Среќа

Член од
12 март 2009
Мислења
205
Поени од реакции
13
Радост е кога ќе дознаеш дека имаш син. А среќа е кога ќе паднеш од 10ти спрат и ќе преживееш. А после ќе бидеш радосен за тоа.
А кога ќе ти кажат виц, ниту си среќен ниту радосен, чисто работи твојата смисла за хумор и се смееш. :)
Абе види среќата ти е релативна работа кај секоја личност различно. Нешто што мене ме прави среќна може некој друг да го направи тажен така да...:toe:
Релативно, релативно.
Некој е среќен зашто добил 384759347 долари, некој е среќен затоа што наранил некој сиромашен на улица а некој пак е среќен зашто комшијата му умрел :toe:
 
DonJas

Married and Happy
Член од
22 јуни 2008
Мислења
2.651
Поени од реакции
586

Тука веќе правиш муабет за причина за радост Сара. Друго зборев јас.
Значи факт е дека причината е секогаш релативна, поради тоа шо секој има различен карактер и различна околина.

Ама секој може да биде радосен, ама не секој може да биде среќлија.
 
Среќлија? Не го разбирам овој збор :) ? Мислиш на среќен човек како:
среќен човек со насмевка на лице и си тера животот без разлика дали е со радости и падови...
Или среќлија што секогаш се му се погодува баш како што треба да биде и постигнува успех во се што прави ( роден под среќна звезда )
Пошто ја незнам дали има баш такви личности и како првиот и како вториот пример..
Незнам дали некој може да биде со насмевка на лицето и покрај тоа што лоши работи му се случуваат.
Среќата треба да ја бараме во малите работи..
А ако малите работи предизвикуваат радост а не среќа? ...
Се изгубив сеа :tapp:...
Може појаснување?
 
DonJas

Married and Happy
Член од
22 јуни 2008
Мислења
2.651
Поени од реакции
586
Среќлија? Не го разбирам овој збор :) ? Мислиш на среќен човек како:

Или среќлија што секогаш се му се погодува баш како што треба да биде и постигнува успех во се што прави ( роден под среќна звезда )
Пошто ја незнам дали има баш такви личности и како првиот и како вториот пример..
Незнам дали некој може да биде со насмевка на лицето и покрај тоа што лоши работи му се случуваат.
Среќата треба да ја бараме во малите работи..
А ако малите работи предизвикуваат радост а не среќа? ...
Се изгубив сеа :tapp:...
Може појаснување?
Види, среќен човек, е човек шо има многу дешафки шо го прават радосен.
Ама човек шо има среќа, е човек роден според среќна ѕвезда. Односно среќлија, гзлар како сакаш наречи го. :)
Што незначи дека среќлијата може да биде среќен човек. Среќата може него да му биде, да го мавне кола, да изгуби пари каде шо шансите за загуба се минимални. :)
Постои позитивна и негативна среќа :)
А радоста пак, е само позитивна, па среќниот човек, е увек радосен и обратно. :)
Ме сфати? :)
 
Член од
5 април 2009
Мислења
151
Поени од реакции
15
Среќа е кога на имаш испрашуење у школо,а тебе ке те скокнат и нема да те испрашаат.Радост е откако тоа ќе се случи,тогаш се радуеш пошо си спасил газот на испрашуење.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
205
Поени од реакции
13
Види, среќен човек, е човек шо има многу дешафки шо го прават радосен.
Аха значи среќен човек е човек на кој што му се случуваат многу мали ствари што го прават радосен =)
Односно среќен човек е оној човек што знае да ги цени оние мали работи што се случуваат, што треба да го направат радосен.. Значи среќата произлегува од радоста? Ако не си радосен како можеш да бидеш среќен или обратно? Како идеше :) ..?
Ама човек шо има среќа, е човек роден според среќна ѕвезда. Односно среќлија, гзлар како сакаш наречи го. :)
Што незначи дека среќлијата може да биде среќен човек. Среќата може него да му биде, да го мавне кола, да изгуби пари каде шо шансите за загуба се минимални. :)
Постои позитивна и негативна среќа :)
Ах оваа среќава ептен сложена работа била.
А ако јас се радувам поради тоа што тој среќлија/гзлар го удрило кола и изгубил пари(поради х причини) и тоа ме прави среќна, тогаш ја сум среќен човек? :vozbud:
 
DonJas

Married and Happy
Член од
22 јуни 2008
Мислења
2.651
Поени од реакции
586
Аха значи среќен човек е човек на кој што му се случуваат многу мали ствари што го прават радосен =)
Односно среќен човек е оној човек што знае да ги цени оние мали работи што се случуваат, што треба да го направат радосен.. Значи среќата произлегува од радоста? Ако не си радосен како можеш да бидеш среќен или обратно? Како идеше :) ..?

