И срцето и разумот. Едното без другото - врска осудена на пропаст, или поубаво кажано - едниот од партнерите цел живот ќе биде паталец. Ехее...колку примери знам шо наебале така водени од срцето со разумот оставен некаде у подрум...
Најтрагичното е што и самите се свесни за нештата, ама едноставно - тоа е посилно од нив. Нешто како мазохисти или пак свесно сакаат да изиграваат жртви. Можеби, поинтересно им е така.
А на секој кој свесно се глупира и е воден од срцето баталувајќи го разумот, џабе е да му дадеш секаков добронамерен совет, затоа што секогаш ќе бидеш погрешно сфатен. Во тој момент, во неговите очи ќе блеснеш како љубоморен, подол, злонамерен. Остави го нека пати по мое. Сам си сркал, сам нека си дроби.