Па и ти не си дискриминиран ........... барем не денеска ........
Истите права кои ги имам јас ги имаш и ти .......... кое е тоа право кое го имам јас ете како припадник на мнозинската заедница, а го немаш ти како припадник на втората по големина заедница во државава .......... јас такво право не познавам .......... па и крај краева во оваа држава не живеат само Македонци и Албанци има и минимум 10% останати малцинства а тоа во бројки се 200 илјади народ и тие си ги заслужуваат своите права зарем не !
Се согласувам, дека денеска е многу подобро од порано, јас лично тогаш сум бил дете и не знам како и што, но само го слушав тато и дедо во еден муабет кој ми остана во глава засекогаш, за настан каде биле кај македонска фирма, и кога во моментот меѓу себе зборуваа албански беа избркани......тоа во нормална држава се казни..........секој албанец бил или неков роднина бил во ваква или слична ситуација........еве едно право оспорувано, да зборувам во мој јазик........
Рамковниот договор ги решава проблемите на албанците, но и на другите заедници.........но потсети се денеска кој е против рамковниот договор......
--- надополнето: 4 јануари 2013 во 09:57 ---
Партизаните ја делеа....
Македонците беа на страната на партизаните,вие бевте балисти......
Башка,Косово беше дел од Србија,а доби статус на САП во рамките на Србија поради својот етнички мешан карактер,исто како и Војводина.
Македонците беа еден од народите,вие народности.....сепак таа држава беше Југославија....
--- надополнето: 4 јануари 2013 во 00:24 ---
Тоа е тоа......затоа и Милошевиќ го изгуби Косово.
Со своите глупости направи практично србите во Хрватска да се на работ на исчезнување, во БиХ војна од која никогаш нема да се опорави таа "држава" и го изгуби Косово.
Србите не требаше да го предадат во Хаг,требаше како Чаушеску да го стрелаат за се што направи.Ај што сите комшии проба да ги уништи и уназади,но најмногу штета сепак му направи на сопствениот народ.
Таа политика,сите мерки и политики што ги наброја ти и се применувале од 88-89 натаму,ако сакаа да им успее на Србите требаа да ја направат уште во 50тите,а не во 89 година.
Тоаш ќе имаа и време да го направат тоа,а и никој немаше да ги чепне.Југославија тогаш беше доста силна држава,а на никој од големите силе немаше да им биде на крај памет да се расправа со Југославија за таму некои албанци.
Во 89 година веќе беше прекасно за такви работи,Тито избра друг пат 40 години пред тоа.Веќе се водеше долги години политика на интеграција со која и до некаде им се даваше автономија на Албанците....
Не премногу,за да не аздисате,ама доволно колку да нема никаков основ за бунтови и отцепувања.
Да не ја укинеше Милошевиќ автономијата на Косово и барем да држаше статус кво таму, денес Косово сеуште ќе беше дел од Србија.
Имаше и партизани албанци за жал, не дека ми пречи што се бореле против фашистите, туку за жал се бореле против албанците....
И Косово и Македонија имаат мешан етнички карактер, да не забораваме дека и Македонија била/е викана јужна бановина........
И во Македонија има села со срби кои биле креирани артифициелно пред 50 год, и и биле дадено земја колку што сакаат, класичен пример ти е Куманово, каде има многу такви села.......
И во Косово исто така.........
Некои велат Косово е српска заради историјата, битките, и црквите, но пак истотака и во Македонија била под српска власт, и во Македонија се случувале битки на кој србите војувале, и во Македонија има српски цркви............
Косово била мешана, но мнозинство се албанците, со векови наназад....
Имаше и после ВСВ планови и програми како да се иселат шо повеќе албанци од Косово, и резултатот е многу албанци во Турција.....
Имаш право, да продолжеше политиката на Тито, уште Косово ќе беше под Србија.......