Спортска опрема (информации, размена, купување продавање)

UncleSam

Будока
Член од
23 јануари 2011
Мислења
269
Поени од реакции
509
значи се отепав во прилеп барање немаше никаде, ни порачка ни ништо, ако си од ск и ако таму нема, шо значи само преку нет да си нарачаш
Има во Pride ама се изгор скапи, додуша не сум бил лично да проверам ама на веб страната цените се очајни, исто на друга тема ми одговорија во една продавница PBC, дознав и дека била на Ивица од Д Стронгест, ама сомнителни ми се, 1800 денари не се малце да фрлиш на некоја без врска марка. Така да убаво рече да си нарачаш од нет, ем поевтино може да ти испадне, ем поквалитетно.
 
M

Muranyi

Гостин
Продавам кимоно за џиу-џитсу,два месеци користено. Не знам кој број е,ме мрзи да проверувам,ако сте над 180 таман ќе ви биде.По смешна цена сум расположен да го шитнам.Пишете пп.
 

Kaiser

Hidden Fortress
Член од
6 мај 2011
Мислења
3.202
Поени од реакции
2.443
Дечки, кимона освен во Pride и Master Sport има на друго место?
 

UncleSam

Будока
Член од
23 јануари 2011
Мислења
269
Поени од реакции
509
Дечки, кимона освен во Pride и Master Sport има на друго место?
Во PBC треба да има, за квалитет не знам. Туку имам видено по Скопје некои дечки носат тренерки и капчиња Under Armour. Знае некој каде можат да се набават?
 
Член од
28 мај 2010
Мислења
201
Поени од реакции
25
дали може да се мава на боксерска вреќа со бандажери ( тоа како завој ) или не помага мора да се има боксерски ракавици ?
 

Klinton

wanna BOMB?
Член од
11 април 2010
Мислења
2.786
Поени од реакции
4.432
Дечки, кимона освен во Pride и Master Sport има на друго место?
незнам од каде си и дали ти одговара, ама знам дека во велес многу деца (стварно мислам деца) си сошија кимона по порачка, испадна далеку поефтино а амблемот на клубот се нарачува везен и кошта околу 200, самото кимоно не би требало да биде поскапо од 1000 зависи од големината и материјалот нормално
а ми текнува имаше дечки од кунг фу клуб шиеаја нивна традиционална униформа што изгледа вака

значи покажаа само со слика и испадна иста ко оригиналот
 

Мајло

B I S
Член од
22 јуни 2009
Мислења
1.594
Поени од реакции
940
дали може да се мава на боксерска вреќа со бандажери ( тоа како завој ) или не помага мора да се има боксерски ракавици ?
Може ама не е препорачливо.Набави си ракавици.

Продавам шорцеви адидас мма комбат,професионални мма ракавици,бандажери и уште едни ракавици за вреќа.

Првите ракавици се користени за борби на турнири,со вторите е удрено 10тина пати во вреќа.Шорцевите се користени само за тренинг неколку пати.

Ајде тепачи ако сте за. :)
 

Kaiser

Hidden Fortress
Член од
6 мај 2011
Мислења
3.202
Поени од реакции
2.443
незнам од каде си и дали ти одговара, ама знам дека во велес многу деца (стварно мислам деца) си сошија кимона по порачка, испадна далеку поефтино а амблемот на клубот се нарачува везен и кошта околу 200, самото кимоно не би требало да биде поскапо од 1000 зависи од големината и материјалот нормално
а ми текнува имаше дечки од кунг фу клуб шиеаја нивна традиционална униформа што изгледа вака

значи покажаа само со слика и испадна иста ко оригиналот
И јас дојдов до истата идеја со тоа што материјал за кунг фу се наоѓа лесно а за зафатни техники потешко, немаме соодветен јак материјал но за деца и тој што го има е доволно добар да не се скине.

Фала во секој случај, ќе ти пратам пп за инфо :).
 

Klinton

wanna BOMB?
Член од
11 април 2010
Мислења
2.786
Поени од реакции
4.432
И јас дојдов до истата идеја со тоа што материјал за кунг фу се наоѓа лесно а за зафатни техники потешко, немаме соодветен јак материјал но за деца и тој што го има е доволно добар да не се скине.

Фала во секој случај, ќе ти пратам пп за инфо :).
другар не ми треба мене, јас само совет давам, се надевам корисен, материјал се наоѓа, само зависи цена, нели на тоа се сведува... Е сега за шнајдерка јас ќе ви најдам прилично ефтина и квалитетна, само вие треба да знаете што точно сакате и е препорачливо да се има слика, но и не е морално... како и да е и гугл ќе заврши работа
 
Член од
3 јуни 2014
Мислења
79
Поени од реакции
49
Дали некој знае каде можам да купам ролшули? Зборам за вакви како на сликата
 
Последно уредено:
Член од
25 декември 2011
Мислења
404
Поени од реакции
185
Дечки може да ми препорачате некоj поголеми спортски продавници во Cофиja?
Ме интересираат продавници за зимски спортови односно сноуборд(протекциja, бордови и т.н.), мислам дека сега треба да имат попусти па планирам некоj ден да возам натаму само немам поjма каj се наогат.
поздрав
 

Kajgana Shop

На врв Bottom