Србија заради споменикот на Албанците се заканува со рушење и воена интервенција

  • Креатор на темата Креатор на темата oon
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Е, пошто сте офтопик ајде да ве банираме?

Не можете без бебиситери ли што е работава, ајде вратете се на тема.
Добро,сега не е дека сме ептен оф топик.......
Ако дискутираме баш за темата нема што да се каже,али ако ги дискутираме српско-албанските односи тогаш има што да се дискутира.
А не е дека оваа тема нема врска со нивните односи.

Башка,за дискусија Македонци-Албанци-Срби-Косово-Србија има многу малце навреди :D
 
Тензична ситуација во Прешево

Австрискиот весник Дие Пресе му посвети текст на настаните во Прешевската долина.

Српската власт побара од локалната власт во Прешево , град населен со албанци , да го тргнат монументот. Премиерот Ивица Дачиќ се закани дека ако е потребно тоа ќе се направи со сила. Бившите команданти на ОВПМБ исто така рекоа дека ако е потребно монументот ќе го бранат со сила - пишува Дие Пресе.

После заканите на Дачиќ , и претседателот Николиќ повика за насилно рушење на споменикот , додека припадниците на бившата албанска армија испратија јасни пораки до Београд да не провоцираат и да не го допрат споменикот на УВПМБ.

Пораките на бившата ОБПМБ , Дачиќ ги оцени како отворена провокација. Трите општини Прешево , Бујановац и Медвеѓа се населени со албанци , кои на почетокот на 1992-ра одржаа референдум за припојување со Косово.
Во 2001-ва се обидоа и воено да го остварат тоа.

Во 2000-2001 , ОВПМБ водеше герилска војна против српските сили. И сега после заканите за рушење на споменикот , припадниците на оваа група се закануваат дека ќе се повтори конфликтот.
Еден бивш командант изјави дека они можат пак да ги облечат чизмите и униформите , предупредувајќи дека и од запад се спремни да се вратат во родните места 500 војници.

Градоначалникот на Прешево , Рагми Мустафа вели дека српските политичари не се интересирани за нашите жители , туку само за нашата земја. Тие сакаат , ние албанците да исчезнеме.
 
Еден бивш командант изјави дека они можат пак да ги облечат чизмите и униформите , предупредувајќи дека и од запад се спремни да се вратат во родните места 500 војници.

Лелееее србите се исплашија, свикаа итна седница за признавање на независноста на к. :D

Абе Дарди, Дардиии...
А што, само они знаат да облечат чизми и униформи ??? Другите ретардирани се, не знаат што е тоа униформа и пушка, или па се плашат ???
Нека се вратат де... +500 лесни мети за србските специјалци :D

Баш ме интересира како ќе се реши ситуацијава. Србите веќе немаат што да изгубат.
 
На Косово живеат срби.
Во Србија живеат албанци.

Ова работа помага на двете страни да бидат разумни , секој лош однос кон албанците во Србија има последици кон србите на Косово , како и спротивното.

Не е лесно да се убијат 500 албанци , во конфликтот 2000-2001 во Прешево, Бујановац и Медвеѓа беа убиени само 28 припадници на ОВПМБ. (14 од Косово и 14 од Прешевската долина).
Се работеше за млади војници , тоа го покажува и фактот што од 28 паднати борзи , само 12 биле во брак (имале 30 деца).
А останатите 16 не биле во брак , најмладиот имал 17 години , потоа едниот имал 18 години , двајца по 19 години итн.

Тука се гледа и моќта на такозваната најсилна српска армија и полиција , имале работа со млади борци , а сепак не поминаа баш најлесно , они имаа 18 загинати војници и полицајци.

Ако се вклучат искусните борци , и 500 борци можат да издејствуваат нов политички договор за Прешево.
 
Ок, ајде... за да биде мирно, и двете страни да се задоволни, во приштина нека стават споменик нааа... ете на единицата ЈСО ;)

Бива ?

