М
Мартин`
Гостин
Глупости ако сакале тоа ќе го завршеле одма рака на рака а не да оставаат пари во WC-ња на кафичи.Абе дечки гледајте ја малку целата слика. Кој побогу носи 200 000 евра во ташна во кафе бар !? Овде имало дил некој, типот со парите требал „ненамерно“ да ги заборави, а друг „ненамерно“ да ги најде. Ова е чиста „трансакција“ на мафијаши. Е сега цурава изгледа ја нашла ташната пред да падне дилот, така да треба да биде среќна што не ја свиткале.
Инаку во наше Мевере би ја вработиле само доколку не ги вратила парите... оти требаат како доказ .. нали.
Инаку според Српски сајт кај што читав типов што ги изгубил парите сакал да оди во WC но во она јавното што било за сите се било зафатено па затоа келнеркава му дала да заврши работа во нивното приватното за персоналот што е. Овој завршил работа и ги заборавил парите во WC-то па после се вратил по пола саат пак кога го прашала келнеркава да не изгубивте нешто (за да се осигура дали се негови) рекол на почеток НЕ но потоа откако му станало јасно дека веќе ги земала они рекол ДА.. после тоа нормално прашала колку овој си кажал колку заборавил и тоа е тоа.
Инаку искрено да се најдам јас во ваква ситуација незнам како би постапил, до сега се што имам наоѓано имам враќано па дури и кусур кога ми враќале повеќе по грешка едно 2-3 пати сум им враќал на продавачите... ваљда зошто имам колку толку пари за пристоен живот па поинаку размислувам не ми биде толку “важни“ тие пари. Сепак тука се работи за голема сума 200.000 евра не се мала работа.. дали ќе превладее чесноста или лакомоста незнам, но во секој случај ја мислам дека повеќе би одел на варијантата од законот 15% за мене како пронаоѓач останатите нека си ги троши тој што ги изгубил. Мислам дека ова е најфер варијанта сепак ти си ги пронашол, ама не се твои.. не си ги заработил.