го продаваш, баш заради тоа да не се прави бизнис со купен стан во изградба по една цена и продаден после 2 години по повисока цена. Плус за да купиш стан таму ти прават детална проверка, и треба да добиеш согласност од останатите станари, така да бизнис со станови таму мало сутра. Празните станови во Скопје ти се доказ дека побарувачката на станови не е реална, туку се купуваат станови како инвестиција. Кога државата ќе реши да стави крај на тоа тогаш тие празни станови ќе излезат на пазарот, и ќе се создаде поголема понуда од побарувачка што нормално ќе доведе до пад на цените.
Sent from my SM-S921B using Tapatalk
Ако државата удира данок дека станот ти е празен во главен град да речеме Скопје, тогаш те приморува да го дадеш под кирија што значи ке врши притисок врз висината на кириите не врз висината на цените на становите.
Цените на становите се диктирани најпримарно од цената на земјата кадешто се градат + трошокот за градење + профитната маржа на тој што ја прави зградата.
Насилно форсирање становите да се дадат под кирија само ке створи луѓето што имаат помалку пари да ги дадат под кирија.
Тие што имаат многу имоти и неќат да ги издаваат само ке платат данок.
Имаше документарец за кинезите како плаќаат данок на имотите што ги имаат во странство а не се издадени и реално сумата е смешна во споредба тоа што го имаат купено. Тоа е како наставничката да те удри по рака кога ке направиш беља и ти уште продолжуваш.
Наспроти ова што го кажуваш подобра мерка е данок на имот или property tax. Државата да даночува прогресивно колку повеќе имоти имаш толку повеќе данок да плаќаш. Пример прв инвестициски имот 10% годишно, втор 20%, трет 30%.
Само тоа може да ограничи богатите да купуваат уште повеќе станови. Ама никаде во светот ова не се направило.
Тоа со празните станови и киријата е ветар во магла. Во секоја држава го има.