JSO.jpg
 
Ок, ајде... за да биде мирно, и двете страни да се задоволни, во приштина нека стават споменик нааа... ете на единицата ЈСО ;)

Бива ?

ЈСО се наоѓаше на страната на геноцидарците така ? На тие кои укинуваа автономии , протеруваа од работа луѓе , плачкосуваа и убиваа цивили ?
А УЧПМБ се бореше против таквиот режим , против еден Милошевиќ кој заврши во Хаг заради убиство на цивили.
УЧПМБ се бореше против Милошевиќ исто како што се бореа и србите во масовните протести со кои беше струшен тој режим.
Дали србите кои удираа по полицијата и влегоа во собрание во Београд се терористи ?

УЧПМБ имаше право.
 
Лелееее србите се исплашија, свикаа итна седница за признавање на независноста на к. :D

Абе Дарди, Дардиии...
А што, само они знаат да облечат чизми и униформи ??? Другите ретардирани се, не знаат што е тоа униформа и пушка, или па се плашат ???
Нека се вратат де... +500 лесни мети за србските специјалци :D

Баш ме интересира како ќе се реши ситуацијава. Србите веќе немаат што да изгубат.
ќе се реши како и последниве 20 години што се решаваше со пораз на?кого?
 
На Косово живеат срби.
Во Србија живеат албанци.

Ова работа помага на двете страни да бидат разумни , секој лош однос кон албанците во Србија има последици кон србите на Косово , како и спротивното.

Не е лесно да се убијат 500 албанци , во конфликтот 2000-2001 во Прешево, Бујановац и Медвеѓа беа убиени само 28 припадници на ОВПМБ. (14 од Косово и 14 од Прешевската долина).
Се работеше за млади војници , тоа го покажува и фактот што од 28 паднати борзи , само 12 биле во брак (имале 30 деца).
А останатите 16 не биле во брак , најмладиот имал 17 години , потоа едниот имал 18 години , двајца по 19 години итн.

Тука се гледа и моќта на такозваната најсилна српска армија и полиција , имале работа со млади борци , а сепак не поминаа баш најлесно , они имаа 18 загинати војници и полицајци.

Ако се вклучат искусните борци , и 500 борци можат да издејствуваат нов политички договор за Прешево.

А што курац баравте помош од Америка и Нато? Да не беа они, Србите во Јадран ќе ги удавеја "борците". Сум кажал и во други теми ќе кажам и овде. Неможеја Харадинај и војскатаа д се најадат Македонска храна во кампон шо беше у Џепчиште, додека нато не ја преора Србија со бомби и проектили. Таква офанзива само Русија би преживеала!
 
Од што беа толку силни србите , УЧК им беше распределена низ цело Косово , па не можеа да се справат со нив.
Можеби имаш слушнато и ти една од фамозните оправдувања на србите: На другата страна имаме дрогирани борци. (мислејќи на УЧК).

Не им се веруваше дека пружат таков отпор , па ајде речи дека се дрогирани.

Србија имаше среќа што оружјето влегуваше само преку Албанија , а се работеше за тежок терен за внесување на оружје , и србите добро го имаа минирано и контролирано , најмногу војници УЧК губеше на граница при влегување на Косово него ли во самите борби низ Косово, а немале ни доволно и квалитетно оружје. Но со вољја пружеа голем отпор.

Што не ги удавија пред започнување на бомбардирањата ?

Србија ги изгуби сите војни на фронтови , ги добри војните против цивилите , во сите војни они имаат убиено повише цивили него војници.
 
Па и ти не си дискриминиран ........... барем не денеска ........
Истите права кои ги имам јас ги имаш и ти .......... кое е тоа право кое го имам јас ете како припадник на мнозинската заедница, а го немаш ти како припадник на втората по големина заедница во државава .......... јас такво право не познавам .......... па и крај краева во оваа држава не живеат само Македонци и Албанци има и минимум 10% останати малцинства а тоа во бројки се 200 илјади народ и тие си ги заслужуваат своите права зарем не !

Се согласувам, дека денеска е многу подобро од порано, јас лично тогаш сум бил дете и не знам како и што, но само го слушав тато и дедо во еден муабет кој ми остана во глава засекогаш, за настан каде биле кај македонска фирма, и кога во моментот меѓу себе зборуваа албански беа избркани......тоа во нормална држава се казни..........секој албанец бил или неков роднина бил во ваква или слична ситуација........еве едно право оспорувано, да зборувам во мој јазик........

Рамковниот договор ги решава проблемите на албанците, но и на другите заедници.........но потсети се денеска кој е против рамковниот договор......
--- надополнето: 4 јануари 2013 во 09:57 ---
Партизаните ја делеа....
Македонците беа на страната на партизаните,вие бевте балисти......
Башка,Косово беше дел од Србија,а доби статус на САП во рамките на Србија поради својот етнички мешан карактер,исто како и Војводина.
Македонците беа еден од народите,вие народности.....сепак таа држава беше Југославија....
--- надополнето: 4 јануари 2013 во 00:24 ---

Тоа е тоа......затоа и Милошевиќ го изгуби Косово.
Со своите глупости направи практично србите во Хрватска да се на работ на исчезнување, во БиХ војна од која никогаш нема да се опорави таа "држава" и го изгуби Косово.
Србите не требаше да го предадат во Хаг,требаше како Чаушеску да го стрелаат за се што направи.Ај што сите комшии проба да ги уништи и уназади,но најмногу штета сепак му направи на сопствениот народ.

Таа политика,сите мерки и политики што ги наброја ти и се применувале од 88-89 натаму,ако сакаа да им успее на Србите требаа да ја направат уште во 50тите,а не во 89 година.
Тоаш ќе имаа и време да го направат тоа,а и никој немаше да ги чепне.Југославија тогаш беше доста силна држава,а на никој од големите силе немаше да им биде на крај памет да се расправа со Југославија за таму некои албанци.

Во 89 година веќе беше прекасно за такви работи,Тито избра друг пат 40 години пред тоа.Веќе се водеше долги години политика на интеграција со која и до некаде им се даваше автономија на Албанците....
Не премногу,за да не аздисате,ама доволно колку да нема никаков основ за бунтови и отцепувања.
Да не ја укинеше Милошевиќ автономијата на Косово и барем да држаше статус кво таму, денес Косово сеуште ќе беше дел од Србија.

Имаше и партизани албанци за жал, не дека ми пречи што се бореле против фашистите, туку за жал се бореле против албанците....

И Косово и Македонија имаат мешан етнички карактер, да не забораваме дека и Македонија била/е викана јужна бановина........
И во Македонија има села со срби кои биле креирани артифициелно пред 50 год, и и биле дадено земја колку што сакаат, класичен пример ти е Куманово, каде има многу такви села.......
И во Косово исто така.........
Некои велат Косово е српска заради историјата, битките, и црквите, но пак истотака и во Македонија била под српска власт, и во Македонија се случувале битки на кој србите војувале, и во Македонија има српски цркви............
Косово била мешана, но мнозинство се албанците, со векови наназад....

Имаше и после ВСВ планови и програми како да се иселат шо повеќе албанци од Косово, и резултатот е многу албанци во Турција.....
Имаш право, да продолжеше политиката на Тито, уште Косово ќе беше под Србија.......
 
Рамковниот договор ги решава проблемите на албанците, но и на другите заедници.........но потсети се денеска кој е против рамковниот договор......
--- надополнето: 4 јануари 2013 во 09:57 ---
Па баш и не.......на турците им е исто, на ромите им е исто затоа што и онака немаат никаков кадар што може некаде да се пикне,а за сите други помали и подобро во просек образовани и интегрирани заедници - рамковниот е смртна пресуда........посено за вработувањата и за напредување на работа.
Треба да чекаат едно во 1000 отворени места,а имаат соодветен кадар за повеќе од тоа да пополнат.Напредок на позиции на св. Никад добиваат од 2001 натаму....

Не се преценувајте дека со тој рамковен договор сте ги решил проблемите на малцинствата во Македонија, вие само своите ги решивте со тоа........
--- надополнето: 4 јануари 2013 во 12:58 ---
Од што беа толку силни србите , УЧК им беше распределена низ цело Косово , па не можеа да се справат со нив.
Можеби имаш слушнато и ти една од фамозните оправдувања на србите: На другата страна имаме дрогирани борци. (мислејќи на УЧК).

Не им се веруваше дека пружат таков отпор , па ајде речи дека се дрогирани.

Србија имаше среќа што оружјето влегуваше само преку Албанија , а се работеше за тежок терен за внесување на оружје , и србите добро го имаа минирано и контролирано , најмногу војници УЧК губеше на граница при влегување на Косово него ли во самите борби низ Косово, а немале ни доволно и квалитетно оружје. Но со вољја пружеа голем отпор.

Што не ги удавија пред започнување на бомбардирањата ?

Србија ги изгуби сите војни на фронтови , ги добри војните против цивилите , во сите војни они имаат убиено повише цивили него војници.
Колку борби има УЧК добиено ? Ниту една.....

УЧК беше класична герила - удри,бегај и криј се.........одбегнувај го секој можен директен судир затоа што ќе те направат лом (што и цело време се случуваше ако дојдеше до такво нешто).
Целта на герилата не е војнички да го порази непријателот (понекогаш,ако собере доволно сила може и тоа како партизаните во 2 СВ), затоа што во 90% од случаите не може,туку целта е да го надтрае и да успее да опстои,да се крие и да му прави проблеми на непријателот.
Да не ви беше навистина потребна помош од НАТО немаше ни да ја добиете....

Слично како и талибаните во Афганистан.........колку битки имаат добиено ? Кој им повеќе изгинати ?
Талибаните - али ете ги 10-11 години сеуште се таму и не може дури ни САД и цело НАТО да ги истребат.
 
Фазли Велиу : Ќе го одбраниме споменикот под секоја цена

Сојузот на ветераните на Ослободителната народна армија (ОНА) го нарече провокација за војна повикот на Београд за тргање на споменикот на ОВПМБ во Прешево.
Во пишана декларација претседателот на СВ на ОНА , Фазли Велиу порача дека бившите борци се спремни под секоја цена да го одбранат овој споменик.
 
Ај, дека не можете да се степате. :coffee:
 
Јонуз Муслиу го брани албанското знаме

Јонуз Муслиу го истакна знамето во селото Добросин во Прешевската долина.
Политичкиот претставник на ОВПМБ предупреди дека албанското знаме ќе се одбрани на било кој начин од српските провокации.
Муслиу со соборците го истакна албанското знаме на местото каде пред некој ден српските безбедносни сили го симнаа знамето.

Тоа знаме е свето за населението на Прешевска долина и за село Добросин. Тоа претствавува светост за хероите и за оние кои загинале во војната - истакна Муслиу.

Имаме право да ги чуваме и изразуваме нашите национални и патриотски чувства. Имаме право и да подигнем споменици и бисти. Тоа не го правиме за да провоцираме некого , туку да потсетиме дека тука е пролиена крв и се борело против терористичките и окупационите сили - рече Муслиу.

Незваничните информации кои Радио телевизија на Србија ги добила од терен говорат дека самите албанци пред некој ден го симнале знамето , за да потоа повторно го истакнат.
Иначе тоа не е единствено знаме на Албанија поставено на видно место. Знамиња има на плоштадите , продавниците , куќите и на спомен обележјата на ОВПМБ

http://www.rts.rs/page/stories/ci/story/1/Политика/1241630/Јонуз Муслиу брани албанску заставу.html

Albanska%20zastava%20u%20Dobrosinu.jpg
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom