Србинка пронашла 200 илјади евра и му ги вратила на сопственикот

  • Креатор на темата Креатор на темата Tetro
  • Време на започнување Време на започнување
Абе дечки гледајте ја малку целата слика. Кој побогу носи 200 000 евра во ташна во кафе бар !? Овде имало дил некој, типот со парите требал „ненамерно“ да ги заборави, а друг „ненамерно“ да ги најде. Ова е чиста „трансакција“ на мафијаши. Е сега цурава изгледа ја нашла ташната пред да падне дилот, така да треба да биде среќна што не ја свиткале.

Инаку во наше Мевере би ја вработиле само доколку не ги вратила парите... оти требаат како доказ .. нали. ;)

Глупости ако сакале тоа ќе го завршеле одма рака на рака а не да оставаат пари во WC-ња на кафичи.

Инаку според Српски сајт кај што читав типов што ги изгубил парите сакал да оди во WC но во она јавното што било за сите се било зафатено па затоа келнеркава му дала да заврши работа во нивното приватното за персоналот што е. Овој завршил работа и ги заборавил парите во WC-то па после се вратил по пола саат пак кога го прашала келнеркава да не изгубивте нешто (за да се осигура дали се негови) рекол на почеток НЕ но потоа откако му станало јасно дека веќе ги земала они рекол ДА.. после тоа нормално прашала колку овој си кажал колку заборавил и тоа е тоа.

Инаку искрено да се најдам јас во ваква ситуација незнам како би постапил, до сега се што имам наоѓано имам враќано па дури и кусур кога ми враќале повеќе по грешка едно 2-3 пати сум им враќал на продавачите... ваљда зошто имам колку толку пари за пристоен живот па поинаку размислувам не ми биде толку “важни“ тие пари. Сепак тука се работи за голема сума 200.000 евра не се мала работа.. дали ќе превладее чесноста или лакомоста незнам, но во секој случај ја мислам дека повеќе би одел на варијантата од законот 15% за мене како пронаоѓач останатите нека си ги троши тој што ги изгубил. Мислам дека ова е најфер варијанта сепак ти си ги пронашол, ама не се твои.. не си ги заработил.
 
Баш ме интересира од каде му се на некого 200.000 евра во кеш па и во обична чанта ??
 
Џабе му се толку пари кога нема мозок.Поарно да ги дал на девојкава барем ќе ги искористи за нешто паметно
 
Види.. не знам како ти размислуваш... али тоа што не е твое не е убаво да го зимаш... некој работел за тие пари. Од кај знаеш дали чесно или нечесно се заработени..уствари тоа нема никаква врска, тие пари секако не се твои.
Мене ми се има случено .. постар човек вадеше пред мене пари од банкомат... ги заборави мислејќи дека е банкоматот празен си отиде порано.. кога јас дојдов на ред ми испадна купче пари од банкоматот. Ги земав и отидов да му ги вратам.. не ми даде ништо.. само еден убав благослов кој беше многу повреден од било која сума да ми ја дадеше како награда. Веруј ми.. чуството потоа е многу повредно отколку било која сума..
ако ти мислиш дека имаш право на туѓи пари... тогаш не знам шо да ти кажам.. за некои тоа е срамно.. за некои сосема нормално.

Во твојов случај и јас би постапил како тебе, али 200 000 евра на баткава сигурно со пот не се заработени.Или е некој гангстер или има голема фирма така да не е за жалање.Ги земам и муке немам, око нема да ми видат.
 
А чисто информативно ме интересира.
Што се случи со тој дечкото што најде 900.000 евра во шише?
Дали и тој доби нешто и што се случи со парите?
:pos::pos::pos:
 
Срам да му е како смее 200.000 евра да носи, сигурно не ги заработил легално.. ја мислам треба да му се земат. Ах бе :tapp:

[ironyon]
 
Глупости ако сакале тоа ќе го завршеле одма рака на рака а не да оставаат пари во WC-ња на кафичи.

Инаку според Српски сајт кај што читав типов што ги изгубил парите сакал да оди во WC но во она јавното што било за сите се било зафатено па затоа келнеркава му дала да заврши работа во нивното приватното за персоналот што е. Овој завршил работа и ги заборавил парите во WC-то па после се вратил по пола саат пак кога го прашала келнеркава да не изгубивте нешто (за да се осигура дали се негови) рекол на почеток НЕ но потоа откако му станало јасно дека веќе ги земала они рекол ДА.. после тоа нормално прашала колку овој си кажал колку заборавил и тоа е тоа.

Дуд, го забораваш битниот момент, човек со ташна со 200 000 евра во кафиќ. Кој иде со 200 000 евра во кафиќ!?
Ова што го кажуваш со вецето, само ја потврдува приказната, оди во приватното веце, каде што немаат пристап другите гости, и демек ја заборава ташната за после друг да побара да оди во тоа веце и да ја земе. Иако ова го тресам од ракав, ама пак ми има смисла.

Ти да имаш 200 000 евра во тебе и да идеш во веце, ташната ако треба со заби ќе ја држиш дур мочаш, ама нема да ја испуштиш од раце. Не зезај.
--- надополнето: Nov 20, 2011 2:35 PM ---
А чисто информативно ме интересира.
Што се случи со тој дечкото што најде 900.000 евра во шише?
Дали и тој доби нешто и што се случи со парите?
:pos::pos::pos:

Најверојатно го добил шишето.... ама празно. :D
 
А бе видете вака... поставетесе во ситуацијата... голем кеш, без легално покритие од пронаоѓачот, плус приказната дека таа ете го пуштила во WC-то , тој таму заборавил и тоа дека ако ете се вратил а барал после што мислите дека ако му речела ништо не видов/најдов тој немало да да е 99% сигурен дека таа крие дека нашла... тој што има толку кеш сигурно дека има уште друг за да најди начин да види дал жената по некое време ќе истроши големи пари и да ја има за државен непријател подговен за “одстрел“. Жената мајка сопруга... мислите така лесно би присвоила нешто за кое после може да се плаши за себеси и за другите од нејзината околина...
Викате би ги зеле и ни трага ни глас... до кога... дур да ви свирни да си купите некоја страшна машина или стан/куќа ... што мислите секоја голема трансакција не се проверува од каде дошла со потекло на парите... Жената си постапила сосема очекувано и секоја и чест...
 
А чисто информативно ме интересира.
Што се случи со тој дечкото што најде 900.000 евра во шише?
Дали и тој доби нешто и што се случи со парите?
:pos::pos::pos:
Кој нашол 900000 евра во шише?
 
Кој нашол 900000 евра во шише?
Еден дечко што работи на унгарска граница :)
Ме интересира дали парите ги вратија во буџетот или му ги вратија на Глујо?
 
Еден дечко што работи на унгарска граница :)
Ме интересира дали парите ги вратија во буџетот или му ги вратија на Грујо.

Значи не ги нашол, туку ги запленил по службена должност. Инаку поим немам што направила Унгарија со парите. А, зошто да ги вратат во буџетот, ако може појаснување?
 
Јас кога би ги нашол би се размислил дали да ги вратам,но тоа не ме прави паметен.
Секоја чест за жената што ги вратила,и немате право да викате дека е глупа и слично, како шо прочитав во коментарите повеќе.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom