Споредба на македонските интернет пакети

A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
5.097
Поени од реакции
11.508
Еве што прочитав на еден блог.

Македонски Телекомуникации VS Он.нет
сабота, 29, септември 2007

Не ги сакам ни едните ни другите, ама ова што денес ми се случи несомнено ги става МТ во поповолна позиција. Се појави проблем со телефонската линија, па на секој завртен број се активираше пораката „Немате кредит за следните повикувања!“ иако станува збор за пост-пејд претплатнички број. За среќа, бројот за грижа за корисници е достапен без оглед на проблемите со линијата, па се јавив и пријавив за проблемот. Ми се јави љубезен господин, па бев префрлен на соодветната линија (без коментар дека сум се јавил на погрешно место) и потоа ми беше назначено да се прејавам за 1 час за информации, а ми беше земен мобилен телефон за контакт. Помина еден час, се јавив и ми рекоа дека проблемот е пријавен и дека се чека на соодветната општинска служба. Веднаш потоа добив повик на мобилен, па на фиксен, по што беше допрецизиран проблемот за по неколку минути истиот да биде решен, иако ми беше потенцирано дека решението нема да биде можно до понеделник. Не знам дали е среќна околност, меѓутоа задоволен сум. Од пријавувањето до решавањето на проблемот помина час и половина, што може да се толерира! Патем денот е сабота.


Чисто за илустрација, на 12 септември, со Он.нет склучив договор за префрлање од WADSL на Solo 101. Денес е 29 септември, уште чекам опрема, никој ме нема контактирано за ништо, на секое мое јавување добивам ист идиотски одговор „Има листи, кога ќе бидете на нив ќе ве контактираат!“, си повеќе жалам што не си најдовр р'чка за да го раскинам проклетиот 2 годишен договор. Си реков ко божем за да скратам процедура, испадна ужас! Кога би имал шанса повторно да изберам, би ги избрал MT!

http://pablisher.blogspot.com/2007/09/vs.html
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.455
Поени од реакции
18.456
Јас еве чекам 14 дена за префрлање од WADSL 10 на WADSL 15.

Не сум од Скопје.
 
Член од
2 април 2007
Мислења
394
Поени од реакции
13
Септеври;
Да го сумаризирам
еден од најубавите месеци во македонската историја
МтНет,ОнНет, Телекабел;
Сите ги намалија цените и понудија пакети кој ги баравме(бар дел од нив);Мене барем Телекaбел ми се ок(сега нудат 3Gb за 500 ден.), колку што читам и MтНет си го исполнуваат својот договор( држат брзина и трафик)а за Он Нет нека зборат;
Mobilna telefonija;ВИП се појави и сите тргнаа , Сега имамае FRog 6,9 денари по минута.
Форумџии - дали веќе му се гледа крајот на нашите маки????
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.487
Поени од реакции
7.978
НЕ!!!!!! Сеуште има простор за напредок. Но за тоа ќе мораме да почекаме малку.
Јас ги очекувам WiMAX операторите да почнат да работат, и VIP да почне со пост пејд, за да се заокружи целиот процес на технолошки напредок во земјава.
За малку ќе заборавев, каблелските оператори да почнат да даваат услуги од областа на фиксната телефонија. Ја имаат инфраструктурата, така да нема да испадне пукање во празно како обидот на Он.нет.

Една работа сепак нема да се случи, лакомоста на власта да попушти и да се намали ДДВ-то за интернет на повластена даночна стапка.
 
Член од
2 април 2007
Мислења
394
Поени од реакции
13
НЕ!!!!!! Сеуште има простор за напредок. Но за тоа ќе мораме да почекаме малку.
Јас ги очекувам WiMAX операторите да почнат да работат, и VIP да почне со пост пејд, за да се заокружи целиот процес на технолошки напредок во земјава.
За малку ќе заборавев, каблелските оператори да почнат да даваат услуги од областа на фиксната телефонија. Ја имаат инфраструктурата, така да нема да испадне пукање во празно како обидот на Он.нет.

Една работа сепак нема да се случи, лакомоста на власта да попушти и да се намали ДДВ-то за интернет на повластена даночна стапка.
ДА, има простор за одење напред, но сметам дека дури сега почнавме да одиме напред.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.455
Поени од реакции
18.456
Е да, дефинитивно најдобар месец досега во поглед на телекомуникациите.
Штета што сум заглавен уште 9 месеци со Онет, абер немаат да понудат нешто подобро, дури ни на ова WADSL 15 не ме префрлаат :toe:
 

Mr.Deni

Животна грешка си ми ти...
Член од
4 мај 2007
Мислења
3.540
Поени од реакции
2.716
Тенеќе друже без да идеш во он.нет да потпишеш анекс дека се префрлаш на 15 гига ништо не правиш а префрлањето е одма за едно максимум 3 саата имаш 15 гига јас една недела пред да заврши месецот бев ми рекоа дека ке ме пуштат од 1 овој месец али и таа таму не знаела дека имаат проблем со бројачот и ми пуштија одма и за недела дена си потрошив 15 гига на филмови значи мора да идеш таму и одма те пуштаат.Поздрав:)
 
Член од
1 август 2007
Мислења
89
Поени од реакции
5
А мора да иде тој на кој што гласи договорот?Или може со негова лична карта? И дали треба да го однесам договорот
 

Mr.Deni

Животна грешка си ми ти...
Член од
4 мај 2007
Мислења
3.540
Поени од реакции
2.716
Mора да се однесе сметка од интернетот што го користиш дека таму пишува кој број на договор имате мене само тоа ми побараа ништо друго ама најубаво е да отиде тој на коешто имe гласи договорот дека правиш нов анекс и се потпишуваш јас сум лично носител на договорот али не ми побара лична карта али да не им текне случајно па да си отишол за џабе земи си се што ти пишав.Поздрав:)
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.455
Поени од реакции
18.456
Потпишав Анекс на договорот пред 14 дена, кај локалните застапници на Онет во мојот град.

Проверив неколку пати кај нив, а и се познавам со нив ми рекоа дека се е испратено уште истиот ден.
 

Mr.Deni

Животна грешка си ми ти...
Член од
4 мај 2007
Мислења
3.540
Поени од реакции
2.716
Тенеке друже изгледа тие застапниците заебале нешто али викаш дека ги познаваш и тоа ми паѓа некако чудно си видел на страната за сообраќај дали ти излегло едно ново WADL 15 ако не тогаш те лажат не ти вклучиле ништо.Поздрав
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.455
Поени од реакции
18.456
Не ми излегло ништо ново во проверување на трафик, а за лажење не ме лажат. И нема што тие да ми вклучат, тие го испратија Анексот во Скопје во Онет, а сега таму треба да го обработат.

И за СОЛО пакетиве уште слабо ги добиваат, мислам дека само 3 СОЛО пакети воопшто добиле.
 
Член од
26 јануари 2008
Мислења
61
Поени од реакции
1
ni adsl ni kablovski ni onet makedonija ima naj sranje net ito najskap, dodeka vo sosednite zemji za 1000 denara bucat po 6 mb-tni interneti ili 16 mb-tni, realno spustanje so 5 mb vo sec neograniceni...a nie se radueme na 150 kb realno ograniceni....:tapp:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom