ПЦ Дисконт е препродавач на АДСЛ. Добавувачи се Риверсофт и СЕТ. Проверив и сигурно се нови, така да секој обид да се „најде“ логика не ви е неуспешен. Има гаранција компјутерот.
БТВ, сметката ти е за СКЛОПЕН компјутер во малопродажба со гаранција и на 24 рати? Второ МТНет е фирма која мора да плаќа ДДВ. И?
Според независни извори од страна на хардверашите МТНет продал илјадници овакви конфигурации (дури и кога беше со ЦРТ монитор). Многу луѓе кои купиле компјутер од продавница ми имаат речене дека се зезнале. Многу луѓе кои немаат интернет и имаат стар компјутер се на мисла да го земат - на пр. само вчера двајца ми се јавија за консултација.
Поентата не е моментално за Мтнет туку општо. Компјутерот е нов, е супер-евтин, е на рати без да мора да потпишуваш разни документи во банка, е достапен, може да се надгради и е идеална опција за најголемиот број семесјтва кои се на ограничен буџет. Ем нов компјутер ем интернет.
Компјутерот е ѓубре, но за оние кои не жалат да платат 1000 еу за конфигурација. И 1500-2000 за интернет месечно. Но замислете си семејство со заеднички примања од 20 и нешто илјади кога ќе му соопштите - отсега може за 1000 денари месечно вашите деца ем да имаат компјутер ем да сурфаат (па и ако претераат со ИСДН брзина).
Поентата е - ајде да гледаме и од другите провајдери овакви иницијативи. Гледам во договорот МТНет за фирми спремаат повеќе модели на компјутери и лаптоп. Најверојатно наскоро и за физички лица по поволна цена ќе почнат да даваат и лаптопи.
Сето ова е позитивно. Не ги правете малоумни илјадниците среќни луѓе кои дома за прв пат имале шанса да добијат компјутер и интернет. Тие сами одлучиле, и оние 7-8 луѓе кои го одбрале ова а ги знам единствено се пожалиле на Виндоусот кој кај сите е преинсталиран. Но и фактот што е оригинален е додатен бенефит во легализацијата.
Да заклучиме, компјутерот е нов, супер евтин (најверојатно со промената на ДДВ ќе поевтини додатно) и врши работа за 80% од семејствата. Треба да се поттикнат другите провајдери да размислуваат во оваа насока. Па зошто да не ако можеш од ПЦ дисконт репариран компјутер П3 со монитор да земеш за 80 ЕУ, тоа да го вградат како бесплатна опција за сите што ќе потпишат договор од 1-2г. Се е подобро од моменталната ситуација.