Ах оваа среќава ептен сложена работа била.
А ако јас се радувам поради тоа што тој среќлија/гзлар го удрило кола и изгубил пари(поради х причини) и тоа ме прави среќна, тогаш ја сум среќен човек? :vozbud:
Чудни аналогии имаш:)

Ај вака.
На просто.
Радост ---> Среќен човек----> Happy
Среќлија ----> Гзлар----> Lucky

Доаѓа до забуни пошо ние користиме ист збор за два стадиума. :)
 
la-loca

Immortal...
Член од
24 јули 2009
Мислења
2.545
Поени од реакции
1.251
Среќа како таква среќа нема, тоа ти е само именка. Постојат среќни луѓе, а среќни луѓе се оние што се чувствуваат исполнето, луѓе кој што имаат барем дел од потребите за да бидат задоволни и среќни.
Среќа е да имаш семејсво, дом, доволно пари за нормален живот, вистински пријатели кои те опкружуваат, добра работа, здравје, љубов...
Кога некој човек би го имал тоа би бил среќен човек.
Некогаш човек што нема, може да се задоволи и со малку. Значи еден момент на радост и тој човек е исполнет.
Колку е само убаво тоа чувство...да се биде насмеан...
Има една многу убава мисла:
"Што е среќата? - Да се знае што се сака и страстно да се посакува тоа"
А среќата ке си дојде сама по себе, заедно со она што си го посакувал и си го добил.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
205
Поени од реакции
13
Доаѓа до забуни пошо ние користиме ист збор за два стадиума. :)
:vozbud:Само што сакав да си го изменам постот и да додадам зашто ли македонскиов речник ни е толку сиромашен, бидејки дефинитивно поради тоа измешавме и баби и жаби и бучкуруш направивме.
Ок на страна ова битно ја решивме дилемата.. Или не?

Човек кој знае да цени + Мали нешта = Радосен човек.
Радост на долги интервали = Среќа (happines not luck)
Радосен човек + Радост на долги интервали = Среќен човек
Барем јас од сево ова со ваков заклучок излегов :kesa:
 
Член од
3 март 2009
Мислења
601
Поени од реакции
178
сидарта, васудева. тоа е се. се има во книгата.
 
Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.126
Поени од реакции
2.764
Ебати среќата моја ебати, еднаш да пропаднеше некоја банка кај шо имам јас кредит.
 
Член од
17 јануари 2019
Мислења
3.303
Поени од реакции
7.434
Ебати среќата моја ебати, еднаш да пропаднеше некоја банка кај шо имам јас кредит.
Сите што имаат кредити во Еуростандард ќе бидат задолжени да ги вратат без разлика на износот...
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.784
Поени од реакции
15.396
Среќа...да ти се потрефат потсвесните со свесните желби.
 
Член од
20 април 2014
Мислења
5.239
Поени од реакции
5.820
Среќа...да ти се потрефат потсвесните со свесните желби.
Буразеру. Среќа е да седнеш веќе едншка у живото и да научеш да медитираш (For Budhas sake) и да увидеш дека нема свесни и потсвесни желби. Сите желби се потсвесни, извираат од потсвеста, ама ние после само свесно ги модерираме.

Иначе среќа е кога немаме желби, кога го прифаќаме и живееме животот таков каков што е у потпуност.
(Знам, теоретски љубав лепо звучи, малчице је друкшије у пракси) али веќе е јасно шо ја предизвикува несреќата кај сите нас. - Желбите.
@Киндер У право си. Среќа не постое надвор од нас.
---Одрицањем свих жеља долази до њихових испуњења.--- Зен узречица.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom