Среќа

Член од
22 септември 2008
Мислења
153
Поени од реакции
13
Сметам дека не мислиме на среќа доколку ви се погоди кешот на покер, туку за среќа како позитивност во ситуација, односно долгорочна среќа како што кажа Ирис.

Има многу работи кои можат да те направаат среќен, мене некогаш дури и ситниците можат да ме направат среќна. Среќен момент е оној со семејството, пријателите, оној момент кога се чуствуваш сакан/а или заљубена. Доколку има повеќе такви среќни моменти во животот, добиваш слика дека твојот живот е среќен. Возвишено чувство. Херман Хесе рекол: Среќен е тој што умее да сака. Доволно кажува реченицава.

Што се однесува до парите, не се пресудни за среќата но тоа не важи кога ги нема доволно за услови. Да речеме, дали би можела јас да бидам среќна кога не би можела да му обезбедам покрив над глава на своето дете?
 
Член од
8 октомври 2009
Мислења
312
Поени од реакции
153
Среќни се оние кои што се борат во животот за да ја постигнат саканата цел кој и покрај сите препреки остануваат цврсти, среќа е она кога имаме чувство дека ништо не ни недостига, кога го имаме најпотребното, најпосакуваното, среќа е кога нашиот живот не го споредуваме со другите,кога сме задоволни од самите себе... и на крај среќното срце се познава по насмевката на лицето:smir::pipi:
 
S

StereoLove

Гостин
Што е тоа срека?некој нека ми објасни зошто одамна не сум ја осетила:kesa:
Изгледа треба да ја почуствувам за да ја дефинирам.
 
LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.725
Работел некој фризер во некој град во САД.

Еден ден кај него дошол некој цвеќар да се потстрижува, кога фризерот го потсрижил, цвеќарот го прашал колку треба да плати.
Фризерот му одговорил дека тој работи од хоби и дека не може да му земе пари...

Цвеќарот заминал сиот среќен.
Утредента кога фризерот дошол на работа на прагот нашол прекрасен букет цвеќе.

Другиот ден кај фризерот дошол еден пекар, откако го пострижиле тој прашал колку треба да плати, a фризерот одговорил дека работи од хоби и не сака пари.

И пекарот заминал среќен.
Утредента фризерот на прагот нашол прекрасна торта.

Третиот ден доаѓа во фризерницата еден Македонец, откако го пострижиле и тој прашал колку треба да плати, фризерот повторно одговорил дека работи од хоби и дека не треба да плаќа.

Македонецот сиот среќен заминува.

Утредента што нашол фризерот пред неговата врата...?

Што?

Имате ли идеја...
Размислувајте како Македонец...

Нашол 20 Македонци кои чекале ред за да се пострижат!
 
АМБРОЗИЈА

случајна минувачка
Член од
22 декември 2008
Мислења
351
Поени од реакции
74
Најнајнајголемата среќа во мојот живот ја доживувам кога ќе погледнам во очите на оние неколку луѓе кои ги сакам и кога во нив ја гледам целата моја иднина...
И во тие моменти,знам дека никој ,па дури ни јас самат тоа повеќе нема да го промени...
Среќа е и кога ќе одлучиш што сакаш и кога ќе го тргнеш засекогаш непотребното..
 
Very Nice Girl

Нојс
Член од
25 август 2009
Мислења
1.231
Поени од реакции
160
По некои дефиниции, среќата би била целосно задоволување на личноста. Но, тогаш би имало ли некој среќен? Секогаш, нешто ни фали, и коа мислиме дека иаме се што ни е потребно ипак ќе најдеме некоја пукнатина. За мене среќа е моментно чувство кое како што доаѓа знае и да си оди. Убаво чувство. Момент, кој ни створува илузија дека светот е розов. Малите работи не прават среќни, да, малите совршени моменти.
 
ZigZag

Заменик министер
Член од
19 јули 2006
Мислења
347
Поени од реакции
248
Некој еднаш рече дека дебелите кога јадат храна си се среќни. Да кажеме дека има еден таков љубител на храна бесконечна залиха на разновидни хранливи производи, тоа би му било среќа додека не умре (или ќе биде срцев удар или шеќерот во крвта). Башка мотото на храна и вино е: Дебели ама среќни.
 
DonJas

Married and Happy
Член од
22 јуни 2008
Мислења
2.651
Поени од реакции
586
По некои дефиниции, среќата би била целосно задоволување на личноста. Но, тогаш би имало ли некој среќен? Секогаш, нешто ни фали, и коа мислиме дека иаме се што ни е потребно ипак ќе најдеме некоја пукнатина. За мене среќа е моментно чувство кое како што доаѓа знае и да си оди. Убаво чувство. Момент, кој ни створува илузија дека светот е розов. Малите работи не прават среќни, да, малите совршени моменти.
Кратко кажано, стејт оф мајнд.
Ама ти целиш на радост, не среќа.
Среќата е подолготрајно чувство од радост, радосен си во моментот кога ќе добиеш на лото, кога ќе положиш за возачка, кога ќе ти се роди син/ќерка.
Среќен си кога сите офци ти се на број, на пример, кога славиш 20 години од брак, кога ги гледаш децата како растат и успеваат, едноставно кога ти е убаво ради тоа што си го постигнал.
 
Blue Scarlet

Amazonka
Член од
21 март 2010
Мислења
45
Поени од реакции
6
Prifakanjeto na nesrekata e prviot patokaz na patot kon srekata .....
 
O

okej

Гостин
според мене среќата е само момент кој ќе те залаже да се осеќаш подобро за што било..за потоа кога ќе ти се случи нешто лошо уште повеќе да бидеш тажен зошто знаеш дека некогаш си бил среќен..и после ќе дојде некој и ќе направи да бидеш пак среќен макар и на 5мин за да може после да ти се згази од смеење у фаца кога ќе те удри кола на пешачки..
 
DonJas

Married and Happy
Член од
22 јуни 2008
Мислења
2.651
Поени од реакции
586
според мене среќата е само момент кој ќе те залаже да се осеќаш подобро за што било..за потоа кога ќе ти се случи нешто лошо уште повеќе да бидеш тажен зошто знаеш дека некогаш си бил среќен..и после ќе дојде некој и ќе направи да бидеш пак среќен макар и на 5мин за да може после да ти се згази од смеење у фаца кога ќе те удри кола на пешачки..
Пеер, тоа за шо ти збориш ваљда е радост. :)
Среќа според мене е шанса за нешто да се случи :)
 
O

okej

Гостин
Пеер, тоа за шо ти збориш ваљда е радост. :)
Среќа според мене е шанса за нешто да се случи :)
е да...ок така е али неможеш да бидеш радосен ни на 5мин како ти што викаш ако не си среќен..ваљда се некако поврзани..според тебе радост е кога ќе ти кажат виц а среќа кога знаеш дека се си успеал во животот така?..
 
DonJas

Married and Happy
Член од
22 јуни 2008
Мислења
2.651
Поени од реакции
586
е да...ок така е али неможеш да бидеш радосен ни на 5мин како ти што викаш ако не си среќен..ваљда се некако поврзани..според тебе радост е кога ќе ти кажат виц а среќа кога знаеш дека се си успеал во животот така?..
Не. Радост е кога ќе дознаеш дека имаш син. А среќа е кога ќе паднеш од 10ти спрат и ќе преживееш. А после ќе бидеш радосен за тоа.
А кога ќе ти кажат виц, ниту си среќен ниту радосен, чисто работи твојата смисла за хумор и се смееш. :)
 
значи или цела тема е утната или цел муабет...ќе да е второто..мислам дека не се мисли на среќа како среќа на лото туку среќен човек со насмевка на лице и си тера животот без разлика дали е со радости и падови...:baeh:
 
DonJas

Married and Happy
Член од
22 јуни 2008
Мислења
2.651
Поени од реакции
586
значи или цела тема е утната или цел муабет...ќе да е второто..мислам дека не се мисли на среќа како среќа на лото туку среќен човек со насмевка на лице и си тера животот без разлика дали е со радости и падови...:baeh:
Среќен човек = радосен човек
Човек шо има среќа = гзлар :):сијаличка:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom